Формирмирано здружението на Македонците во Италија "Аминта"

20.04.2016 година

Да се соединиме и да делуваме заедно, за наше добро и за иднината на нашите деца. Ова е нашето мото, поводот поради кој се формирмира здружението на Македонците во Италија "Аминта". За почеток имаме неколку приоритети, меѓу кои и изучување на македонскиот јазик. -Сакаме нашите деца да знаат да пишуваат и зборуваат на литературен македонски јзаик. За оваа цел од надлежните институции има ветување за реализација на овој проект.

 

 

 

Ден на македонската култура Шведска

04.04.2016 година

Македонски сојуз во Шведска ве поканува на манифестацијата

Ден на македонската култура Шведска

што ќе се одржи

на 7 мај 2016 година во Трелеборг во 18.00


Parken-kultur och konferenscenter

Festlokal

Adress: Norregatan 46, Trelleborg

Покровител: Македонски сојуз во Шведска

Домаќин: Македонско друштво „Пелистер“

 

 

 

ГИМНАСТИЧАРКАТА ИЛИНА СОКОЛОВСКА - ЧУДО ОД ДЕТЕ

23.03.2016 година

ДЕВЕТГОДИШНАТА МАКЕДОНКА ЈА ГАЗИ ГЕРМАНИЈА
Мала по години, но голема по успеси, вака германските медиуми ја претставуваат гимнастичарката Илина Соколовска, која потекнува од Скопје, но живее со семејството во германскиот град Билеселд. Илина има девет години и досега во Германија освои многу медали. Двапати освои четврто место, двапати трето, а минатата година беше првак во конкуренција на 80 деца од разни клубови од цела Германија.

 

 

 

Микро жени претприемачи во Хрватска

03.03.2016 година

Скопјанката Елизабета е сопственик на најчудниот бизнис во Хрватска
Елизабета Планиниќ, Македонка по потекло која во Загреб живее повеќе од 15 години, избрана за најдобра жена менаџер во категоријата Микро жени претприемачи во Хрватска, настан што го организираа мрежата на деловни жени Women in Adria, Развојната агенција Загреб и Хрватската стопанска комора.

 

 

 

ЗАГРЕБ: КНИЖЕВНО МАТИНЕ- СО ПОЕЗИЈАТА НА НИКОЛА МАЏИРОВ

29.02.2016 година

Во организација на Македонското културно друштво „Охридски бисер“ од Загреб, Хрватска, а под покровителство на Советот за национални малцинства на Република Хрватска, на 22 февруари 2016 год., во просториите на друштвото се одржа културната манифестација насловена како „Книжевно матине - со поезијата на Никола Маџиров“.
Овој настан ги собра на едно место љубителите на македонската поезија, а особено на стиховите на македонскиот поет Никола Маџиров.
Пред присутните поезијата на Маџиров ја претстави Тинка Б. Крстева.

 

 

 

ПРОМОЦИЈА

26.02.2016 година

 

 

 

ПОЕЗИЈА ПОД МАСКИ ВО МКД „ИЛИНДЕН“ ВО РИЕКА

19.02.2016 година

Македонското културно друштво „Илинден“ од Риека и Хрватското книжевно друштво од Риека, во соработка со издавачката куќа „Маус“ од Марибор, Словенија, на 6 февруари 2016 година, во просториите на МКД „Илинден“ во Риека, ја организираа меѓународната манифестација „Пријатели на книгата – поезија под маски“.

 

 

 

МАКЕДОНСКА ВЕЧЕР

12.01.2016 година