5 годишнина на основањето на друштво

26.11.2013 година

На покана на Културно хуманитарното Друштво, КХД"ОКТИСИ/09", во St Marghethen, na 16.11.2013г, во присуство на над 400 македонски државјани , се одржа манифестација по повод 5 годишнината на основањето на друштвото и денот на Ашурата, проследена со богата културно-уметничка програма на која присуствуваше советникот Ебиби и вториот секретар А.Марковска.
Претседателот и останатите членови на споменатото здружение, поздравувајќи ги претставникот на Амбасадата и градоначалникот на Струга, се заблагодарија за нивното присуство и изразија надеж за натамошна соработка со Амбасадата и општината Струга.
Советникот Ебиби, обраќајќи им се на присутните , на претседателството на здружението му упати честитки и признанија за успешно организираната прослава, и ги потенцираше вредностите на населението од Октиси и Струга, како: солидарноста , хуманоста и придонесот за економскиот развој на земјата.

 

 

 

ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА

25.11.2013 година

 

 

 

ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА

25.11.2013 година

 

 

 

ДОЧЕК НА НОВА ГОДИНА

25.11.2013 година

 

 

 

Македонско друштво МАК МЕЛ од Бургдорв

25.11.2013 година

Македонско друштво МАК МЕЛ од Бургдорв, Прослава по повод Курбан Бајрам(02.11.2013година)

На 02.11.2013г, на покана на Македонското друштво МАК МЕЛ од Бургдорф, вториот секретар Е.А.Марковска, присуствуваше на Прославата,по повод празникот Курбан Бајрам, кој се одржуваше во местото Тхориген, во присуство на над 100 македонски граѓани.
Прославата беше наречена и Мелничка вечер, а беа доделени три благодарници.На првиот човек од селото Мелница што пристигнал во Швајцарија, на првиот човек од селото Мелница што дошол во Кантонот Берн и на член од Друштвото кој што и финансиски и морално највеќе го помагал Македонското друштво МАК МЕЛ.
Манифестацијата беше збогатена со културно уметничка програма(естрадни уметници).

 

 

 

Иницијатива за формирање на Здружение на жените во Данска

20.11.2013 година


На 28.10.2013год во Амбасадата беше одржана средба на мин.сов.М.Ивановска Крајчиќ со група жени од диаспората, промотори на идејата за формирање здружение на жените во Данска, Лилјана Стоилковска и Аница Николовска од Малме(иселениците од јужна Шведска гравитираат кон ова ДКП поради географската близина) и Силвана Миленкова од Управниот одбор на Здружението Филип Втори Македонски. Во функција на операционализација на иницијативите, во активноста беше вклучен и вториот секретар Ј.Сали, а на средбата учествуваше и долгогодишниот активист на нашите иселеници во Данска и Ј.Шведска, адм.реф Ј.Божиновска.
На средбата беа дискутирани за активности на македонските иселеници во Данска, во рамките на Здружението , но и пошироко, со што би се вклучиле и македонски граѓани од јужна Шведска.

 

 

 

ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА КУЛТУРА ВО ЗАГРЕБ

19.11.2013 година

Во организација на Македонско хравтското здружение за промоција на културните вредности и врски Спектрум од Загреб, од 27 до 29 ноември 2013 година ќе се одржат денови на македонската култура, проследени со богата научна, но и интересна програма.

 

 

 

Рацинов ден

19.11.2013 година