<< Предходни 1 2 321 22 23 Следни >>

Забележан престојот на македонските лекари кои се на едукација во Австралија

19.11.2013 година

Четворицата македонски лекари кои се на екукација во Австралија се најдоа на насловната страна на весникот на македонски јазик Australian Macedonian Today.

На едукација преку проектот на министерството за здравство во болницата St George Private Hospital во Сиднеј,Австралија се проф. д-р Владимир Мирчевски од Клиниката за неврохирургија, д-р Гордана Божиновска Беака од ГОБ 8-ми септември се доусовршува за лапароскопска хирургија, д-р Жарко Спасовски од ГОБ 8-ми септември е на едукација за општа хирургија и д-р Дејан Димитровски од Клиничката болница Битола е на едукација за кардиохирургија. Тие во приватниот медицински комплекс St George се од 1-ви месецов, а во земјава со нови искуства и знаења ќе се вратат на почетокот од декември. На сликата со нив е и д-р Зоран Бечваровски кој работи во оваа реномирана болница,а по потекло е од Македонија

 

 

 

Традицијата продолжува

18.11.2013 година

Членовите на Македонската пензионерска група Битола од Мелбурн свечено и достоинсвено го прославија денот на градот Битола 4 ноември.
Општинската сала на Бери Род во Лалор беше претесна да ги прими сите заинтересирани за оваа прослава.
Преставникот од Македоснкиот Конзулат во Мелбурн - Бети Коруновска ги посети и одржа говор честитајќи им го денот на градот Битола - 4 ноември.
Присутните беа запознаени со условите за добивање на македонски пасош и начинот на кој може да се добие полномошно.

 

 

 

ФЕСТИВАЛ НА ХРАНАТА ВО МЕЛБУРН

31.10.2013 година


Со звуците на македонските традиционални инструменти, кавалот, зурлата,гајдата и тапанот започна Македонскиот фестивал на храната во популарниoт Williamstown. Oрганизиран беше и авион кој го вееше големиот банер испишан со Macedonian Food festival. Илјадници посетители со голем интерес ги следеа настапите на седумте културно уметнички друштва, песните на Иван Радевски како и гостите од Сиднеј, КУД Илинден, ги импресионираа посетителите со својот совршен настап изведувајќи сплетови од Источна и Северна Македонија, Пијанец и Шопска Петорка. Официјално фестивалот го отвори претседателот на Македонско Австралиската организација , Лидија Нешковска која нагласи дека овој фестивал е од огромно значење за Македонската заедница а во организацијата се вклучени голем број организации, друштва, ученици, наставници, волонтери без чија помош не би можело да се одржи. Потоа говори одржаа и Конзулот на Република Македонија во Мелбурн, Австралија, Бети Коруновска, Лидија Нарашанова Смилевска,асистент за македонските учители во Австралија, Andrew Elsbury и фудбалската ѕвезда Питер Дајкос. Оваа година повторно настапија со рецитали и песни за Македонија и учениците од Викториското училиште за јазици од Килор Деонс. Своите музички таленти ги покажаа и младите Адриана Спасевска, Џулија Димовска, Џесика Поцев, Шанел Саботкоски, Сара ОКонор, Љупчо Ангелевски со песни од Тоше и групата MDX.
На повеќе од дваесет штандови се продаваа македонски традиционални јадења, мазиници, кифли, тиганици, гравче тавче, сарма, тулуби и многу други специјалитети во кои уживаа посетителите.
Инаку Македонскиот фестивал на храната се одржа под слоганот Македонско и вкусно за да се презентира на еден препознатлив начин пред австралиската заедница .
Ова беше уште една прилика да се отслика македонската традиција, култура, јазик и фолклор, својствени за Македонците каде и да се во светот.
Македонската Заедница во Викторија континуирано презема активности на секое поле и со тоа допринесува за развој на мултикултурното општество во Австралија како и јакнење на нашиот идентитет како Македонска нација.
Гордана Димовска

 

 

 

<< Предходни 1 2 321 22 23 Следни >>