ПРОМОВИРАНА КНИГАТА УГРЕЈСОНЦЕ ВО МОЈОТ СОН ОД ИВАН ТРПОСКИ

06.04.2014 година

Во Сиднеј

Минатиот петок, 28 март, во просториите на градската библиотека во Хрствил, предградие на Сиднеј, во пристуство од стотина посетители Литературното друштво Григор Прличев ја промовира книгата избор поезија Угрејсонце во мојот сон (The sunrise in my dream) од поетот Иван Трпоски. Оваа книга минатата година на Интернационалниот поетски фестивал Струшките вечери на поезијата ја доби престижната награда Стојан Христов. Книгата ја промовира Др Битриз Копело, видна австралјанска поетеса и писателка, а поезија читаше Др Ирена Вељанова. Промоцијата се одржа во соработка со Општината Хрствил како дел од нивната програма таканаречена Зборување со автори.


 

 

 

Поезија на Жаклина Михајлова објавена во светска Антологија на хаику поезијата во Романија

06.04.2014 година

Деновиве беше објавена светската Антологија на хаику поезија Острење на зелениот молив за 2014, во Романија. Меѓу автори од целиот свет, во потесниот избор беше застапена поезија на поетесата Жаклина Михајлова, објавена на англиски , македонски и романски јазик.
Жаклина Михајлова твори на македонски јазик, но живее и работи во Сиднеј, Австралија, каде што , покрај другите активности, активно работи на промоција на македонската култура и македонскиот јазик.

 

 

 

Министерот за имиграција на Австралија прими македонска делегација од Перт

02.04.2014 година

Почесниот конзул на Република Македонија во Австралија, Зоран Ќосески со делегација на македонската заедница од Западна Австралија денеска се сретна со австралискиот министер за имиграција и гранична заштита Скот Морисон.

На средбата се разговарало за визното олеснување на македонските граѓани, унапредување на односите меѓу двете земји, за можностите за зголемување на трговската размена и за инвестирање на австралиски бизнисмени во Македонија.

Обострано е оценето дека сегашниот развој на инвестициите и бизнис контактите меѓу австралиските и македонските компании се добар почеток за идната соработка и влез на австралиски капитал во Македонија.

Министерот Морисон истакнал дека Владата на Австралија ќе продолжи и во иднина да и дава поддршка на македонската заедница за нејзините проекти на културен план и ќе работи на интензивирање на односите меѓу двете држави.

 

 

 

Објавена книгата на Гордана Димовска

19.03.2014 година

Мелбурн

Книгата Вечна светлина над Македонија е прва книга на Гордана Димовска, која живее во Мелбурн, Австралија.

Книгата е објавена од Св. Висарион Република Македонија (едиција одблесоци на љубовта и мудроста-одбрани научни дела за Македонија). Гордана Димовска се појавува како ко-автор во 2012, на книгата Љубовната одисеја на Александар Македонски и Бела Ица, а за првпат, нејзините песни и раскази, се објавени во книгата Од љубов со љубов за Македонија, во 2011 година.

Гордана Стојчевска Димовска е родена во битолското село Оптичари. Основно училиште завршува во с. Бистрица, Битолско. Уште како ученичка во основното училиште Крсте Петков Мисирков, почнува да пишува литературни состави за што има добиено и награди од наставничкиот колегиум и учество во радио програма на Радио Битола.

Од 1993 година живее и работи во Мелбурн, Австралија. Активно учествува во голем број на активности во Македонската заедница во Мелбурн. Познати се нејзините волонтерски акивности како тутор во АМЕС, (училиште за англиски јазик за емигранти), секретар во македонското училиште за сценски уметности Божилак, македонското училиште Гоце Делчев при Црквата Св. Пророк Илија, Футскрај, македонски радио програми како и во Македонската добротворна организација Св. Албанс.

Димовска, со доаѓање во Австралија, е вработена во Викториското училиште за јазици,од каде предава македонски јазик и каде заедно со наставничкиот колегиум припремаат училишни приредби, посветени на македонските национални празници и важни датуми од македонската историја.

Димовска пишува есеи, новинарски прилози кои семасовно прифатени и објавувани во македонските весници, а исто така и во Австралиско-македонскиот неделник од Мелбурн, Австралија.

За книгата на Димовска, Пецо Лукановски ќе рече: Потресна сторија. Литературно и уметнички обликувана и доловена, болката и судбината на многу македонски семејства, во кои разделбата од најблиските оставила длабоки рани во нивните срца. Потрагата кон подобра егзистенција за семејството, истовремено е и лутање низ неизвесноста ризик ко јсе прифаќа од мака и од болка.

 

 

 

Угрејсонце во мојот сон од Иван Трпоски

11.03.2014 година

36 години промовирање македонска литература

35 години библиотекарски услуги

30 години издавачка дејност

СООПШТЕНИЕ

Македонското литературно друштво Григор Прличев ги поканува

заинтересираните да дојдат на литературна средба по повод промоцијата

на книгата:

Угрејсонце во мојот сон од Иван Трпоски

(Добитник на престижната наградата Стојан Христов на Струшките вечери на поезијата во 2013 година)

Промотор: Д-р Битриз Копело, позната австралиска писателка

Поезија читање од Д-р Ирена Вељанова

Место: Градска библиотека на Општината Хрствил, ќошот на Queens Road и Dora Street, Hurstville

Датум: Петок, 28 март

Време: 18.30 часот

Ќе има македонска закуска и освежителни пијалоци

Сите сте добредојдени!

Од Управата на МЛД Григор Прличев

 

 

 

People at Moomba

11.03.2014 година

Под мотото People at Moomba денес пред сто илјади посетители продефилираа 2000 учесници, претставници на организации, здруженија и етнички групи од Викторија. Мелбурн, знае тоа да го направи во стил и секогаш да ја постигне целта. И оваа година ги потврди способностите да го прикаже пулсирањето на овој мултиетнички град преку разновидните костими, возила, презентации кои беа вистинско шаренило по улицата и топло поздравувани од публиката. Македонските организации, здруженија, по долги години отсуство од овој настан повторно се враќаат на сцена. Оваа година повторно на иницијатива на Гордана Димовска, во соработка со Лидија Нешковска од Македонско-австралиската организација, успееја да обезбедат учество на македонски претставник. Одговорноста за кореографијата ја презеде кореографот Аце Петровски кој направи избор од неколку македонски ора адаптирани за парада.

Честитки за големиот труд што го вложија младите играорци на ММД Никола Карев и ја претставија Македонската заедница во Викторија во најубаво светло. MACO ќе продолжи и понатаму да ги мотивира културно уметничките друштва да пројавуваат поголем интерес за учество на големи настани во Австралија. Инаку Мумба парадата се одржува во чест на Денот на трудот во Австралија и ја следат еден милион гледачи пред тв екрани.
Фасцинантен настап на нашите играорци кои предизвикаа голем интерес кај публиката која довикуваше убаво играње beautiful dancing! Македонските знамиња ги носеа Гоце Дуковски (облечен како Војвода), Лидија Нешковски и Лидија Поцев во народна носија. Со препознатливиот музички инструмент гајда се претстави Мишко Кордовски.
Минатогодишен претставник на Мумба беше КУД Александар Македонски.

 

 

 

Соопштение

05.03.2014 година

По повод Денот на жената, 8-ми март, Македонско австралиската заедница организира прослава на 9-ти март, недела во Sheldon Reception, со почеток во 12 часот на пладне. Во менито е вклучено богато јадење, пијалоци и цвеќе за секоја жена. Ќе ве забавува групата Китка а забавниот дел ќе биде исполнет и со модерен танц од македонски музички таленти и големо шоу на сцена.

Како и секоја година ќе им се доделат признанија на долгогодишни заслужни активистки во Македонската заедница.
Почесен гостин ќе биде Генералниот Конзул на Р. Македонија во Мелбурн, Австралија, Г-ѓата Бети Коруновска.

Не пропуштајте ја оваа посебна прослава на Денот на жената. Картите по цена од $60 долари можете да ги набавите во Sheldon reception на телефон 9364 8222.

Со почит
Македонско-Австралиска организација (МАСО)

Благодариме

 

 

 

Нова книга од Македонката од Мелбурн: Вечна светлина над Македонија

05.03.2014 година

Пишува: Јанко ТОМОВ

Книгата: Вечна светнина над Македонија е прва книга на Гордана Димовска, која живее во Мелбурн, Австралија. Книгата е публикувана од Св. Висарион Република Македонија (едиција одблесоци на љубовта и мудроста-одбрани научни дела за Македонија). Авторката Димовска ги ангажирала следните редактори на книгата: Ивона Талевска, Стојанче Колески и Татјана Спировска. Компјутерската обработка е од Даниела Трајкоска, а рецензенти се: Вангело Лозановски, Љубица Чифлигароска и Ленче Николовска. Многу атрактивната насловна и задна корица е во изработка на Пецо Лукановски.