Солзи полни насмевки на Елизабета Петровска добитник на првата награда Стојан Христов за најдобра поетска книга на иселеници
03.09.2010 година
На 21 август 2010 година во Калишта, Струга, од страна на директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов, на поетесата Елизабета Петровска иселеник од Македонија која живее во Република Хрватска, и беше доделена нововостановената книжевна награда Стојан Христов за нејзината книга Солзи полни насмевки што првпат годинава ја воведува Агецијата за иселеништво на Република Македонија во соработка со Струшките вечери на поезијата.
Наградата го носи името на еден од најзначајните писатели меѓу македонските исeленици, академик Стојан Христов и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.
Дијаспората ќе ги зацврстува врските со Македонија преку Привремен совет на иселеници
06.08.2010 година
Директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов денеска ги презентираше програмските активности на формираниот привремен иселенички совет, изгласан на Првата годишна конференција на над 40 иселенички организации на Македонците, одржана крајот од јули во Скопје.
Главна задача на привремениот иселенички совет, со 12 члена и мандат од една година, ќе биде анимирање на македонските иселеници со цел да се подобрат односите меѓу дијаспората и Република Македонија.
Заврши охридската Летна школа по македонски јазик за децата на иселениците
03.08.2010 година
Десетина деца на наши иселеници во светот ја завршија наставата во рамките на Летната школа по македонски јазик, што во организација на Агенцијата за иселеништво изминатата седмица се спроведувше во Конгресниот центар на Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Охрид.
ЗАКЛУЧОЦИ ОД ПРВАТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ИСЕЛЕНИЧКИ ОРГАНИЗАЦИИ
23.07.2010 година
Агенцијата за иселеништво на 20 и 21 јули ја организира Првата годишна конференција на иселеничките организации на која зедоа учество преку педесетина претставници од над 40-тина иселенички организации од Австралија, Канада, САД и од 12 држави од Европа.
На дводневната конференција се дискутираше на повеќе круцијални теми и иселеничките организации ги донесоа следните заклучоци:
1. ТЕМА: УЧЕЊЕТО И НЕГУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК- ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ
ЗАКЛУЧОЦИ:
- Учење и негување на македонскиот јазик е основа за зачувување на македонскиот идентитет.
- Иселеничките организации треба да превземат активности за поттикнување на изучување на македонскиот јазик, посебно од страна на најмладите .
- Иселеничките организации активно да влијаат на своите членови за говорење на македонскиот јазик во нивните семејства.
ФОРМИРАН ПРИВРЕМЕН ИСЕЛЕНИЧКИ СОВЕТ
23.07.2010 година
ФОРМИРАН ПРИВРЕМЕН ИСЕЛЕНИЧКИ СОВЕТ
На првата Годишна Конференција на иселеничките организации одржана на 20 и 21 јули 2010 година во Скопје, иселеничките организации донесоа одлука да се формира привремен Иселенички совет. Мандатот на Советот ќе трае една година се до конституирањето на Иселеничкиот совет.
Претставниците на иселеничките организации едногласно го избраа привремениот Иселенички совет во следниот состав:
1. г-дин Митко Јованов-училиште по македонски јазик Учи македонски on line од Германија, е избран за член од областа училишта, литературни друштва, библиотеки и наставници
2. г-ѓа Сузана Сурловска-училиште по македонски јазик Блаже Конески од Франција, е избрана за член од областа училишта, литературни друштва, библиотеки и наставници
3. г-дин Владимир Стрезов-МПЦО Христово воскресение од Сиднеј Австралија, е избран за член од областа бизнис
4. г-дин Стив Костов-Македонска заедница од Јужна Австралија од Аделаид Австралија, е избран за член од областа бизнис
5. г-дин Перо Дамчевски Коцин-Литературно друштво Глигор Прличев од Сиднеј Австралија, е избран за член од областа култура
СООПШТЕНИЕ
17.05.2010 година
Се известуваат сите иселеници од Македонија, државјани на Република Македонија кои поседуваат и државјанство на друга странска држава, а имаат намера да патуваат во Република Македонија, без да поседуваат македонска патна исправа, дека е потребно да поднесат пријава за нивниот престој во странство, подолго од 3 месеци, до ДКП на Република Македонија во странство или во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во местото на последното живеалиште или на самиот граничен премин при излез од Република Македонија, во согласност со Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште.
ОДРЖУВАЊЕ НА 37-ми ЉУБАНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ
19.04.2010 година
По 37-ми пат, од 31 јули 2010 година до 02 август 2010 година, ќе се одржат ЉУБАНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ и ФОЛК ФЕСТ ПРЕСПА 2010, во село Љубојно, под покровителство на Агенцијата за иселеништво и Одборот за прослава од Љубојно.
Програмата ќе биде збогатена со 40 естрадни уметници, 3 фолкорни групи, 3 народни оркестри, Илинденски рецитал, вечери на поезијата, промоција на нови изданија од познати автори, монодрама, богат коктел и тродневна народна веселба.
ВО МАРТ 2010 ГОДИНА СТРАРТУВА ИЗДАВАЊЕТО МАКЕДОНСКИ ПАТНИ ИСПРАВИ ВО ДИЈАСПОРАТА
01.03.2010 година
Владата на Република Македонија од март 2010 година започнува со реализација на активности, чија што цел е олеснување на можноста за нашите државјани кои што живеат во САД, Канада, Австралија и Европа, да се стекнат со новите македонски биометриски патни исправи.
За таа цел, Министерството за надворешни работи на Република Македонија ќе ја направи достапна можноста за аплицирање за македонски биометриски патни исправи, преку мобилни станици кои што ќе бидат поставени во македонските дипломатски претставништва во одделни градови во САД, Канада, Австралија и Европа.
Целата постапка ќе се реализира согласно следната динамика: