Соопштенија

ЈАВЕН ПОВИК

14.05.2014 година

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија во соработка со пратениците од дијаспората во рамки на проектот ,,Македонија памти" објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

Се повикуваат иселеничките организации и иселениците од Македонија да достават иницијативи за доделување на одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.

Иницијативите (пополнети апликации) да се достават до Агенцијата за иселеништво на адреса ул. Македонија бр. 19 или на Интернет адресата info@minisel.gov.mk, заклучно до 14 јуни 2014 година. Агенцијата за иселеништво на Република Македонија истите ќе ги проследи до Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

Образецот за пополнување на апликациите е достапен на Интернет страната http://www.emigration.gov.mk

Напомена,
Иселениците и иселеничките организации кои минатата година доставија пополнети апликации, не морат да ги праќат повторно, доколку не сметаат дека треба да ги дополнат со нови информации. Агенцијата за иселеништво располага со сите досиеја и во рамки на дадениот рок ќе ги проследи до Комисијата за одликување на Претседателот на Република Македонија, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов.

Директор,
Васил Наумов


образец 1
образец 2

 

 

 

Петта годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

13.05.2014 година

До сите македонски иселенички организации и асоцијации

Предмет: Покана за учество на Петтата годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија


Почитувани,

Ми претставува особена чест и задоволство да ве поканам да земете учество на Петтата годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи на 23 и 24 јули 2014 година во Скопје во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија. Исто како и минатата година и оваа година очекуваме Конференцијата да биде отворена од страна на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски.

Дневен ред на Конференцијата:

1. Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи

2. Државјанство и избирачко право

3. Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и организирање на форуми на иселеници според одделни професии

4. Остварување на пензиско право на иселениците

5. Завршни дискусии (прашања и одговори) со пратениците од дијаспората

6. Свечено затворање на Петтата годишна конференција на иселенички организации и доделување на одликувања и признанија "Македонија памти" за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништво, за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување од страна на Претседателот на Република Македонија Н.Е. д-р Ѓорге Иванов

Ве молиме присуството на претставниците од вашата огранизација да го потврдите во Агенцијата за иселеништво најдоцна до 30 јуни 2014 година. Доколку претставниците имаат интерес за свои излагања по наведените теми, ве молиме да ги најавите до наведениот датум, а за подетални информации околу Програмата ќе ве известиме веднаш по нејзиното изготвување.


e-mail: info@minisel.gov.mk или
тел: 00389 23118 633
факс 00389 23118 539




Директор
Васил Наумов

 

 

 

Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија

10.03.2014 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ

1.Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија кои ќе се одржат на 27 април 2014 година.
Во Дипломатско Конзуларните претставништва (ДКП) на Република Македонија во странство, гласањето на државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година, ќе се одржи на 26 април (сабота) 2014 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.


2. Сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство се запишуваат во посебен Избирачки список. . Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).
3. Државната изборна комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до ДКП посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденција од надлежен орган, за ставање на јавен увид (член 49 став 2, во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).

ЈАВНИОТ УВИД ВО ПОСЕБНИОТ ИЗБИРАЧКИ СПИСОК ВО ДКП ЗАПОЧНУВА НА 16 МАРТ И ЌЕ ТРАЕ ДО 30 МАРТ 2014 ГОДИНА.

3. Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат за време на јавниот увид (по електронска пошта преку ДКП до ДИК или до ДИК) да поднесат Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список (член 50-а став 6 во врска со член 15 став 2 од Изборниот законик).

БАРАЊЕТО МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 16 МАРТ ДО 30 МАРТ 2014 ГОДИНА.

4. Од денот на распишувањето на изборите до завршување на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат (преку ДКП до ДИК своерачно потпишана или по електронска пошта до ДИК) да достават Пријава за гласање, со која се пријавуваат за гласање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија (член 50-а став 8 во врска со член 15 став 2).
ПРИЈАВАТА ЗА ГЛАСАЊЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОДНЕСЕ ВО ПЕРИОДОТ ОД 6 МАРТ ДО 30 МАРТ 2014 ГОДИНА.

Напомена: За да можете да учествувате на предвремените изботи за пратеници во Собранието на Република Македонија ќе треба повторно да доставите Пријава за гласање со потребните документи.

Прилог:

- Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список

-Пријава за гласање


 

 

 

Избор на Претседател на Република Македонија

11.02.2014 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ

1.Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша избор на Претседател на Република Македонија, кој ќе се одржи на 13.04.2014 година.

2.Гласањето на државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година, ќе се одржи на 12.04.2014 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот (согласно со сметањето на времето во соодветната земја) во просториите на Дипломатско-конзуларните преставништва на Република Македонија во странство, односно во конзуларните канцеларии.

3.Во посебниот Избирачки список се запишуваат сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

4.Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат во текот на целата година да извршат увид во изводот на Избирачкиот список во ДКП или преку интернет и ако при увидот утврдат дека не се запишани во Избирачкиот список или се утврди дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоците, можат во текот на целата година да поднесат барање за запишување, дополнување или бришење на податоците со соодветна документација, кое се доставува по електронска пошта преку Дипломатско-конзуларните преставништва до Државната изборна комисија или директно до Државната изборна комисија (член 48 став 3).
Државната изборна комисија најдоцна во рок од три дена од денот на приемот на барањето ќе ја провери точноста на податоците и приложените документи од страна на граѓанинот и ако утврди дека барањето е основано, со решение врз основа на веродостојна документација ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, а во спротивно ќе донесе решение со кое ќе го одбие барањето.

5. Државната Изборна Комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до Дипломатско-конзуларните претставништва посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденцијата од надлежен орган, за ставање на ЈАВЕН УВИД. (член 49 став 2).
ЈАВНИОТ УВИД ВО ДКП ЗАПОЧНУВА НА 16 ФЕВРУАРИ 2014 ГОДИНА И ТРАЕ ДО 7 МАРТ 2014 ГОДИНА.

6.Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават пријава за гласање своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори (член 50-а став 8).

PRIJAVA7@SEC.MK - ЗА ГЛАСАЊЕ НА ДРЖАВЈАНИТЕ КОИ ПРЕСТОЈУВААТ ВО ЕВРОПА И АФРИКА

PRIJAVA8@SEC.MK - ЗА ГЛАСАЊЕ НА ДРЖАВЈАНИТЕ КОИ ПРЕСТОЈУВААТ ВО СЕВЕРНА И ЈУЖНА АМЕРИКА

PRIJAVA9@SEC.MK - ЗА ГЛАСАЊЕ НА ДРЖАВЈАНИТЕ КОИ ПРЕСТОЈУВААТ ВО АВСТРАЛИЈА И АЗИЈА

РОК: од 1 февруари 2014 година до 7 март 2014 година.

Васил Наумов
директор



Во прилог Ви доставуваме

-ПРОВЕTE ДАЛИ СТЕ ВО ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК

- Барање за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список

- ПРИЈАВА ЗА ГЛАСАЊЕ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ДИПЛОМАТСКО - КОНЗУЛАРНИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО ОДНОСНО КОНЗУЛАРНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ

 

 

 

Избор за Претседател на Република Македонија

11.02.2014 година

Почитувани,
Ве информираме дека за време на претстојните избори за Претседател на Република Македонија, кои ќе се одржат на 12 Април 2014 година (сабота) во Дипломатско конзуларните претставништва на Република Македонија, без разлика каде ви е местото на престој во странство, ќе може да гласате во било кое Дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија во земјите кои спаѓаат во иста изборна единица, само доколку истото го наведете во Пријавата за гласање.

На пример: Иако вашето место на престој е Малме во Шведска, ќе може да гласате во Дипломатско конзуларното претставништво на Република Македонија во Копенхаген во Данска само доколку тоа го наведете во Пријавата за гласање.

 

 

 

Избор на Претседател на Република Македонија

11.02.2014 година

ИЗВЕСТУВАЊЕ

1.Ве известуваме дека Претседателот на Собранието на Република Македонија распиша избор на Претседател на Република Македонија, кој ќе се одржи на 13.04.2014 година.

2.Гласањето на државјаните на Република Македонија кои се на привремен престој во странство повеќе од 3 месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од 1 година, ќе се одржи на 12.04.2014 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот (согласно со сметањето на времето во соодветната земја) во просториите на Дипломатско-конзуларните преставништва на Република Македонија во странство, односно во конзуларните канцеларии, .

3.Во посебниот Избирачки список се запишуваат сите државјани на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство. Овие лица се запишуваат според нивното последно живеалиште во Република Македонија пред заминувањето во странство (член 41 став 5 од Изборниот законик-Сл.весник на РМ бр. 54/2011).

4.Државната Изборна Комисија преку Министерството за надворешни работи ги доставува до Дипломатско-конзуларните претставништва посебните изводи од Избирачкиот список за лицата на привремена работа или престој во странство врз основа на евиденцијата од надлежен орган, за ставање на јавен увид. (член 49 став 2).
Јавниот увид во ДКП започнува на 16 февруари 2014 година и трае до 7 март 2014 година.

5.Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство ако при увидот во Дипломатско-конзуларните преставништва на Република Македонија во странство, утврдат дека тој или друг граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или се утврди дека треба да се изврши запишување, дополнување или бришење на податоците, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците со кое се приложува и соодветна документација се доставуваат по електронска пошта преку Дипломатско-конзуларните преставништва до Државната изборна комисија или директно до Државната изборна комисија (член 48 став 3).

6.Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во посебните изводи од Избирачкиот список за време на јавниот увид, државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да го поднесат по електронска пошта преку Дипломатско Конзуларните претставништва до Државната изборна комисија или до Државната изборна комисија (член 50-а став 6).
РОК: од 16 февруари 2014 година до 7 март 2014 година.

7.Од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство можат да достават пријава за гласање своерачно потпишана или испратена по електронска пошта со која се пријавуваат за гласање на претстојните избори (член 50-а став 8).
РОК: од 1 февруари 2014 година до 7 март 2014 година.

8.Барањето и Пријавата, ДКП веднаш, а најдоцна во рок од два дена по завршувањето на
јавниот увид, ги доставува по електронска пошта до МНР, а МНР веднаш а најдоцна во рок од 24 часа денот на приемот на истите ги доставува до ДИК (член 50-а став 10).

РОК: Барањата и Пријавите, ДКП ги доставува до МНР веднаш, а најдоцна до: 9 март 2014 г.
Примените Барања и Пријави, МНР ги доставува до ДИК веднаш, а најдоцна до: 10 март

 

 

 

Избор на Претседател на Република Македонија

06.02.2014 година

Почитувани,

Ве информираме дека со Решение за распишување на избор на Претседател на Република Македонија донесено на 1 фебруари 2014 година од Претседателот на Собранието на Република Македонија, се распишува избор за Претседател на Република Македонија.

Изборот ќе се одржи на 13 Април (недела) 2014 година.

Во ДКП на Република Македонија гласањето ќе се одржи на 12 Април (сабота) 2014 година, согласно со сметањето на времето во соодветната земја.

Во прилог Ви доставуваме

РОКОВНИК ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ИЗБОРНИТЕ ДЕЈСТВИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ПРИЈАВА ЗА ГЛАСАЊЕ ЗА ИЗБОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ДИПЛОМАТСКО - КОНЗУЛАРНИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СТРАНСТВО ОДНОСНО КОНЗУЛАРНИТЕ КАНЦЕЛАРИИ

 

 

 

Награда "Стојан Христов" за поетите иселеници од Македонија на Струшките вечери на поезијата

01.02.2014 година

Почитувани!

Согласно надлежноста на Агенцијата за иселеништво за помагањето на културниот развој на иселениците од Македонија, оваа година по петти пат Агенцијата за иселеништво, преку вклучување во Програмата на Струшките вечери на поезијата ќе доделува награда за поетите иселеници од Македонија.
За таа цел Ве замолуваме да ги известите членовите на Вашата организација кои се занимаваат со пишување поезија и кои имаат издадено книга, да се пријават во Агенцијата за иселеништво.
Книгите со кои ќе се конкурира ќе бидат оценети од страна на стручното жири на Струшките вечери на поезијата, а наградата за поетите иселеници од Македонија ќе ја додели Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.
Поетите можат да конкурираат и со постари дела, но со истите да немаат конкурирано на Струшките вечери на поезијата претходните години.
Заинтересираните поети, иселеници од Македонија, своите дела треба да ги испратат во Агенцијата за иселеништво до крајот на месец јуни 2014 година.
Минатата година наградата "Стојан Христов" за најдобра збирка поезија "Угреј сонце во мојот сон" ја доби поетот иселеник од Македонија, г-дин Иван Трпоски.

Директор
Васил Наумов