Прогласени најдобрите дела на годината за Прличева награда

12.02.2014 година

Жири комисијата во состав на Силвана Трајковска (претседател), Наташа Котевска и Сузана Стојановски ги прогласи најдобрите дела на наградниот традиционален конкурс за Прличева награда за 2013 година при Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј. Жири комисијата образложи дека беа доставени квалитетни дела и од истите успеа да издвои по три дела од конкурсот за: Најдобра песна на годината за возрасни; Најдобра песна на годината за деца и Најдобар расказ на годината за возрасни. Наградата за Најдобар расказ на годината за деца не се додели. За наградните конкурси беа доставени 49 дела за сите категории.

Жири комисијата ги прогласи следните дела за најдобри во одредените категории:

Песна на годината за возрасни: 1- Награда: Недај Боже од Крсте Наумовски, 2- Награда: Наташа од Ленче Клекачкоска, 3- Награда: Мајчин глас од Гордана Димовска,

Песна на годината за деца: 1- Награда: Прочка од Гроздан Јовановски, 2- Награда: Скржав дедо од Гроздан Јовановски, 3- Награда: Жубор од Гроздан Јовановски.

Расказ на годината за возрасни: 1- Награда: Илузии, под шифра Молика 2011 2- Награда: Ilusion Images, под шифра Пелагија 3- Награда: Непребол од Гордана Димовска.

Од името на Литературното друштво Григор Прличев, Душан Ристевски (претседател)

 

 

 

Млади билбили од Лерин пееја изворни македонски песни во Перт

09.02.2014 година

Македонската група Млади билбили од Лерин викендов одржаа концерт во Перт, Австралија. Салата во македонската општина во Западна Австралија беше претесна за да ги прими сите Македонци што сакаа да ги слушнат билбилите и нивните изведби на изворните македонски песни од Егејска Македонија. Заедно со нив беше и Панде Ашлаков, греадоначалникот на општината Овчарани во Грција.

 

 

 

ОДБЕЛЕЖАН 35 ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА МАКЕДОНСКИОТ ПРОСВЕТНО УЧИЛИШЕН ОДБОР ВО НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС

22.01.2014 година

Македонскиот Просветно училишен Одбор во Нов Јужен Велс на достоинствен начин го одбележа својот 35 годишен јубилеј. Тој е проследен со зголемување на бројот на учениците за 38% само во однос на претходната година. Поради зголемениот број на ученици вработени се нови 4 учителки по македонски јазик, кои со највисоки оценки го завршиле курсот по методологија на јазици.
По повод јубилејот, е одржан Семинар по македонски јазик кој го посетиле дваесетина учители од цела Австралија, на кој се разгледувале можности за модерна настава по македонски јазик. Се организирала и матурска забава за учениците кои оваа година го изучувале македонскиот јазик, на кои им биле предадени признанија.

 

 

 

ОДРЖАН ВОЛИНСКИОТ ИЗЛЕТ

22.01.2014 година

И оваа година по традиција се одржа Волинскиот излет во Стенвол Парк, кој се наоѓа помеѓу градовите Сиднеј и Волонгонг. Ниту дождот не ги спречи Волинци да се соберат, да се дружат и да евоцираат спомени на детството поминато во Волино.
Младите поколенија на Волинци највуваат дека ќе ја продолжат оваа традиција.

 

 

 

MACEDONIAN LANGUAGE CLASSES 2014

22.01.2014 година

The Macedonian Community of Western Australia (Inc) recognises the importance of language learning and is proud to offer Macedonian language classes in 2014. The Communitys language school provides classes to multi age and ability school age children and adults with little or no background in the Macedonian language.

 

 

 

МАКЕДОНСКА И УСПЕШНА НОВОГОДИШНА ПРИКАЗНА ВО АВСТРАЛИЈА

11.12.2013 година

Во пресрет на новогодишните и божикни празници, трета година по ред се одржува образовната програма наречена Македонска Новогодишна приказна. Целта на оваа програма е да се поттикнат децата од македонско потекло да го изучуваат македонскиот јазик, да дознаваат повеќе за традицијата и обичаите. Секоја година интересот за учество во оваа програма се зголемува, а голем успех е тоа што се запишуваат и деца кои за првпат се на час по македонски јазик.

 

 

 

НОВО ЛИКОВНО ЛИЦЕ ВО ГРИНГИЛА, АВСТРАЛИЈА

03.12.2013 година

ГОРДАНА ИВАНОСКА -
НОВО ЛИКОВНО ЛИЦЕ ВО ГРИНГИЛА, АВСТРАЛИЈА

Неодамна во Австралија допатува брачната двојка Гордана и Гоце Иваноски. Сопружниците Гордана и Гоце моментално живеат во домот на родителите на Гоце, во најмакедонската населба во Австралија, во Грингила, населба која се наоѓа во околината на градот Волонгонг.
По влегувањето во нивниот дом неизбежни се погледите кон ѕидовите на кои висат повеќе ликовни експонати, дела на младата ликовна уметница, со кои сака да си ја намали носталгијата кон оставените убавини на својата родна Македонија.

Гордана Темелкоска - Иваноска е родена на 9-ти мај 1984 година во Охрид, Македонија. Во 2009 година дипломира на Факултетот за туризам и општествени науки Св.климент Охридски во Охрид отсек Мениџмент по осигурување. Уште во основното училиште таа ги започнува нејзините ликовни чекори со сликање портрети, класични теми, мртва природа и пејсажи во акварел. Со свои дела учествувала и на неколку изложби во средното економско училиште Мите Богоевски во Охрид, каде експериметира со неколку сликарски техники, но повеќе се задржува на сликање со масло на платно. Нејзините сеќавања уште од најрана младост се нераскинливо поврзани за исконските убавини на својата земја. А подоцна во нејзините дела оставаат свој печат и поклоничките патувања, од кои посебно ќе ја нагласи посетата на Манастирот Острог во Црна Гора. Инспирирана од богатата духовност, минато и култура на својот крај, таа не престанува да ги пренесува своите впечатоци на платно и по доаѓањето во Австралија, каде ќе го продолжи своето усовршување.

 

 

 

Подем на македонската култура

28.11.2013 година

Во Сиднеј Австралија:
Подем на македонската култура

Минатиот петок и сабота публиката во Сиднеј имаше можност да ги види двете последни претстави на драмата Борење со мечка од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу и Австралиско македонскиот театар од Сиднеј. Со тоа заврши нивната сезона за оваа година и како што информираа од Управата за почетокот на наредната година се најавува нова претстава, а и можно гостување во Македонија.
На завршната претстава се виде професионализмот на целата екипа која даде се од себе да ја задоволи публиката и да ги прикаже ликовите на начин на кој ги замислил авторот. Пораките беа јасни, но испреплетени во животите на две македонски семејства соочени со секојдневните здравствени и културни предизвици, соништа и очекувања и смртта како неизбежен предизвик во животот. Интересно беше што најмладата артистка Валери Пеовска која ја заменуваше Стефани Степановска успеа спонтано да се вклопи во екипата и да донесе свежина во претставата. Бабата Велика, која ја играше Јаворка Котевска, со секое излегување на сцена беше пречекувана со воодушевување нејзиниот карактер беше близок и мил. Тука беше и извонредната динамична сценска енергија што ја создадоа Ирена Вељанова, Васко Србиновски, брачниот пар Никола и Валентина Апостоловски, како и Владо Сазданов кој донесе комична свежина во претставата и медицинскиот тим со Самоил Митревски и Мена Ристевска.

Со овие претстави кои беа прикажани на англиски и македонски јазик како дел од програмата на Hurstville Discovery Festival, драмата Борење со мечка беше централен фокус на целиот фестивал, односно на Конференцијата - форумот за здравје и уметност (Arts and Health Forum) на кој зедоа учество врвни предавачи како Helen Zigmond, директор на Институтот за креативно здравје, која зборуваше за влијанието на уметноста врз здравјето и водечката улога што Австралија ја води во светот благодарение на иновативните програми на емигрантите; Dr Astrid Perry, директор на Мултикултурната служба за здравје која зборуваше конкретно за драмите Страв и срам и Борење со мечка кои се вклучени и во програмите за обучување на здравствените работници и студенти; почесниот градоначалник на Хрствил Philip Sansom зборуваше за улогата локалните Влади што ја имаат во нудење на услови ваквите културни и здравствени програми да се развиваат. Двете претстави беа отворени со Мултукултурниот хор Fiestaville, воглавно составен од Кинези и Индијци, со изведбата на македонската песна Дојди моме на вечера, интерпретирана на македонски, кинески и индијски. Покрај културната програма се промовира и македонската кујна преку мазници, зелници, ајвар и македонското вино.
Убаво е да се забележи дека драмата Борење со мечка имаше седум изведби на македонски и три изведби на англиски јазик и може слободно да се нагласи дека не постои театар во дијаспората кој вака наизменично ги дава своите престави, а со тоа се заклучи дека Австралиско македонскиот театар од Сиднеј е Амбасадор во промовирање на македонската култура во светот.