ПРОСЛАВА НА НОВА ГОДИНА ВО ЕШАЛАН

26.12.2013 година

На 15 декември 2013 година во организација на жените Македонки во Швајцарија беше организирана Прослава по повод Нова година и Божик.
На прославата, присуствуваа над 300 македонски иселеници, како и претставник од Амбасадата на Република Македонија во Швајцарија.
Програмата беше збогатена со музичка програма.

 

 

 

МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР ВО ЗАГРЕБ

26.12.2013 година

На 17 јануари 2014 година во организација на Македонското Културно друштво Охридски Бисер од Загреб, а под покровителство на Советот за национални малцинства при Владата на Република Хрватска и Советот за национални малцинства за градот Загреб и потпомогнато од Алкалоид д.о.о. Загреб ќе се одржи традиционалната културна манифестација Македонска Вечер.
Вечерта ќе биде проследена со богата културно уметничка програма, како и со традиционални македонски јадења и вина.

 

 

 

ВО ЗАГРЕБ ОДБЕЛЕЖАНА 1150 ГОДИШНИНАТА НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

18.12.2013 година

Здружението Спектрум од Загреб известува за својот завршен културен настан во 2013 година. Заедно со Чешка беседа, Чешко-хрватското здружение и Македонско-хрватското здружение Спектрум од Загреб, свечено ја одбележавме 1150-годишнината на Светите браќа Кирил и Методи.
Свеченоста беше организирана во Чешкиот народен дом во Загреб. За мисијата на Светите браќа Кирил и Методи, зборуваше еден од најпочитуваните академици за оваа област Јосип Братулиќ. На свеченоста беа присутни уважени професори, гости од културните институции, како и пртставници на чешкото и македонското малцинство.

 

 

 

ВО ШВАЈЦАРИЈА ПРОСЛАВЕН ДЕНОТ НА АЛБАНСКАТА АЗБУКА

06.12.2013 година

На 1 декември 2013 година во Лозана, Швајцарија, се одржа хуманитарно културна манифестација со богата културно уметничка програма, во организација на Албанската исламска заедница во Швајцарија. На прославата присуствуваа над 300 државјани на Република Македонија, како и претставници на Амбасадата на Република Македонија во Швајцарија.
Претседателот на Заедницата, Исмет Муртези, по благодарноста за големото присуство, поднесе извештај за работата на Заедницата и ги покажа куќите изградени од хуманитарните прилози во Куманово.
На истата прослава предавање одржа и имамот Фехим Абази.

 

 

 

Груевски на средба со македонските иселеници во Париз

04.12.2013 година


Во рамки на работната посета на Франција, премиерот Никола Груевски имаше средба со претставници на иселениците од Македонија кои живеат и работат во оваа држава.


- По пристигнувањето од Лондон дојдов на оваа организирана средба во Амбасадата со претставници на македонските иселеници да воспоставиме комуникација, да оствариме контакти, да слушнеме што велат тие, како гледаат на Македонија и како можат да и помогнат на Македонија, изјави премиерот Груевски.
Изразувајќи задоволство од средбата, Премиерот рече дека во секој случај добро е што се прават вакви контакти и што можеби во иднина од тоа ќе произлезе нешто што ќе биде корисно и за нив и за Македонија.
Меѓу присутните на приемот имаше поголем број Македонци, успешни во различни области.

 

 

 

ПРЕМИЕРОТ ГРУЕВСКИ НА СРЕДБА СО МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЦИ ВО ЛОНДОН

03.12.2013 година


Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски за време на службениот престој во Велика Британија оствари средба со Македонците кои живеат во Лондон.
На средбата присуствувааиселеници од најразлични профили, бизнисмени, лекари, но и студенти на постдипломски студии во оваа држава. Додека траеше средбата беа разменети мислења и искуства, како и можности за размени на професори и лекари меѓу Велика Британија и Република Македонија.

 

 

 

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ НА МАКЕДОНСКИ АВТОР ВО ХРВАТСКА

03.12.2013 година

Во петокот, на 29 ноември 2013 година во Музејот на Пригорје Сесвете беше отворена изложба на слики од македонскиот сликар Владимир Величковски, насловена Портретни ликови. Покровител на изложбата е Министерството за култура на Република Македонија и Музејот на Пригорје Сесвете.

 

 

 

НОВОГОДИШНА ЗАБАВА

29.11.2013 година

По повод Нова година, а со цел собирање средства за хуманитарна цел, се организира свечен дочек на Новата 2014 година. Дочекот на новата година се организира во AEGERIHALLE, Alte Landstrasse 133, Untergeri, kanton Zug.

За првпат во Швајцарија во организацијата на Новогодишна забава се вклучија повеќе друштва и организации со цел за што поуспешно спроведување на забавата од која заработените средства ќе бидат искористени во хуманитарна цел.

Во организација на забавата се вклучени Македонското Друштво Св. Кирил и Методиј Баар, Македонското Младинско Друштво Илинден Цуг, Организацијата на жените од Македонија во Швајцарија ОЖМ-Ш интернет порталите www.makedonci.ch и www.makedonium.ch

Сите Македонки, сите Македонци, сите пријатели на Македонскиот народ се срдечно поканети да присуствуваат на оваа весела и незаборавна Новогодишна забава.

За музичкиот дел од забавата се задужени реномираната музичка група МАЕСТРАЛ,
како и Весна Ристова Петрова,
а за кулинарското уживање персоналот од гурманскиот ресторант ГЛАМ во Цуг.

Резервации до 15 декември 2013