People at Moomba

11.03.2014 година

Под мотото People at Moomba денес пред сто илјади посетители продефилираа 2000 учесници, претставници на организации, здруженија и етнички групи од Викторија. Мелбурн, знае тоа да го направи во стил и секогаш да ја постигне целта. И оваа година ги потврди способностите да го прикаже пулсирањето на овој мултиетнички град преку разновидните костими, возила, презентации кои беа вистинско шаренило по улицата и топло поздравувани од публиката. Македонските организации, здруженија, по долги години отсуство од овој настан повторно се враќаат на сцена. Оваа година повторно на иницијатива на Гордана Димовска, во соработка со Лидија Нешковска од Македонско-австралиската организација, успееја да обезбедат учество на македонски претставник. Одговорноста за кореографијата ја презеде кореографот Аце Петровски кој направи избор од неколку македонски ора адаптирани за парада.

Честитки за големиот труд што го вложија младите играорци на ММД Никола Карев и ја претставија Македонската заедница во Викторија во најубаво светло. MACO ќе продолжи и понатаму да ги мотивира културно уметничките друштва да пројавуваат поголем интерес за учество на големи настани во Австралија. Инаку Мумба парадата се одржува во чест на Денот на трудот во Австралија и ја следат еден милион гледачи пред тв екрани.
Фасцинантен настап на нашите играорци кои предизвикаа голем интерес кај публиката која довикуваше убаво играње beautiful dancing! Македонските знамиња ги носеа Гоце Дуковски (облечен како Војвода), Лидија Нешковски и Лидија Поцев во народна носија. Со препознатливиот музички инструмент гајда се претстави Мишко Кордовски.
Минатогодишен претставник на Мумба беше КУД Александар Македонски.

 

 

 

Соопштение

05.03.2014 година

По повод Денот на жената, 8-ми март, Македонско австралиската заедница организира прослава на 9-ти март, недела во Sheldon Reception, со почеток во 12 часот на пладне. Во менито е вклучено богато јадење, пијалоци и цвеќе за секоја жена. Ќе ве забавува групата Китка а забавниот дел ќе биде исполнет и со модерен танц од македонски музички таленти и големо шоу на сцена.

Како и секоја година ќе им се доделат признанија на долгогодишни заслужни активистки во Македонската заедница.
Почесен гостин ќе биде Генералниот Конзул на Р. Македонија во Мелбурн, Австралија, Г-ѓата Бети Коруновска.

Не пропуштајте ја оваа посебна прослава на Денот на жената. Картите по цена од $60 долари можете да ги набавите во Sheldon reception на телефон 9364 8222.

Со почит
Македонско-Австралиска организација (МАСО)

Благодариме

 

 

 

Нова книга од Македонката од Мелбурн: Вечна светлина над Македонија

05.03.2014 година

Пишува: Јанко ТОМОВ

Книгата: Вечна светнина над Македонија е прва книга на Гордана Димовска, која живее во Мелбурн, Австралија. Книгата е публикувана од Св. Висарион Република Македонија (едиција одблесоци на љубовта и мудроста-одбрани научни дела за Македонија). Авторката Димовска ги ангажирала следните редактори на книгата: Ивона Талевска, Стојанче Колески и Татјана Спировска. Компјутерската обработка е од Даниела Трајкоска, а рецензенти се: Вангело Лозановски, Љубица Чифлигароска и Ленче Николовска. Многу атрактивната насловна и задна корица е во изработка на Пецо Лукановски.

 

 

 

8 ми Март

24.02.2014 година

 

 

 

Фестивал Мумба

20.02.2014 година

МКУД НИКОЛА КАРЕВ , МЕЛБУРН - Со гордост ќе ја претставува Македонската заедница на најголемата, најекстравагантна парада во Мелбурн - наречена Мумба...Фестивалот Мумба слави 60 години од своето постоење и по тој повод ќе учествуваат 2.600 учесници кои со својата колоритност и танцување, слеани како река ќе го презентираат динамичниот пулс на градот. 10 март, 11 часот
Почуствувајте го ритамот на градот!
Зборот Мумба е абориџински збор и значи Ајде сите заедно да се забавуваме
The parade runs northbound on St Kilda Road (on the park side of the road) between Dorcas Street and Linlithgow Avenue. со Ace Petrovski и 8 други.

 

 

 

Тиквешки Бал 2014

18.02.2014 година

На 14.2.2014 год. во Гранд Нерет Ресепшн во Епинг - Тиквешкото друштво од Мелбурн го организираше својот традиционален Тиквешки Бал 2014.
Овој бал се организира по повод верскиот празник Св. Трифун заштитник на градот Кавадарци.
Гостите ги поздрави претседателот Орце со што и започна забавата.
За забавниот дел беа задолжени музичкиот состав Стела Бенд со пеачката Стела Митревска која знае и умее да ги развесели присутните гости.

 

 

 

Божиќно дефиле во Перт со македонска народна носија

13.02.2014 година

Перт од Западна Австралија, е познат град, кој даде гостопримство на околу 15 Иљади иселеници Македонци од сите делови на Македонија, а и од комшиските држави на Република Македонија. Перт стана познат меѓу македоинското иселеништво во САД, Канада и Европа, а посебно во Австралија, во 1986 година, кога се отпочна со првото Дефиле, во Кингс Парк, што стана традиционално, на 2 Авгус, на денот Свети Илија-Илинден, во годините. Координативниот Одбор на Македонсаките општини на Западна Австралија, за прв пат во диаспората организираа вакво дефиле, на кое зедоа учество повеке од 400 Македонци и преставници на владата- парламентот на Западна Австралија. При оваа оддавање почит, со пригодна програма, каде се свираше труба и положуваа венци и свежо цвеке, говори и специјална стража, од војната гарда на Западна Австралија, во чес на паднатаите бориц-Македонци во Илиндсенското востание и Народно-ослоботителната војна во Втората Светска војна, пред монументалниот споменик на паднатите борци-Австралијанци, во миналите светски и регионални војни во Кингс Парк.
Значи таа традиција на одржување на Дефилеа, која беше прекината пред осамостојувањето на Република Македонија, а која го зближуваше македонското ислеништво и отвори патишта за оформување на Поткомитет за Македонски човекови права во 1989 година и првиот Задграничен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 19 Август 1990 година.
Постојано во Перт, нарочно во последно време, поедини Македонски фолклорни групи и Задграничниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, покушаваат да ја одржат традицијата-настапување на јавни приредби. Така и за време на овие Божикни празници, на покана на организаторот од ТВ каналот 7, фолклорната група Гоце Делчев од Перт настапи со своја програма на Дефилето.
Од порталот МКД, го објавуваме следниот текс со фотографиите од Дефилето:
Во Перт, во Западна Австралија под покровителство на една од најголемите телевизиски мрежи во оваа земја Канал 7 се одржа овогодишното божиќно дефиле.
На дефилето учествуваше и македонското културно-уметничко друштво Гоце Делчев со богат репертоар од македонски песни и ора.




Јанко ТОМОВ

 

 

 

Осветена иконата на Св. Злата во Вереби - Мелбурн (7.2.2014)

13.02.2014 година

Неговото Високо Преосвештенство г. Петар присуствуваше на воскресната вечерна Богослужба при ЦО Света Злата Мегленска во Вереби, Мелбурн.

Богослужбата ја водеше и проповедаше парохискиот свештеник о.Глигор Киселинов.

За време на Богослужбата надлежниот Архиереј г. Петар ја освети иконата на св. Злата Мегленска која ќе стои над влезната врата.

Иконата е изработена во иконопиското школо Свети Теофил Струмички, кое фунционира при манастирот на св. Прохор Пчински во Донибрук.

По Богослужбата, во црковната сала беше организирана донаторска вечер.

На овој настан присуствуваа голем број верници , кои се поклонуваа и ја целиваа новоосветената икона на света Злата Мегленска.