Награда за животно дело за господинот Тоде Кабровски

04.04.2017 година

Наградата за животно дело за господинот Тоде Кабровски од Сиднеј
Редакцијата на Македонскиот Телефонски Именик одлучи Наградата за животно дело да му ја додели на господинот Тоде Кабровски од Сиднеј.

Тоде Кабровски е општествено политички и просветен работник, културен деец и учебникар. роден е во с.Ореово, Битолско.
Основно образование завршил во родното место, Учителска школа и Педагошка академија во Битола, а со самото доселување во Австралија, Господинот Тоде Кабровски активно се вклучува во општествениот живот на Македонците.

 

 

 

Разговор со повод: СТЕФО НАНЦУ и театарската престава „ИЗНЕНАДУВАЧКА ЗАБАВА“

04.04.2017 година


Разговараме со Стефо Нанцу, драматург и режисер, за неговата најнова театарска престава „Изненадувача забава“ која на сцена ја поставува Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Инаку Стефо е еден од најпознатите, спрема творештвото што досега го има остварено, и најплоднотворен театарски работник во Австралија кој зад себе има напишано над четириесет пиеси кои исто ги има режирано, а и повеќе улоги има толкувано во истите. Неговите драми се имаат изведувано на сите континенти во светот и повеќе пати добивал и интернационални награди за театарска уметност.

 

 

 

Неочекувана забава

04.04.2017 година

 

 

 

Јубилеј на Литературното друштво „Григор Прличев“

04.04.2017 година

Сиднеј:
Јубилеј на Литературното друштво „Григор Прличев“
Минатиот петок, 31 март, во просториите на Литературното друштво „Григор Прличев“ се одбележа 39- годишницата од формирањето на Друштвото.
На средбата, почесниот претседател Душан Ристевски, ја изнесе нацрт програмата за одбележување на 40 годишницата на Друштвото кога во наредната јубилејска година се планираат повеќе активности меѓу кои и ќе се издаде Монографија од Друштвото, Антологија со поезија, Архив на Друштвото како и повеќе книги од членовите на оваа асоцијација која скоро четири децении го негува македонскиот јазик и литература и ја промовира македонската нација во Австралија и пошироко.

 

 

 

Загриженост

27.03.2017 година

Иван ТРПОСКИ: Загриженост
(По повод моменталната кризна состојба во Република Македонија)
Поради состојбата во која се наоѓа Р. Македонија , искажувам загриженост не само за разнебитувањето на нашата татковина, на која и демне двојазичност, кантонизација и бришење од историските и географски карти на светот, туку и од лични одмазди на владини личности и народно крвопролевање. За нејзиниот пад на колена, покрај странските дипломати и соседските негатори, најсилен фактор за осудувување е домашниот фактор, кој поради партиски надмудрувања и лични пресметки за лидерство на државата, предизвикаа не само партиска омраза на народот во Македонија, туку и поделби меѓу роднинските врски на Македонците насекаде во светов.
За опстанокот на државата во овие 26 години, покрај огромните корупциски обогатувања на мнозинството од министрите на владитеачките и опозициските партии, се чудам, како толкава мала земја да биде лидер во соседството и кон врвот на европските земји по вработеност и бизнис клима. А неодамнешната статистика забележува дека во јавниот сектор во РМ има 129.653 вработени, но ако на овој број се додадат функционерите и јавните претпријатија во државна сопственост, вкупната бројка надминува 145.000 вработени кои земаат плата од буџетот. Значи во оваа бројка спаѓаат сите оние кои работаат и кои не работаат, а се на платен список и се хранат на државни јасли.

 

 

 

Македонско Литературно Друштво „Григор Прличев“

27.03.2017 година

Отворено писмо до:
Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија;
Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ;
Зоран Заев, лидерот на СДСМ.


„Ништожник е оној кој има подобар пријател од Татковината“
Сафоколе

Почитувани,
Ви пишуваме во име на членовите на Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј, а го искажуваме мислењето и барањето на Македонците од Австралија. Во нашата асоцијација членуваат повеќе од 350 лица, истата постои 39 години и активно е вклучена во зачувувањето, одгледувањето и промовирањето на македонскиот јазик и литераура.

 

 

 

Жаклина Михајлова - добитник на највисоката награда во 2017

21.03.2017 година

Учителката, м-р Жаклина Михајлова, е добитник на највисоката награда за едукатор и промотор на наставата по јазици во НЈВ, Австралија за 2017 година. Асоцијацијата за модерни јазици на НЈВ, ѝ ја додели оваа Награда на Госпоѓа Михајлова за нејзиното доброволно ангажирање на национално ниво за афирмација и промоција на наставата по јазици.

 

 

 

МАКЕДОНИЈА НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ ОД ИВАН ТРПОСКИ

28.02.2017 година

Во Сиднеј промовирана книгата
МАКЕДОНИЈА НЕ ТЕ ЗАБОРАВАМЕ ОД ИВАН ТРПОСКИ
Минатиот петок, 24 февруари во просториите на Центарот за емигранти во регионот Рогдаел (предградие на Сиднеј) во преполнетата просторија се промовира најновото дело на поетот и писател Иван Трпоски. Книгата „Македонија-не те забораваме“ во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ се состои од збирка на журналистички написи издавани од овој плодоносен автор кој за последните 35 години истити ги објавувал во македонскиот печат во Австралија и Македонија. Книгата минатата година беше промовирана во Скопје од Фиданка Танаскова и Марјан Велевски, а во Охрид од Милчо Јованоски.