Соопштенија

Струшки вечери на поезијата

13.09.2016 година


Наградата „Стојан Христов“ која ја доделува Агенцијата за иселеништво на Република Македонија во соработка со Струшките вечери на поезијата, оваа година беше доделена на поетесата Искра Пенева за нејзината збирка поезија „Некаде помеѓу“ на 55 -тата по ред манифестација на Струшки вечери на поезија, на 26 август 2016 г. во Калишта, Струга.
Во рамките на надлежноста за помагањето на културниот развој на иселениците од Македонија, со оваа награда, Агенцијата за иселеништво има за цел да ги мотивира поетите иселеници од Македонија да творат на мајчин јазик, да го негуват, чуват и да го пренесуват на идните генерации.
Честитки до младата поетеса Искра Пенева од Белград

 

 

 

Одлука за доделување на признанија на истакнати поединци и организации од дијаспората

11.07.2016 година

Почитувани,
Ве информираме дека по завршувањето на рокот за поднесување иницијативи за одликувања од страна на Претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов, комисијата задолжена за разгледување на поднесените документи ја донесе конечната Одлука за доделување на признанија на истакнати поединци и организации од дијаспората. Оваа година наградата ја добија 4 физички лица („Медал за заслуги“) и 1 организација („Повелба на Република Македонија“)

Подолу е конечната листа
Физички лица:
Лилјана Стоилковска Андовска – Шведска
Борче Величковски – Србија
Иван Трпоски – Сиднеј, Австралија
*Кирил Христовски – Аризона, САД (предлог на Претседателот)

Организации:
Македонски сојуз – Шведска
Церемонијата на која ќе се доделат одликувањата ќе се одржи на 20 јули 2016 во „ВИЛА БИЛЈАНА“ во Охрид, со почеток во 13:00 часот.

 

 

 

ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИИ НА КНИГИ НА ПИСАТЕЛИ ИСЕЛЕНИЦИ ОД МАКЕДОНИЈА

11.07.2016 година

 

 

 

ТУРНЕЈА НА „МКУД МАКЕДОНСКИ БИСЕРИ“ ОД ВОЛОНГОНГ АВСТРАЛИЈА

30.06.2016 година



4 ЈУЛИ КРУШЕВО Крушевско културно лето Плоштад 19:30ч

6 ЈУЛИ ОХРИД ДЕФИЛЕ Балкански фестивал на народни песни и игри 18:30 ч

7 ЈУЛИ СТРУМИЦА Плоштад Гоце Делчев 20:00 ч

8 ЈУЛИ ВЕЛЕС Интернационален фолклорен фестивал 2016 Амфитеатар Младински парк 20:00 ч

9 ЈУЛИ ОХРИД Балкански фестивал на народни песни и игри Долни Сарај 21:00 ч

11 ЈУЛИ СКОПЈЕ Плато Мајка Тереза улица Македонија 20:00 ч

12 ЈУЛИ КАВАДАРЦИ ПЛОШТАД 18:30ч НЕГОТИНО ПЛОШТАД 20:30ч

 

 

 

ФОРУМ НА БИЗНИСМЕНИ И ИНВЕСТИТОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД ДИЈАСПОРАТА

25.05.2016 година

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО
на
ФОРУМ НА БИЗНИСМЕНИ И ИНВЕСТИТОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД ДИЈАСПОРАТА

21 јули 2016


Почитувани,

Ве известуваме дека на 21 јули 2016 година во Амфитеатарот на Министерството за надворешни работи, Агенцијата за иселеништво во соработка со организацијата „Македонија 2025“ ќе одржи „Форум на бизнисмени и инвеститори во Република Македонија од дијаспората“ на кој ќе се разгледаат предностите и предизвиците при инвестирање во Република Македонија.

Сите постоечки и потенцијални инвеститори од Дијаспората ги покануваме своето активно учество и присуство на „Форумот на бизнисмени и инвеститори во Република Македонија од дијаспората“ да го пријават на електронската адреса на Агенцијата за иселеништво: info@minisel.gov.mk најдоцна до 10-ти јули.

За повеќе информации за настанот ве молиме обратете се на 02 3218 631 или на веб страната на Македонија2025: www.macedonia2025.com

Изготвил, Костова Билјана, раководител на Сектор за унапредување и одржување на врските со иселениците од Македонија

Директор
Васил Наумов

Прилог: ПРОГРАМА

ФОРУМ НА БИЗНИСМЕНИ И ИНВЕСТИТОРИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ОД ДИЈАСПОРАТА

21 ЈУЛИ 2016
Министерство за надворешни работи (Амфитеатар)

Претседавач:
Член на Одборот на Директори на Македонија2025

Организатори:
Агенција за иселеништво
Македонија2025


ПРЕЛИМИНАРНА АГЕНДА

9:00 - 10:00 Регистрација на учесници

10:00 - 10:15 Поздравни говори

10:15 - 11:15 Панел 1: Презентација на успешни инвеститори од дијаспората во различни индустрии

11:15 - 11:30 Кафе пауза

11:30 - 12:30 Панел 2: Презентација на искуства од страна на инвеститори од дијаспората (предности и предизвици)

12:30 - 13:30 Пауза за закуска

13:30 - 14:30 Панел 3: Заклучоци и следни чекори во привлекувањето на инвеститори од дијсаспората


Пријавување: info@minisel.gov.mk најдоцна до 10-ти јули

Повеќе информации на: 02 3218 631, maja.s@macedonia2025.com, www.macedonia2025.com

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

03.05.2016 година

Во согласност со членот 61 став 2 од Изборниот законик, се пропишува собирање на потписи за кандидати за пратеници во дијаспората, кој гласи:
,,Кога подносител на листа на кандидати за пратеници е група избирачи од изборните единици за гласање во странство потребно е да се соберат најмалку 1000 потписи од запишаните избирачи во изводот на Избирачкиот список за тие изборни единици пред службените лица на ДКП во странство односно конзуларните канцеларии на образец потпишан од ДИК.
Рокот за собирање потписи во ДКП во странство е од 25 април до 9 мај 2016 година.

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

18.04.2016 година

1.Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 5Јуни 2016 година.
Во Дипломатско Конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, гласањето на државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година, ќе се одржи на 4Јуни (сабота) 2016 година, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.


2. Сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство се запишуваат во посебен Избирачки список. . Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

3. Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденција од надлежен орган, за ставање на јавен увид (член 49 став 2, во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).
Јавниот увид во посебниот избирачки список во ДКП започнува на 25 април 2016 година и ќе трае до 9 мај 2016 година.
3. Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат за време на јавниот увид по електронска пошта до ДИК да поднесат Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список (член 50-а став 6 во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).
Барањето може да се поднесе во периодот од 25 април до 9 мај 2016 година.

4. Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават Пријава за гласање, своерачно потпишана или испратена по електронска пошта до ДИК со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).
Пријавата за гласање може да се поднесе во периодот 15 април до 9 мај 2016 година.

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

13.04.2016 година

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво ја организира секоја година, ќе се одржи во август 2016 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на наставата ќе биде во хотел во Охрид. Агенцијата за иселеништво ќе ги сноси трошоците за наставниците кои ќе ја водат наставата и 50% од трошоците за хотелското сместување на учениците. Превозот до Охрид ќе биде во организација на родителите.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција.
За дополнителни информации околу сместувањето и цената ќе ве известиме во поблиска иднина.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво: e-mail:info@minisel.gov.mk
Благодариме за соработката

Изготвил, Костова Билјана




Директор,
Васил Наумов