СООПШТЕНИЕ

19.12.2016 година


Австралиско македонскиот театар од Сиднеј во сабота 17 декември со почеток во 19 часот во просториите на Hurstville Civic Theatre, MacMahon Street, Hurstville ја организира традиционалната Гала вечер при што ќе се доделат награди за глума и театарска уметност под име Александар Македонски.
Наградите се поделени во следните категории, и тоа: Награда за најдобар дебитант; Награда за најдобра женска придружна улога; Награда за најдобра машка придружна улога; Награда за најдобра женска улога; Награда за најдобра машка улога; Награда по избор на публиката како и Награда за животно дело. Наградата Александар Македонски исто ќе им се додели и на индивидуалци и организации кои ја негуваат и промовираат македонската култура во Австралија.

 

 

 

Дедо Мраз, пак пристигна кај нас!

06.12.2016 година

Дедо Мраз, пак пристигна кај нас!
Со санка голема
и кенгури во прег,
ни пристигна тој,
иако нема снег...
Ѕвончиња, ѕвончиња
ѕвонат по цел пат,
еве го и Дедо Мраз
доаѓа кај нас ...
Во Сиднеј, се одржа традиционалниот годишен концерт за децата кои го изучуваат македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс. Пред полна сала посетители, учениците пееја,играа и покажаа дел од знаењето што го научија на часовите по македонски јазик во текот на годината.
Масовно посетениот настан и оваа година го организираше Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, а на него настапија училиштата во кои се изучува македонскиот јазик.

 

 

 

40 годишнината од формирањето на МЕУ „11Октомври“ од Јагуна

31.10.2016 година


Во Сиднеј се одржа Прославата на 40 годишнината од формирањето на МЕУ „11Октомври“ од Јагуна , како самостојно училиште во кое се изучува само македонскиот јазик и македонската култура.
Покрај многубројните ученици, родители, пријатели на македонскиот јазик и учители,на прославата присуствуваа и Претседателката на Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ, Госпоѓата Жаклина Михајлова, како и Госпоѓата Луција Џонс, потпретседател на Федерацијата за јазици на заедниците на НЈВ.

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

21.10.2016 година

Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија до ДИК (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).

Образецот –пријава за гласање, како и сите други информации во врска со гласањето може да ги најдете на интернет страната на ДИК односно на линкот

http://www.sec.mk/predvremeni-izbori-za-pratenici-2016/

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

19.10.2016 година

1.Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 11 декември 2016 година.
Во Дипломатско Конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, гласањето ќе се одржи на 10 декември (сабота) 2016 година, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.


2. Сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство се запишуваат во посебен Избирачки список. . Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

3. Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденција од надлежен орган, за ставање на јавен увид (член 49 став 2, во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).
Јавниот увид во посебниот избирачки список во ДКП започнува на 28 октомври и ќе трае до 11 ноември 2016 година до 24.00 часот.

4. Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список (член 50-а став 6 во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик), за време на јавниот увид, државјаните на република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до ДИК, од 28 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24,00 часот.
Барањето може да се поднесе во периодот од 28 октомври до 11 ноември 2016 година.

5. Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).
Пријавата за гласање може да се поднесе во периодот од 18 октомври до 11 ноември 2016 година, до 24,00 часот.

 

 

 

МЕДАЛ ЗА ЗАСЛУГИ ЗА МАКЕДОНИЈА

25.09.2016 година

Повод за разговор со Иван Трпоски е добивањето на Медал за заслуги за Македонија, неодамна доделена од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов и објавувањето на неговата најнова книга „Македонија – не те забораваме“.
Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов ви го додели највисокото државно признание што Македонец од дијаспората може да го добие. Што значи тоа за Вас, како општественик и долгогодишен борец за македонскиот јазик и култура?

 

 

 

ПАТНИК ПО ЅВЕЗДЕНОТО МАКЕДОНСКО НЕБО – НАЈНОВАТА КНИГА НА ГОРДАНА ДИМОВСКА

14.09.2016 година

Во издание на Агенцијата за Иселеништво на Р. Македонија, деновиве излезе од печат најновата книга на Гордана Димовска, “Патник по ѕвезденото македонско небо“. Книгата е збир на раскази, песни за возрасни, песни за деца, научно-историски записи и легенди. Дел расказите се и на англиски јазик по барање на читателската публика од Австралија.

Авторката во воведот на книгата истакнува: “Пишуваните дела не можеа да видат бел ден заради окупациите и наметнувањето на туѓи јазици. Денес, каде и да сме во светот, го носиме тој белег на себе МАКЕДОНЕЦ, и самото име зрачи како силно сонце и не задолжува да го браниме својот идентитет, својата бурна историја, јазикот, традицијата, верата, културата – како составен дел од се она што не прави МАКЕДОНЦИ. Секој напишан збор на свој мајчин јазик има посебна моќ, битно влијае врз општествената свест и го соединува националното битие во најубавото значење на тој збор. Колку повеќе трагам по минатото на Македонија, толку повеќе ја разбирам неговата величина, посебност но и потреба да се истражува и запишува. Преку расказите и песните, во оваа книга, патувам по македонското ѕвездено небо, оживувам сцени од историското минато во 1900 година, но и сцени од животот на иселениците во 21- виот век.“

 

 

 

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј ќе земе учество на фестивалот за уметност Discovery Festival

13.09.2016 година



Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со најновата театарска престава „Баба се мажи“ ќе земе учество на Фестивалот за уметност Discovery во оптштината Georges River (Сиднеј) што традиционално се организира повеќе години. Закажани се две престави за 11 и 12 ноември во Civic Theatre на оваа комедија од Душан Ристевски, во режија на Васко Србиновски, во изведба на Јаворка Котевска, Владо Сазданов, Гордана Милошевска, Антонио Нешковски, Татјана Нешковска, Самоил Митревски, а во продукција на повеќе наградуваниот театар АМТС. Исто се планираат други престави за во Рогдаел, Бенкстеон и Волонгонг.