Соопштенија

Повелби за заслуги за Македонија

10.07.2015 година

Почитувани,

Церемонијата на која Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорѓе Иванов ќе ги додели повелбите за заслуги за Македонија на иселеничките организации кои беа избрани за одликување од Комисијата при Кабинетот на Претседателот, ќе се одржи на 21 јули 2015 година во Клуб на пратеници Скопје, со почеток во 19:00 часот. Сите заинтересирани за присуство треба однапред да се најават во Агенцијата за иселеништво на контакт тел: 02 3118 633 или на интернет адресата info@minisel.gov.mk

 

 

 

Турнеја на Културно-уметничкото друштво од Торонто Канада

24.06.2015 година



Турнејата ќе започне на 6 јули со отварањето на Балкански фестивал на песни и игри во Охрид и ќе продолжи со следниот редослед:
-7 јули- Вевчани, настап на Вевчанско културно лето ,,ВЕКУЛ“ почеток 19:00 часот
-8 јули – Охрид, учество на Балкански фестивал на народни песни и игри ОХРИД
-11 јули-Дојран, настап на „Дојранско културно лето“ почеток во 20:00 часот
-12 јули-Валандово, настап на ,,ВАЛАНДОВСКИ ПЕТРОВДЕНСКИ СРЕДБИ“ почеток во 20:00 часот
- 13 јули-Струмица, настап на плоштад Гоце Делчев, почеток во 20:00 часот
-16 јули- Ресен, настап на Манифестацијата ,,70 ГОДИНИ ФОЛКЛОР ВО ПРЕСПА“
-20 јули- Овчарани, Република Грција, настап на иселенички средби, почеток 22:00 часот
-22 јули-Скопје, настап во салата на Драмски театар Скопје, почеток во 20:00 часот
-24 јули-Кратово, настап во Дом на Култура „Лазар Софијанов“ почеток во 20:00 часот
-28 јули- Прилеп, почеток во 20:00 часот
-29 јули-Битола, настап на Републички фестивал „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ БИТОЛА“ на Широк сокак, почеток во 20:00 часот
-30 јули-Крушево, настап на „ЕТНО ГРАД КРУШЕВО“, почеток во 20:00 часот

Културно-уметничкото друштво од Торонто Канада, минатата година одбележа 55 годишен јубилеј, оставајќи зад себе бројни играорци од неколку генерации заслужни за негување и чување на македонскиот фолклор надвор од Македонија.
По повод заслугата за Македонија, Претседателот на Република Македонија на 21.јули 2015 година во Охрид, ќе го одликува друштвото со Признание „Повелба на Република Македонија“.

 

 

 

„Повелба на Република Македонија“

19.06.2015 година

ПОЧИТУВАНИ,

Во прилог Ви доставуваме информација за донесената одлука од страна на Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорѓе Иванов, за доделување признанија „Повелба на Република Македонија“на македонски иселенички организации.
Одликувањата ќе бидат доделувани на 21 јули 2015 година во претседателската вила во Охрид. За терминот дополнително ќе Ве известиме.

Агенција за иселеништво

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

08.06.2015 година

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво ја организира секоја година, ќе се одржи од 4-10 август 2015 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на наставата ќе биде во хотел во Охрид. Агенцијата за иселеништво ќе ги сноси трошоците за наставниците кои ќе ја водат наставата, а хотелското сместување ќе биде на товар на самите учесници. Превозот до Охрид ќе биде во организација на родителите.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција.
За дополнителни информации околу сместувањето и цената ќе ве известиме во поблиска иднина.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво: e-mail:info@minisel.gov.mk
Благодариме за соработката




Директор,
Васил Наумов

 

 

 

Награда "Стојан Христов" за поетите иселеници од Македонија на Струшките вечери на поезијата

08.06.2015 година

Почитувани!

Согласно надлежноста на Агенцијата за иселеништво за помагањето на културниот развој на иселениците од Македонија, оваа година по шести пат Агенцијата за иселеништво, преку вклучување во Програмата на Струшките вечери на поезијата ќе доделува награда за поетите иселеници од Македонија.
За таа цел Ве замолуваме да ги известите членовите на Вашата организација кои се занимаваат со пишување поезија и кои имаат издадено книга, да се пријават во Агенцијата за иселеништво.
Книгите со кои ќе се конкурира ќе бидат оценети од страна на стручното жири на Струшките вечери на поезијата, а наградата за поетите иселеници од Македонија ќе ја додели Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Поетите можат да конкурираат и со постари дела.
Заинтересираните поети, иселеници од Македонија, своите дела треба да ги испратат во Агенцијата за иселеништво до крајот на месец јуни 2015 година.
Минатата година наградата "Стојан Христов" за најдобра збирка поезија ,,Анатомија на чувствата“ ја доби г-ѓа Лилјана Стоилковска Андоновска, иселеник од Македонија која живее во Шведска.

Директор
Васил Наумов

 

 

 

Travel Guide Macedonia

08.05.2015 година

 

 

 

До сите македонски иселенички организации и асоцијации

18.03.2015 година

Предмет: Информација за одржување на Шестата годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија и барање сугестии и предлози за темите на дневен ред



Почитувани,

Ве известуваме дека во тек е подготовката на Шестата годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 22 и 23 јули 2015 година во Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.
Ве молиме најдоцна до 15 април 2015 година да дадете ваши сугестии за темите на дневниот ред кои ќе се разгледуваат на конференцијата и се од интерес за иселеништвото, а се во рамките на законската надлежност на Агенцијата за иселеништво.



Директор
Васил Наумов

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

02.02.2015 година

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија во рамки на проектот "Македонија памти" објавува:


ЈАВЕН ПОВИК

Се повикуваат иселеничките организации и иселениците од Македонија да достават иницијативи за доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.

Иницијативите (пополнети апликации) да се достават до Агенцијата за иселеништво на адреса ул. Македонија бр. 19, Скопје или на Интернет адресата info@minisel.gov.mk, заклучно до 2 март 2015 година. Агенцијата за иселеништво истите со свое мислење ќе ги достави до Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорѓе Иванов.

Образецот за пополнување на апликациите е достапен на Интернет страната

ПРИЈАВА ЗА ПРАВНИ ЛИЦА (ОРГАНИЗАЦИИ)
ПРИЈАВА ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА (ПОЕДИНЦИ)


Напомена,
Иселениците и иселеничките организации кои минатите години доставија пополнети апликации нема потреба повторно да ги праќаат истите, доколку не сметаат дека треба да ги дополнат со нови информации. Агенцијата за иселеништво располага со сите досиеја и во рамки на дадениот рок ќе ги достави до Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов

Директор,
Васил Наумов