Соопштенија
<< Предходни 1 2 3 4 5 6 7 Следни >>

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

01.02.2014 година

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по седми пат, ќе се одржи во периодот од 4-10 август 2014 година.

Сместувањето на учениците и одржувањето на наставата ќе биде во хотел во Охрид, а со конкретни информации околу сместувањето и цената ќе ве известиме во поблиска иднина. Агенцијата за иселеништво ќе ги сноси трошоците за наставниците кои ќе ја водат наставата. Превозот до Охрид ќе биде во организација на самите учесници (родителите).

На Летната Школа учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување на возраста.

Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво:

e-mail:
info@minisel.gov.mk

Благодариме за соработката

Директор,
Васил Наумов

 

 

 

Петта годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија

01.02.2014 година

До сите македонски иселенички организации и асоцијации

Предмет: Информација за одржување на Петтата годишна конференција на иселеничките организации во Република Македонија и барање сугестии и предлози за темите на дневен ред

Почитувани,
Ве известуваме дека во тек е подготовката на Петтата годишна конференција на иселеничките организации, што ќе се одржи во втората половина на јули месец 2014 година во Република Македонија, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.
Воедно предлагаме најдоцна до 7 април 2014 година да дадете ваши сугестии за темите на дневниот ред кои ќе се разгледуваат на конференцијата и се од интерес за иселеништвото, а се во рамките на законската надлежност на Агенцијата за иселеништво.
На Четвртата годишна конференција која се одржа минатата година на 25 и 26 јули во Скопје, теми на дневен ред беа:

ПРВА ТЕМА: Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи

ВТОРА ТЕМА: Државјанство и избирачко право

ТРЕТА ТЕМА: Организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија

ЗАВРШНИ ДИСКУСИИ: Прашања и одговори со пратениците од дијаспората



Директор
Васил Наумов

 

 

 

За научните истражувачи и соработниците во земјата и странство

20.01.2014 година

Почитувани,

Ве информираме дека Министерството за образование и наука на Република Македонија води бази на податоци за научните истражувачи и соработниците во земјата и странство. За таа цел Министерството за образование и наука го креира веб порталот Наука.мк (www.nauka.mon.gov.mk).
Заради зачленување на поголем број научници од дисапората со потекло од Македонија, нивно вмрежување и ажурирање на базите на податоци од страна на Министерството за образование, Агенцијата за иселеништво е вклучена во промовирањето на овој веб портал. За таа цел ги замолуваме иселеничките организации преку своите активности да ја прошират информирацијата за постоењето на порталот, а посебно од големо значење е да се информираат припадниците од дијаспората кои се занимаваат со научно-истражувачка дејност.
Во прилог ви доставуваме подетални информации за статусот на веб порталот Наука.мк (www.nauka.mon.gov.mk).

Директор
Васил Наумов


ИНФОРМАЦИЈА ЗА СТАТУСОТ НА ПОРТАЛОТ НАУКА.МК
Согласно член 54 од Законот за научно-истражувачката дејност (Службен весник на Република Македонија бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13 и 147/13) Министерството за образование и наука води бази на податоци за научните истражувачи и соработниците во земјата и странство. За таа цел Министерството за образование и наука креира веб портал Наука.мк (www.nauka.mon.gov.mk)
Порталот ги содржи следниве активности:
1) Научно-истражувачки кадар (Регистрирање на истражувачи во земјата и истражувачи во дијаспората)
2) Информации за лаборатории
3) Информации за објавени конкурси
4) Форум за поврзувањето на домашните истражувачи и македонските истражувачи во странство
1. Научно-истражувачки кадар (Регистрирање на истражувачи во земјата и истражувачи во дијаспората)
Во делот за научно-истражувачки кадар се содржат податоци за истражувачите како: формално образование, вработување, стекнато завање, познавање на странски јазик, област на истражување, учесто на проекти, објавени трудови, учество на конференци, семинари, нсучни собири и сл.
До сега на порталот има регистрирано вкупно 37 истражувачи во земјата и еден истражувач од странство. Најмногу регистрирани истражувачи има од општествените науки-13, потоа следат техничко-технолошките науки - 8, медицински науки - 5, биомедицински науки - 5, природно-математички науки - 3 и хуманистички науки - 3.
Со цел зголемување на бројот на регистрирани научни истражувачи и соработници, Министерството за образование и наука воведе задолжителна законска обврска за регистрирање на научниот кадар на порталот Наука.мк. За реализирање на оваа цел Министерството за образование и наука го измени Законот за научно-истражувачка дејност. Согласно законските измени истражувачите имаат обврска да се регистрираат на порталот наука.мк во рок од 90 дена од денот на влегување во сила на овој закон (законот стапи на сила на 13.11.2013)
Законот предвидува глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противредност за истражувачите кои нема да се регистрираат во предвидениот рок
На порталот наука.мк ќе се поттикнува научната расправа како една од значајните алатки за евалуација на научно-истражувачката дејност, одбраната на резултатите од истражувањата и генерирањето идеи за нови научни истражувања. На јавниот и на приватниот сектор, како и на пошироката јавност ќе им бидат овозможени поедноставни достапност и увид на научните достигнувања.
2. Информации за лаборатории
Порталот наука.мк исто така содржи и база на податоци за лабораториите, при што се содржат информации за опис на лабораторијата, типот на опрема со која располага, контакт лице и локација. На порталот ќе бидат достапни информации за акредитацијата на лабораториите односно кои од нив се акредитирани, за кои е започната постапката за акредитација и сл.
Внесени се податоци за 76 лаборатории и истите се поделени по научни подрачја: информатика 17 лаборатории, техничко-технолошки науки 10, природно-математички 17, медицински науки 26, биотехнички 1, општествени 3, хуманистички науки 2 лаборатории.
3. Информации за објавени конкурси
Ова поле од порталот упатува на конкурсите за постдипломски, докторски и постдокторски студии за земјата и странство, кои ги доделува Министерство за образование и наука или друга институција од земјата и странство (преку упатување на линк до порталот www.stipendii.mon.gov.mk )
4. Форум за поврзувањето на домашните истражувачи и македонските истражувачи во странство
Промоцијата на достигнувањата од научно-истражувачката работа е зајакната и со воспоставување на форум на кој, во соработка со истражувачите од високообразовните и научните установи ќе се презентираат резултатите од научно−истражувачката работа, кои ќе бидат достапни на домашната и на меѓународната научна јавност, но и на пошироката јавност. Ова е начин за олеснување на контактите и протокот на знаења, идеи и најдобри практики од дијаспората во матичната земја. Форумот за поврзување на научната може истовремено да обезбеди за дијаспората информации за развојот на настаните во матичната земја, да ја вклучи во актуелните дебати и да ја информира за можностите за соработка со институциите или компаниите во матичната земја.
Поврзувањето на домашните истражувачи и македонските истражувачи во странство може да резултира во заеднички истражувачки проекти, овозможувајќи му на домашниот систем за истражување пристап до знаењето и мрежата на научната дијаспора, а научната дијаспора може да ги одржува врските со Македонија, правејќи на крајот да е полесно и поверојатно враќањето дома.
Целта на поврзувањето е воспоставување на научна мрежа на домашната научната истражувачка заедница со научната дијаспора, креирање на база на податоци на наши истражувачи во дијаспората, десиминирање на информации за можностите за заедничка соработка, размена на искуства во земјата и странство, што ќе доведе до приближување на резултатите од истражувањето до домашната истражувачка заедница. Дополнително на порталот ќе бидат објавувани и информации за научни собири и конференции кои ќе се организираат во земјата и странство.Порталот наука.мк е преведен и на англиски јазик.

 

 

 

Прием на барања и издавање на пасоши во Европа, САД, Канада и Австралија и Нов Зеланд во 2014 година

23.12.2013 година

Агенцијата за иселеништво на Република Македонија ви го доставува дописот од Министерство за надворешни работи, во коj информира за
____________________________________________________________

Прием на барања и издавање на пасоши во Европа, САД, Канада и Австралија и Нов Зеланд во 2014 година


Се известуваат сите државјани на Република Македонија кои времено или постојано престојуваат во Соединетите американски држави, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Сојузна Република Германија, Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Франција, Велика Британија, Швајцарија, Италија, Австрија и Словенија дека и во текот на 2014 година ќе можат да поднесат барање за добивање на пасоши преку дипломатско - конзуларните преставништва на Република Македонија во горенаведените држави.

Согласно законската процедура, секој државјанин на Република Македонија, пред да поднесе барање до едно од надлежните дипломатко конзуларно преставништва на Република Македонија во Мелбурн, Канбера. Чикаго, Њујорк, Детроит, Торонто, Берлин, Бон, Минхен, Стокхолм, Копенхаген, Хаг, Брисел, Берн, Лондон, Париз, Венеција, Виена и Љубљана, потребно е претходно да го најави својот интерес за добивање на пасош на еден од следните телефонски и факс броеви или е-маил адреси:

Мелбурн: телефон: ++ 61 3 986 722 00; факс: ++ 61 3 986 722 99; е-маил: melbourne@mfa.gov.mk
Канбера: телефон: ++ 612 6282 6220; факс: ++ 612 6282 6229; е-маил: canberra@mfa.gov.mk
Чикаго: телефон: ++ 1 312 419 8020, ++ 1 312 419 8114; факс: ++ 1 312 419 8040; е-маил: chicago@mfa.gov.mk
Детроит: телефон: ++ 1 248 354 5537, ++ 1 248 354 5356; факс: ++ 1 248 354 5538; е-маил: detroit@mfa.gov.mk
Њујорк: телефон: ++ 1 646 524 5750, ++ 1 646 524 5752; факс: ++ 1 646 524 5754; е-маил: cg.newyork@mfa.gov.mk
Торонто: телефон: ++ 1 416 322 21 96; факс: ++ 1 416 322 24 12; е-маил: toronto@mfa.gov.mk
Стокхолм: телефон: ++ 46 8 661 18 30; ++ 46 8 667 21 45; факс: ++ 46 8 667 21 45; е-маил: stockholm@mfa.gov.mk
Копенхаген: телефон: ++ 45 39 76 69 20, ++ 45 39 76 69 28, факс: ++ 45 39 76 69 23; е-маил: copenhagen@mfa.gov.mk
Хаг: телефон: ++ 31 70 427 44 64, ++ 31 70 427 44 65; факс: ++ 31 70 427 44 69; е-маил: hague@mfa.gov.mk
Брисел: телефон: ++ 32 2 734 56 87; факс: ++ 32 2 732 07 17; е-маил: brussels@mfa.gov.mk
Лондон: телефон: ++ 44 207 976 0535, ++ 44 207 976 0538; факс: ++ 44 207 976 0539; е-маил: london@mfa.gov.mk
Париз: телефон: ++ 331 45 77 10 50, ++ 331 45 77 85 77, ++ 331 45 77 10 73; факс: ++ 331 45 77 14 84; е-маил: paris@mfa.gov.mk
Берн: телефон: ++ 41 31 352 00 02, ++ 41 31 352 00 16, ++ 41 31 352 00 28, ++ 41 31 352 00 30; факс: ++ 41 31 352 00 57, ++ 41 31 352 00 37; е-маил: bern@mfa.gov.mk
Венеција: телефон: ++ 39 041 532 02 82, ++ 39 041 532 72 80; факс: ++ 39 041 532 12 79; е- маил: venice@mfa.gov.mk
Берлин: телефон: ++ 49 30 890 69 522; факс: ++ 49 30 895 41 194, ++ 49 30 890 69 525; е-маил: berlin@mfa.gov.mk
Бон: телефон: ++ 49 228 23 7986; ++49 228 23 0971; факс: ++ 49 228 23 77433; е-маил: bonn@mfa.gov.mk
Минхен: телефон: ++ 49 89 542 447 56; факс: ++ 49 89 542 447 58; е-маил: munich@mfa.gov.mk
Виена: телефон: ++ 43 1 524 8756, ++ 43 1 524 8757; факс: ++ 43 1 524 8753; е-маил: vienna@mfa.gov.mk
Љубљана: телефон: ++ 386 1 421 00 21, ++ 386 1 421 00 22; факс: ++ 386 1 421 00 23; е-маил: ljubljana@mfa.gov.mk

Најавувањето може да се изврши во следните периоди:


Прв период: 1 декември 2013 - 31 јануари 2014 година
Втор период: 15 февруари - 30 април 2014 година
Трет период: 15 мај - 31 јули 2014 година
Четврт период: 15 август - 15 октомври 2014 година за Австралија, Нов Зеланд и Европа односно
15 август - 31 октомври 2014 година за САД и Европа
Петти период: 15 ноември - 31 декември 2014 година

При најавувањето, државјаните на Република Македонија треба да ги достават следните податоци:
- име и презиме (за лица со променето име или презиме и името и презимето во моментот на раѓање)
- место, датум и држава на раѓање
- име и презиме на родителите
- последна адреса на живеење во Република Македонија
- тип на пасош за кој се поднесува барање: Тип "А" (македонски, како и македонско - бошњачки, турски, српски, влашки и ромски) и тип "Б" (македонско - албански)
- вид на барањето за пасош (издавање нов пасош, замена на пасош со поминат рок на важност, предвремена замена на пасош чиј рок на важност не е изминат, заменет на оштетен пасош, издавање на "дупликат" пасош доколку пасошот е изгубен или украден)
- адреса на живеење во странската држава
- телефон или е-маил за контакт

Согласно најавата, дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија за истото ќе го информираат Министерството за надворешни работи, кое ќе го информира надлежното Министерство за внатрешни работи на Република Македонија, со цел проверка дали постојат законски пречки за прием на барањето за издавање на пасошот.
Оние државјани за кои Министерството за внатрешни работи ќе утврди дека не постојат законски пречки да биде примено барањето за издавање на пасош, ќе можат да го поднесат барањето во следните периоди и во следните градови:

Соединети Американски Држави и Канада

1. За поднесена најава во периодот од 1 декември 2013 - 31 јануари 2014 година:

1 март - 31 март 2014 - Њујорк и Торонто
1 март - 15 март 2014 - Чикаго
16 март - 31 март 2014 - Детроит

2. За поднесена најава во периодот од 15 февруари - 30 април 2014 година:

1 јуни - 30 јуни 2014 - Њујорк и Торонто
1 јуни - 15 јуни 2014 - Чикаго
16 јуни - 30 јуни 2014 - Детроит

3. За поднесена најава во периодот 15 мај - 31 јули 2014 година:

1 септември - 30 септември 2014 - Њујорк и Торонто
1 септември - 15 септември 2014 - Чикаго
16 септември - 30 септември 2014 - Детроит

4. За поднесена најава во периодот 15 август - 31 октомври 2014 година:

1 декември - 20 декември 2014 - Њујорк и Торонто
1 декември - 10 декември 2014 - Чикаго
11 декември - 20 декември 2014 - Детроит


Австралија и Нов Зеланд

1.За поднесена најава во периодот од 1 декември 2013 -31 јануари 2014 година:

1 март - 9 март 2014 - Мелбурн
10 март - 16март 2014 - Канбера
17март - 18 март 2014 - Вологонг
19 март - 22 март 2014 - Сиднеј
23 март - 24 март 2014 - Бризбан
25 март- 26 март 2014 - Оукланд (Нов Зеланд)
27 март - 29 март 2014 - Перт
30 март - 31 март 2014 - Аделајд

2. За поднесена најава во периодот од 15 февруари - 30 април 2014 година:

1 јуни - 9 јуни 2014 - Мелбурн
10 јуни - 15 јуни 2014 - Канбера
16 јуни - 17 јуни 2014 - Вологонг
18 јуни - 21 јуни 2014 - Сиднеј
22 јуни - 23 јуни 2014 - Њу Касл
24 јуни - 25 јуни 2014 - Бризбан
26 јуни - 28 јуни 2014 - Перт
29 јуни. - 30 јуни 2014 - Аделјад

3. За поднесена најава во периодот 15 мај - 31 јули 2014 година:

1 септември - 10 септември 2014 -Мелбурн
11 септември - 17 септември 2014 - Канбера
18 септември. - 19 септември 2014 - Вологонг
20 септември - 22 септември 2014 - Сиднеј
23 септември - 24 септември 2014 - Њу Касл
25 септември - 26 септември 2014 - Бризбан
27 септември - 28 септември 2014 - Оукланд (Нов Зеланд)
29 септември - 30 септември 2014 - Перт


4. За поднесена најава во периодот 15 август - 15 октомври 2014 година:

15 ноември - 22 ноември 2014 - Мелбурн
23 ноември - 1 декември 2014 - Канбера
2 декември - 3 декември 2014 - Вологонг
4 декември - 7 декември 2014 - Сиднеј
8 декември - 9 декември 2014 - Њу Касл
10 декември. - 11 декември 2014 - Бризбан
12 декември - 13 декември 2014 - Перт
14 декември - 15 декември 2014 - Аделајд

Европа

1. За поднесена најава во периодот од 1 декември 2013 - 31 јануари 2014 година:

1 март - 2 март 2014 - Стокхолм
3 март 2014 - Гетеборг
4 март 2014 - Малме
5 март - 6 март 2014 - Копенхаген
7 март 2014 -Хаг
8 март - 9 март 2014 - Брисел
10 март - 11 март 2014 - Лондон
12 март - 13 март 2014 - Париз
14 март - 16 март 2014 - Берн
17 март -18 март 2014 - Венеција
19 март - 20 март 2014 - Берлин
21 март - 26 март 2014 - Бон
27 март - 28 март.2014 -Минхен
29 март 2014 - Љубљана
30 март - 31 март 2014 - Виена

2. За поднесена најава во периодот од 15 февруари - 30 април 2014 година:

1 јуни - 2 јуни 2014 - Стокхолм
3 јуни 2014 - Гетеборг
4 јуни 2014 - Малме
5 јуни - 6 јуни 2014 - Копенхаген
7 јуни 2014 - Хаг
8 јуни - 9 јуни 2014 - Брисел
10 јуни - 11 јуни 2014 - Лондон
12 јуни - 13 јуни 2014 - Париз
14 јуни - 16 јуни 2014 - Берн
17 јуни - 18 јуни 2014 - Венеција
19 јуни - 20 јуни 2014 - Берлин
21 јуни - 26 јуни 2014 - Бон
27 јуни - 28 јуни 2014 - Минхен
29 јуни 2014 - Љубљана
30 јуни 2014 - Виена


3. За поднесена најава во периодот 15 мај -31 јули 2014 година:

1 септември - 2 септември 2014 - Стокхолм
3 септември 2014 - Гетеборг
4 септември 2014 - Малме
5 септември - 6 септември 2014 -Копенхаген
7 септември 2014 - Хаг
8 септември - 9 септември 2014 - Брисел
10 септември - 11 септември 2014 - Лондон
12 септември - 13 септември 2014 - Париз
14 септември - 16 септември 2014 - Берн
17 септември - 18 септември 2014 - Венеција
19 септември - 20 септември 2014 - Берлин
21 септември -26 септември 2014 - Бон
27 септември - 28 септември 2014 - Минхен
29 септември 2014 - Љубљана
30 септември 2014 - Виена

4. За поднесена најава во периодот 15 август - 15 октомври 2014 година:

15 ноември - 16 ноември 2014 - Стокхолм
17 ноември 2014 - Гетеборг
18 ноември 2014 - Малме
19 ноември - 20 ноември 2014 - Копенхаген
21 ноември 2014 - Хаг
22 ноември - 23 ноември 2014 - Брисел
24 ноември - 25 ноември 2014 - Лондон
26 ноември - 27 ноември 2014 -Париз
28 ноември - 30 ноември 2014 - Берн
1 декември - 2 декември 2014 - Венеција
3 декември - 4 декември 2014 - Берлин
5 декември - 10 декември 2014 - Бон
11 декември - 12 декември 2014 - Минхен
13 декември 2014 - Љубљана
14 декември -15 декември 2014 - Виена

При поднесувањето на барањето за пасош државјаните на Република Македонија задолжително треба да презентираат оригинален валиден документ за идентификација (валиден македонски или странски документ со фотографија и податоци за лицето кое поднесува барање за пасош) и копија од истиот.
Доколку се поднесува барање за издавање на пасош на лице кое го изгубило пасошот или истиот му е украден, потребно е да биде доставен и оригинален документ - потврда од Службен весник на Република Македонија за пријавено губење на пасошот. Со барањето се поднесува и оригинален документ за пријава на губењето или кражбата на пасошот и копија на истиот, како и изјава дадена во оригинал од носителот на пасошот.
Поднесувањето на барањето за пасош се врши лично, а за малолетните деца потребно е присуство на двајцата родители односно старателот (старателството се докажува со соодветен оригинален документ - судско решение за старателство и копија од истиот). Доколку едниот родител не е присутен при поднесувањето на барањето за пасош потребна е негова, во оригинал, писмена согласност дадена во форма на полномошно односно изјава, која е заверена на нотар, суд или во дипломатско - конзуларното претставништво на Република Македонија. При поднесувањето на барањето за пасош за малолетно лице задолжително се презентира оригинален македонски извод од матичната книга на родените и копија од истиот.
За хендикепирани лица барањето го поднесува законски определениот старател (старателството се докажува со оригинален документ и копија од истиот), а се поднесува и оргинална болничка документација за доказ на болеста или степенот на хендикеп, како и копија од истата.
За барањата за предвремена замена на пасош со поминат рок на важност, на пасош чиј рок на важност се уште не е поминат или оштетен пасош, при поднесувањето на барањето задолжително се презентира пасошот и копија од истиот.
Сите документи кои се поднесуваат при аплицирањето за пасош, задолжително треба да бидат на македонски јазик. Доколку се поднесува странски документ истиот задолжително треба да биде преведен на македонски јазик, со заверен превод.
При поднесувањето на барањето се плаќа или се доставува доказ за платена конзуларна такса согласно Законот за административни такси. Информација за висината на конзуларната такса може да се добие во надлежното дипломатско - конзуларно претставништво на Република Македонија.
При поднесувањето на барањето за пасош, државјаните на Република Македонија задолжително пополнуваат и пријава за престој во странство подолго од три месеци.

Врачувањето на изработени пасоши ќе се врши во следните периоди и градови:

Соединети Американски Држави и Канада

1. За поднесени барања во периодот 1 март - 31 март 2014 година:

1 јуни - 30 јуни 2014 - Њујорк и Торонто
1 јуни - 15 јуни 2014 - Чикаго
16 јуни - 30 јуни 2014 - Детроит

2. За поднесени барања во периодот 1 јуни - 30 јуни 2014 година:

1 септември - 30 септември 2014 - Њујорк и Торонто
1 септември - 15 септември 2014 - Чикаго
16 септември - 30 септември 2014 - Детроит

3. За поднесени барања во периодот 1 септември - 30 септември 2014 година:

1 декември - 20 декември 2014 - Њујорк и Торонто
1 декември - 10 декември 2014 - Чикаго
11 декември - 20 декември 2014 - Детроит


Австралија и Нов Зеланд

1. За поднесени барања во периодот 1 март - 31 март 2014 година:

1 јуни - 9 јуни 2014 - Мелбурн
10 јуни - 15 јуни 2014 - Канбера
16 јуни - 17 јуни 2014 - Вологонг
18 јуни - 21 јуни 2014 - Сиднеј
22 јуни - 23 јуни 2014 - Њу Касл
24 јуни - 25 јуни 2014 - Бризбан
26 јуни - 28 јуни 2014 - Перт
29 јуни. - 30 јуни 2014 - Аделјад

2. За поднесени барања во периодот 1 јуни - 30 јуни 2014 година:

1 септември - 10 септември 2014 -Мелбурн
11 септември - 17 септември 2014 - Канбера
18 септември. - 19 септември 2014 - Вологонг
20 септември - 22 септември 2014 - Сиднеј
23 септември - 24 септември 2014 - Њу Касл
25 септември - 26 септември 2014 - Бризбан
27 септември - 28 септември 2014 - Оукланд (Нов Зеланд)
29 септември - 30 септември 2014 - Перт

3. За поднесени барања во периодот 1 септември - 30 септември 2014 година:

15 ноември - 22 ноември 2014 - Мелбурн
23 ноември - 1 декември 2014 - Канбера
2 декември - 3 декември 2014 - Вологонг
4 декември - 7 декември 2014 - Сиднеј
8 декември - 9 декември 2014 - Њу Касл
10 декември. - 11 декември 2014 - Бризбан
12 декември - 13 декември 2014 - Перт
14 декември - 15 декември 2014 - Аделајд


Европа

1. За поднесени барања во периодот 1 март - 31 март 2014 година:

1 јуни - 2 јуни 2014 - Стокхолм
3 јуни 2014 - Гетеборг
4 јуни 2014 - Малме
5 јуни - 6 јуни 2014 - Копенхаген
7 јуни 2014 - Хаг
8 јуни - 9 јуни 2014 - Брисел
10 јуни - 11 јуни 2014 - Лондон
12 јуни - 13 јуни 2014 - Париз
14 јуни - 16 јуни 2014 - Берн
17 јуни - 18 јуни 2014 - Венеција
19 јуни - 20 јуни 2014 - Берлин
21 јуни - 26 јуни 2014 - Бон
27 јуни - 28 јуни 2014 - Минхен
29 јуни 2014 - Љубљана
30 јуни 2014 - Виена

2. За поднесени барања во периодот 1 јуни - 30 јуни 2014 година:

1 септември - 2 септември 2014 - Стокхолм
3 септември 2014 - Гетеборг
4 септември 2014 - Малме
5 септември - 6 септември 2014 -Копенхаген
7 септември 2014 - Хаг
8 септември - 9 септември 2014 - Брисел
10 септември - 11 септември 2014 - Лондон
12 септември - 13 септември 2014 - Париз
14 септември - 16 септември 2014 - Берн
17 септември - 18 септември 2014 - Венеција
19 септември - 20 септември 2014 - Берлин
21 септември -26 септември 2014 - Бон
27 септември - 28 септември 2014 - Минхен
29 септември 2014 - Љубљана
30 септември 2014 - Виена

3. За поднесени барања во периодот 1 септември - 30 септември 2014 година:

15 ноември - 16 ноември 2014 - Стокхолм
17 ноември 2014 - Гетеборг
18 ноември 2014 - Малме
19 ноември - 20 ноември 2014 - Копенхаген
21 ноември 2014 - Хаг
22 ноември - 23 ноември 2014 - Брисел
24 ноември - 25 ноември 2014 - Лондон
26 ноември - 27 ноември 2014 -Париз
28 ноември - 30 ноември 2014 - Берн
1 декември - 2 декември 2014 - Венеција
3 декември - 4 декември 2014 - Берлин
5 декември - 10 декември 2014 - Бон
11 декември - 12 декември 2014 - Минхен
13 декември 2014 - Љубљана
14 декември -15 декември 2014 - Виена

При врачувањето на пасошите државјаните на Република Македонија задолжително треба да презентираат оригинален валиден документ за идентификација (валиден македонски или странски документ со фотографија и податоци за лицето кое поднесува барање за пасош)
Доколку е извршена замена на пасош со поминат рок на важност, на пасош чиј рок на важност се уште не е поминат или оштетен пасош, при врачување на новиот пасош, задолжително се поднесува и стариот пасош заради негово поништување.
Информација за поднесување на барања за пасоши и нивно издавање може да се добие и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија на телефон: +389 2 3133 062, мобилен телефон: +389 75 350 938 или на е-маил адреса: mobilnistanici@mfa.gov.mk
Министерството за надворешни работи напоменува дека во зависност од интересот на македонските државјани во странство за добивање на пасоши преку дипломатско - конзуларните претставништва на Република Македонија, во текот на годината можно е во случај на потреба (доколку има доволен број на барања за пасоши) да бидат опфатени и други градови во рамките на утврдените термини, кои исто така, доколку има потреба можат евентуално да претрпат и соодветни измени, за што граѓаните на Република Македонија ќе бидат благовремено информирани.

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ

Скопје, 22 ноември 2013 година

 

 

 

Соопштение

06.12.2013 година

Државниот Службеник Мирвете Лимани од Агенцијата за иселеништво e контакт лице назначено од Агенцијата за комуникација со граѓани кои имаат некаков вид и степен на попреченост со цел укажување на помош.

 

 

 

СООПШТЕНИЕ

30.07.2011 година

Се известуваат сите иселеници од Македонија, државјани на Република Македонија кои поседуваат и државјанство на друга странска држава, а имаат намера да патуваат во Република Македонија, без да поседуваат македонска патна исправа, дека е потребно да поднесат пријава за нивниот престој во странство, подолго од 3 месеци, до ДКП на Република Македонија во странство или во подрачната единица на Министерството за внатрешни работи во местото на последното живеалиште или на самиот граничен премин при излез од Република Македонија, во согласност со Законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште.

 

 

 

<< Предходни 1 2 3 4 5 6 7 Следни >>