<< Предходни 1 2 320 21 22 Следни >>

Саем на книгата

16.06.2017 година

На 27 мај во просториите на библиотеката Мил Парк, во чест на Свети Кирил и Методиј, Македонското литературно друштво “Кочо Рацин“ го одржа Саемот на книгата во чиј склоп се промовираа книгите: Круши горници од Нове Младеновски, Патник по ѕвезденото македонско небо од Гордана Димовска, и Виножито во мојата прегратка од Љубица Поповска.
На саемот на книгата се изложија и преку двеста наслови на книги чија цел беше да се поттикнуваат луѓето повеќе да се дружат со книгата, да го учат јазикот кој постојано треба да се негува за да постои и го задржи својот статус во редот на светските јазици.

 

 

 

ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ

14.06.2017 година

Јубилеј:
ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА АВСТРАЛИСКО МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ

На 23 мај 2007 година се формира Австралиско македонскиот театар од Сиднеј кој за последните десет години постави на сцена 13 оргинални продукции. Со своите продукции гостувал во повеќе градови во Австралија, успешно оствари две турнеи во Република Македонија каде учествуваше и на театарскиот фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

 

 

 

Во Сиднеј незаборавна драмска изведба

08.05.2017 година

Минатата недела, на 7-ми мај, во просториите од Шопфронт театарот во Карлтон (предградие на Сиднеј) по четврт пат беше прикажана драмската изведба „Неочекувана забава“ од авторот Стефо Нанцу.
Во полната сала, артистичката група од Сиднеј на гледачите им приреди вистинско изненадување со изведбата на ова драмско дело, кое преовладува со семејни проблеми на помладата генерација, од која последиците ќе ги трпат родителите и нивните деца.

 

 

 

СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

26.04.2017 година

Во Сиднеј:
СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА
Минатат недела во Сиднеј, на 23 април, успешно се одржа мировниот протест за заедничка и унитарна Македонија по иницијатива на Светскиот македонски конгрес од Австралија,а во организација на повеќе македонски организации но главниот носител беше КУД Илинден.

 

 

 

Сакај ја книгата, негувај го јазикот

24.04.2017 година

 

 

 

Награда за животно дело за господинот Тоде Кабровски

04.04.2017 година

Наградата за животно дело за господинот Тоде Кабровски од Сиднеј
Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик одлучи Наградата за животно дело да му ја додели на господинот Тоде Кабровски од Сиднеј.

Тоде Кабровски е општествено политички и просветен работник, културен деец и учебникар. роден е во с.Ореово, Битолско.
Основно образование завршил во родното место, Учителска школа и Педагошка академија во Битола, а со самото доселување во Австралија, Господинот Тоде Кабровски активно се вклучува во општествениот живот на Македонците.

 

 

 

Разговор со повод: СТЕФО НАНЦУ и театарската престава „ИЗНЕНАДУВАЧКА ЗАБАВА“

04.04.2017 година


Разговараме со Стефо Нанцу, драматург и режисер, за неговата најнова театарска престава „Изненадувача забава“ која на сцена ја поставува Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Инаку Стефо е еден од најпознатите, спрема творештвото што досега го има остварено, и најплоднотворен театарски работник во Австралија кој зад себе има напишано над четириесет пиеси кои исто ги има режирано, а и повеќе улоги има толкувано во истите. Неговите драми се имаат изведувано на сите континенти во светот и повеќе пати добивал и интернационални награди за театарска уметност.

 

 

 

Неочекувана забава

04.04.2017 година

 

 

 

<< Предходни 1 2 320 21 22 Следни >>