<< Предходни 1 2 3 4 Следни >>

Писмо до германската канцеларка Ангела Меркел

29.11.2013 година

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) испратила писмо до германската канцеларка Ангела Меркел, во кое од неа се бара признавање на уставното име на Република Македонија. ОМД посакува и средби со германската влада.
Во писмото до германската канцеларка Ангела Меркел испратено во петокот (22.11.) се потенцира дека времето за бесцелни преговори е поминато и се бара од германската влада да ја признае Република Македонија под уставното име, информира ОМД. Македонската дијаспора бара германската влада да застане на страната на македонскиот народ, кој веќе доволно е неправедно третиран со наметнатиот спор за името. Според ОМД, спорот за името има задача да маскира поважни прашања како што се човековите права на Македонците во Грција, а како потврда за тоа се наведуваат извештаи од ОН и Хјуман рајтс воч, во кои се регистрираат прекршувања на човековите права на Македонците во Грција.

Во писмото до Меркел ОМД посочува непринципиелност на јужниот македонски сосед и се наведува дека и покрај постигнувањето на Привремената спогодба, промената на државното знаме и уставот на Република Македонија, Грција продолжува да ја прекршува таа спогодба и ја игнорира пресудата на Меѓународниот суд на правдата. ОМД и пишува на Меркел дека преку овие неиспочитувани договори се покажува дека Грција има за цел да ја уценува Република Македонија да го промени своето уставно име и идентитет.

 

 

 

Саем за природни науки

29.11.2013 година

Костадин Ќука, 10-годишен ученик од Богданци, кој веќе 14 месеци со своето семејство живее во Винстон-Салем, Северна Каролина победи на Саемот за природни науки во неговото училиште за 2013 година. Неговото истражување беше прогласено за победник во конкуренција од 150 ученици.

 

 

 

<< Предходни 1 2 3 4 Следни >>