Соопштенија

ПРОМОЦИЈА НА ЗБИРКА ПОЕЗИЈА БАРГАЛА

13.10.2014 година

На 17 октомври 2014 година, петок, со почеток во 19:30 часот, во Домот на културата ,,Кочо Рацин Скопје (Дом на градежници), ќе се промовира збирката поезија ,,БАРГАЛА од Јорде Петровски, иселеник од Македонија во Сиднеј, Австралија. Книгата ќе биде промовирана од страна на писателот Мирче Нешовски. Агенцијата за иселеништво во рамки на заложбата за помагање на културниот развој на иселениците од Македонија е издавач на збирката поезија ,,Баргала со цел мотивирање на иселениците од Македонија да пишауваат и творат на мајчин јазик и да го пренесуваат на идните поколенија

 

 

 

До сите иселенички организации

25.09.2014 година

Предмет: Конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година

Почитувани,

Ве известуваме дека во тек е ,,Конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година", објавен од страна на Министерството за култура. Со цел да го запазите рокот за пријавување кој трае заклучно со 15.10.2014 година, посетете го наведениот линк од интернет страната на Министерството за култура каде е објавен наведениот конкурс, детално да се информирате за правото на учество и критериумите кои треба да се исполнат.

http://www.kultura.gov.mk/index.php/konkursi/1616-godisen-konkurs-za-finansiranje-na-proekti-od-nacionalen-interes-vo-kulturata-za-2015-godina


Директор
Васил Наумов

 

 

 

Лилјана Стоилковска Андовска е добитник на наградата Стојан Христов во рамки на Манифестацијата Струшки вечери на поезијата 2014

09.09.2014 година

Награда"Стојан Христов" за најдобра книга поезија напишана од поет иселеник од Македонија која ја доделува Агенцијата за иселеништво во рамиките на Струшки вечери на поезијата, оваа година ја доби г-ѓа Лилјана Стоилковска Андовска од Малме, Шведска за збирката поезја Анатомија на чувствата.
Г-ѓа Стоилковска Андовска е долгогодишен активист во речиси сите организирано форми на македонските иселеници во Малме. Нејзиното творештво е пример за негување и чување на македонскиот јазик надвор од татковината, а најновата збирка поезија Анатомија на чувствата со која конкурираше на Струшки вечери на поезијата, ја издаде Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, во рамките на надлежноста помагање на културниот развоја на иселениците од Македонија

 

 

 

За научните истражувачи и соработниците во земјата и странство

19.08.2014 година

Почитувани,

Ве информираме дека Министерството за образование и наука на Република Македонија води бази на податоци за научните истражувачи и соработниците во земјата и странство. За таа цел Министерството за образование и наука го креира веб порталот Наука.мк (www.nauka.mon.gov.mk).
Заради зачленување на поголем број научници од дисапората со потекло од Македонија, нивно вмрежување и ажурирање на базите на податоци од страна на Министерството за образование, Агенцијата за иселеништво е вклучена во промовирањето на овој веб портал. За таа цел ги замолуваме иселеничките организации преку своите активности да ја прошират информирацијата за постоењето на порталот, а посебно од големо значење е да се информираат припадниците од дијаспората кои се занимаваат со научно-истражувачка дејност.
Во прилог ви доставуваме подетални информации за статусот на веб порталот Наука.мк (www.nauka.mon.gov.mk).

Директор
Васил Наумов


ИНФОРМАЦИЈА ЗА СТАТУСОТ НА ПОРТАЛОТ НАУКА.МК
Согласно член 54 од Законот за научно-истражувачката дејност (�Службен весник на Република Македонија� бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13 и 147/13) Министерството за образование и наука води бази на податоци за научните истражувачи и соработниците во земјата и странство. За таа цел Министерството за образование и наука креира веб портал Наука.мк (www.nauka.mon.gov.mk)
Порталот ги содржи следниве активности:
1) Научно-истражувачки кадар (Регистрирање на истражувачи во земјата и истражувачи во дијаспората)
2) Информации за лаборатории
3) Информации за објавени конкурси
4) Форум за поврзувањето на домашните истражувачи и македонските истражувачи во странство
1. Научно-истражувачки кадар (Регистрирање на истражувачи во земјата и истражувачи во дијаспората)
Во делот за научно-истражувачки кадар се содржат податоци за истражувачите како: формално образование, вработување, стекнато завање, познавање на странски јазик, област на истражување, учесто на проекти, објавени трудови, учество на конференци, семинари, нсучни собири и сл.
До сега на порталот има регистрирано вкупно 37 истражувачи во земјата и еден истражувач од странство. Најмногу регистрирани истражувачи има од општествените науки-13, потоа следат техничко-технолошките науки - 8, медицински науки - 5, биомедицински науки - 5, природно-математички науки - 3 и хуманистички науки - 3.
Со цел зголемување на бројот на регистрирани научни истражувачи и соработници, Министерството за образование и наука воведе задолжителна законска обврска за регистрирање на научниот кадар на порталот Наука.мк. За реализирање на оваа цел Министерството за образование и наука го измени Законот за научно-истражувачка дејност. Согласно законските измени истражувачите имаат обврска да се регистрираат на порталот наука.мк во рок од 90 дена од денот на влегување во сила на овој закон (законот стапи на сила на 13.11.2013)
Законот предвидува глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за истражувачите кои нема да се регистрираат во предвидениот рок
На порталот наука.мк ќе се поттикнува научната расправа како една од значајните алатки за евалуација на научно-истражувачката дејност, одбраната на резултатите од истражувањата и генерирањето идеи за нови научни истражувања. На јавниот и на приватниот сектор, како и на пошироката јавност ќе им бидат овозможени поедноставни достапност и увид на научните достигнувања.
2. Информации за лаборатории
Порталот наука.мк исто така содржи и база на податоци за лабораториите, при што се содржат информации за опис на лабораторијата, типот на опрема со која располага, контакт лице и локација. На порталот ќе бидат достапни информации за акредитацијата на лабораториите односно кои од нив се акредитирани, за кои е започната постапката за акредитација и сл.
Внесени се податоци за 76 лаборатории и истите се поделени по научни подрачја: информатика � 17 лаборатории, техничко-технолошки науки � 10, природно-математички � 17, медицински науки � 26, биотехнички � 1, општествени � 3, хуманистички науки � 2 лаборатории.
3. Информации за објавени конкурси
Ова поле од порталот упатува на конкурсите за постдипломски, докторски и постдокторски студии за земјата и странство, кои ги доделува Министерство за образование и наука или друга институција од земјата и странство (преку упатување на линк до порталот www.stipendii.mon.gov.mk )
4. Форум за поврзувањето на домашните истражувачи и македонските истражувачи во странство
Промоцијата на достигнувањата од научно-истражувачката работа е зајакната и со воспоставување на форум на кој, во соработка со истражувачите од високообразовните и научните установи ќе се презентираат резултатите од научно−истражувачката работа, кои ќе бидат достапни на домашната и на меѓународната научна јавност, но и на пошироката јавност. Ова е начин за олеснување на контактите и протокот на знаења, идеи и најдобри практики од дијаспората во матичната земја. Форумот за поврзување на научната може истовремено да обезбеди за дијаспората информации за развојот на настаните во матичната земја, да ја вклучи во актуелните дебати и да ја информира за можностите за соработка со институциите или компаниите во матичната земја.
Поврзувањето на домашните истражувачи и македонските истражувачи во странство може да резултира во заеднички истражувачки проекти, овозможувајќи му на домашниот систем за истражување пристап до знаењето и мрежата на научната дијаспора, а научната дијаспора може да ги одржува врските со Македонија, правејќи на крајот да е полесно и поверојатно враќањето дома.
Целта на поврзувањето е воспоставување на научна мрежа на домашната научната истражувачка заедница со научната дијаспора, креирање на база на податоци на наши истражувачи во дијаспората, десиминирање на информации за можностите за заедничка соработка, размена на искуства во земјата и странство, што ќе доведе до приближување на резултатите од истражувањето до домашната истражувачка заедница. Дополнително на порталот ќе бидат објавувани и информации за научни собири и конференции кои ќе се организираат во земјата и странство.Порталот наука.мк е преведен и на англиски јазик.

 

 

 

Летната Школа по македонски јазик

11.08.2014 година

На 04.08.2014 започна Летната Школа по македонски јазик во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Школата се одржува во Хотел Конгресен центар во Охрид и е наменета за децата потомци на иселеници од Македонија. Наставата по македонски јазик ја посетуваат деца од Хрватска и Франција два пати дневно по два часа и ја води искусен наставник номиниран од Министерство за образование и наука на Република Македонија. Во текот на Летната Школа учениците имаат можност да ги посетат културно-историските знаменитости на градот Охрид, Струга, Вевчани и Св.Наум. Летната Школа ќе трае до 10.08.2014 година.

 

 

 

Петта годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

25.07.2014 година

Во Скопје се одржа Петтата годишна конференција на Иселеничките организации

ДОСЕГА НАЈМАСОВНО И НАЈАВТОРИТЕТНО
Во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, во Амфитеатарот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа петтата по ред годишна конференција на иселеничките организации од Европа, Америка, Канада и Австралија.



Претставниците на иселеничките организации. ги поздрави и им се обрати директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија Васил Наумов, кој се заблагодари за масовното присуство.

- Чувањето и негувањето на македонскиот јазик и културата, како и јазикот и културата на заедниците, државјанството и избирачкото право, организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивната соработка со Агенцијата за иселеништво, како и остварување на пензиско право на иселениците, се темите кој ги најави директорот Васил Наумов, на конференцијата на која присуствуваа 115 претставници од 143 иселенички организации од четири континенти и 20 гости меѓу кои и претставници на македонското малцинство во соседните земји.

Тие претставуваат околу 250.000 иселеници од Македонија во странство, информираше Васил Наумов, директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

Конференцијата за отворена ја прогласи претседателот на Собранието на Република Македонија господинот Трајко Велјановски. Тој ја поздрави оваа конференција, како значајна за натамошниот развој на с она што е македонско во дијаспората и потребата континуитетот не само да продолжи, туку и да се проширува со нови содржини.


-Нашите иселеници биле и ке бидат значајни компоненти во развојот на нашата земја во целина и грижата за тоа треба да биде постојана, нагласи меѓу другото Велјановски.


Конференцијата траеше два дена и имаше безброј излагања и дискусии, кои привлекоа внимание кај сите присустни, како Лилјана Лазареска професор по македонски јазик во Јабука, Р.Србија, потоа, Лилјана Стоилковска Андоновска од Малме, Шведска, Марта Елефтеридаис, наставник по македонски јазик во Мелбурн, Австралија, Васил Тоциновски од Заедницата на Македонците во Р.Хрватска, книгата на Гордана Димовска од Мелбурн, Австралија- Вечна светлина над Македонија која ја презентираше Вангелко Лозаноски, Александар Спасов и Гоце Дуртаноски имаа успешно излагање и презентација на тема Граѓанската дипломатија и афирмација на Македонија во светот, Трајче Бошковски од АХАМ зборуваше за поврзаноста на хуманитарните македонски организации со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Васко Ангеловски од Охридското социјално друштво Св.Наум Охрдиски од Мелбурн, како и многу други.



На вториот ден од Конференцијата се обрати министерот за надворешни работи г-дин Никола Попоски кој најави стипендии за младите студенти, како и нивно вклучување во стажирањето во Република Македонија, а воедно одговараше и на прашањата поставени од претставниците на иселеничките организации.

Претставници од повеќето министерства на Владата на Република Македонија одговараа и на прашањата на нашите иселеници на темите: пензиското и инвалидско осигурување во Македонија и правата на нашите иселеници, како и за државјанството и избирачкото право.

На конференцијата се обратија и пратениците од дијаспората во Собранието на Република Македонија - Ристо Манчев (Европа и Африка), Павле Саздов (Северна и Јужна Америка) и Васко Наумовски (Австралија и Нов Зеланд), на кои претставниците на иселеничките организации им поставуваа прашања за своите потреби и барања на кои пратениците им даваа одговори насоки и објаснувања.

На крајот од Конференцијата претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, додели одликувања и признанија, под мотото Македонија памти, за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од Иселеништвото, за афирмација на Република Македонија во светот.

-Македонија е земја на хумани луѓе, Македонците отсекогаш давале и помагале, а вие иселениците ја негувате ова длабока македонска традиција и секој ваш успех е и успех за Македонија, истакна меѓу другото претседателот Иванов.






ДОБИТНИЦИ НА ОДЛИКУВАЊАТА И ПРИЗНАНИЈАТА ЗА 2014 ГОДИНА


Македонски организации од дијаспората:
Хуманитарна организација Надеж - Мелбурн, Австралија
Добротворна организација Св. Архангел Гаврил - Нов Јужен Велс, Австралија.
Македонска добротворна организација МЦЊА Викторија,Австралија
Македонска општина од Западна Австралија
Македонско друштво Илинден , Хановер, Германија
Заедница на Македонците во Република Хрватска
Весникот Македонија од Торонто, Канада
Радио Вардарски Бранови- Канада
Радио Програма Обединета Македонија, Торонто, Канада
Македонски комитет за човекови права од Њу Џерси, САД.

Поединци, иселеници- медал за заслуги на Македонија:
Андон Дончевски, иселеник во Австралија
Владимир Стрезов , иселеник во Австралија
Зоран Костадинов, иселеник во Швајцарија
Ердован Етоски , иселеник во Швајцарија
Спасо Божинов, иселеник во Германија
Омер Калеши иселеник во Франција
Ристо Стефов, иселеник во Канада
Борис Папучкоски, иселеник во САД.

 

 

 

БОРЕЊЕ СО МЕЧКА

20.05.2014 година

Во рамките на своите летни активности Агенцијата за иселеништво во периодот од 4-13 јуни 2014 година организира театарска турнеја низ Македонија, на која АВСТРАЛИСКО- МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ во неколку градови од Македонија ќе се претстави со својата најнова театарска претстава БОРЕЊЕ СО МЕЧКА. Истовремено АВСТРАЛИСКО- МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ќе земе учество и на Театарскиот фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп, на 10 јуни 2014 година
Турнејата ќе се одвива со следниот редослед:
Автор Душан Ристевски
4 ЈУНИ 2014
ДРАМСКИ ТЕАТАР СКОПЈЕ
почеток 20:00 часот
6 јуни 2014
Ј.Х.К. ЏИНОТ- ДРАМСКИ ТЕАТАР ВЕЛЕС
почеток 20:00 часот
7 јуни 2014
Н.У. ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА ,,АЦО ШОПОВ НАРОДЕН ТЕАТАР ШТИП
почеток 20:00 часот
9 јуни 2014
Н.У. ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА АНТОН ПАНОВ СТРУМИЦА
почеток 20:00часот
10 јуни 2014
Н.У. ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА МАРКО ЦЕПЕНКОВ ПРИЛЕП
ТЕАТАРСКИ ФЕСТИВАЛ- ВОЈДАН ЧЕРНОДРИНСКИ
почеток 20:00 часот
13 јуни 2014
Н.У. ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА БИТОЛА
почеток 20:00 часот
14 јуни 2014
Н.У. ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ ОХРИД
почеток 20:00 часот
Во организација на Агенција за иселеништво на Република Македонија

 

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

14.05.2014 година

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија во соработка со пратениците од дијаспората во рамки на проектот ,,Македонија памти" објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

Се повикуваат иселеничките организации и иселениците од Македонија да достават иницијативи за доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.

Иницијативите (пополнети апликации) да се достават до Агенцијата за иселеништво на адреса ул. Македонија бр. 19 или на Интернет адресата info@minisel.gov.mk, заклучно до 14 јуни 2014 година. Агенцијата за иселеништво на Република Македонија истите ќе ги проследи до Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

Образецот за пополнување на апликациите е достапен на Интернет страната http://www.emigration.gov.mk

Напомена,
Иселениците и иселеничките организации кои минатата година доставија пополнети апликации, не морат да ги праќат повторно, доколку не сметаат дека треба да ги дополнат со нови информации. Агенцијата за иселеништво располага со сите досиеја и во рамки на дадениот рок ќе ги проследи до Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

Директор,
Васил Наумов


образец 1
образец 2