За нас - Стратешки план - Програма

НАЦРТ СТРАТЕШКИ ПЛАН НА АГЕНЦИЈА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО 2015-2017

16.04.2015 година


1.1. ВОВЕД


Стратешкиот план на Агенцијата за иселеништво е среднорочен план на активности за периодот 2015-2017 година, кои претставуваат основа за дефинирање и реализација на општите и конкретни цели на Агенцијата, во согласност со Одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата на Република Македонија за 2015 година.
Во согласност со интегралниот систем на планирање и буџетирање, овој Стратешки план е придружен документ на буџетската пресметка на Агенцијата за иселеништво за 2015 година, во согласност со Законот за изменување и дополнување на Законот за буџетите од 28.12.2012 год.
Во Стратешкиот план за 2015-2017 година на Агенцијата за иселеништво се содржани целите и задачите на организациските единици и на Агенцијата во целина, активностите за остварување на тие цели, како и ефектите и резултатите на истите.
Преку реализирање на активностите од Стратешкиот план, Агенцијата за иселеништво треба да одговори на обврските што произлегуваат од нејзините надлежности утврдени со Законот за организација и работа на органите на државната управа, Програмата на Владата на Република Македонија и Заклучоците на Владата на Република Македонија.


1.2. ЦЕЛ (МИСИЈА) НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Агенцијата за иселеништво е орган на државната управа, чија основна цел е потикнување, помагање и одржување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија, преку негување на македонскиот јазик и култура на иселениците во средините каде живеат, како интеграција во општествениот живот на Република Македонија преку нивно вклучување во јавниот и економскиот живот.


1.3. ВИЗИЈА

Зачуван национален идентитет и интегрираност на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија.


1.4 ЗАДАЧИ И ОБВРСКИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Задачите и обврските на Агенцијата за иселеништво се утврдени во Законот за организација и работа на органите на државната управа и тие се во функција на:

- унапредување на положбата и правата на иселениците од Македонија;
-поттикнување на културниот развој на иселениците,
-информирање на иселениците со состојбата во Република Македонија и унапредување на врските со нив и нивните организации,
-создавање услови за реинтеграција на иселениците и нивно вклучување во јавниот и економскиот живот во Република Макједонија,
-остварување контакти во земјата со припадници на македонските иселеници преку одржување на системска мрежа со единиците на централната власт, локалните власти и заедницата на единиците на локалната самоуправа и давање стручно техничка помош на иселениците во процесот на инвестирање во Република Македонија.


1.5. СПЕЦИФИЧНОСТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Агенцијата за иселеништво е самостоен орган на државната управа кој има исклучива законска надлежност - грижа за положбата, правата и интересите на иселениците од Македонија, без разлика дали се или не државјани на Република Македонија и на нивната етничка припадност.


1.6 СТРУКТУРА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Со Правилникот за систематизација на работните места се утврдува вкупниот број на државни службеници, како и работници кои немаат статус на државен службеник, распоредот и описот на работните места по организационите единици потребни за вршење на работите од надлежност на Агенцијата за иселеништво.
Со Агенцијата за иселеништво раководи Директор и заменик на Директорот кои се избрани и именувани функционери на Владата на Република Македонија.

Организациски единици во Агенцијата за иселеништво се:

1- Сектор за правни, економски работи и реинтеграција на иселениците од Македонија,
1.1-Одделение за правни работи
1.2-Одделение за економски работи и реинтеграција на иселеници од Македонија
2- Сектор за оддржување на врските со иселеништвото, информирање, културен развој и образование на иселениците
2.1-Одделение за комуникација и оперативна соработка со иселеништвото
2.2-Одделение за информирање
2.3-Одделение за културен развој на иселеништвото
2.4-Одделение за образование.
Како посебни одделенија се:
3. Одделение за финансиски прашања
4. Одделени за човечки ресурси
5. Одделение за ревизија.








1.6. ПРИОРИТЕТИ И ЦЕЛИ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО

Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија

- Унапредување и одржување на националниот, јазичниот и културниот идентитет на иселениците од Македонија, пред се за најмладата генерација на иселеници,
-Чување и негување на македонскиот јазик преку организирање на Летна Школа по македонски јазик за децата на иселениците од Македонија, како и издавање и печатење на учебни помагала за полесно изучување на македонскиот јазик во нивните средини,
-издавање на книги чии автори се иселеници од Македонија,
- потикнување на иселениците –поети да пишуваат поезија и со свои книги –поезии да учествуваат на манифестацијата Струшки вечери на поезијата, на која Агенцијата ја доделува наградата ,,Стојан Христов,,
- Потикнување за чување и негување на културата кај иселениците од Македонија,
-промоција на македонското културно и историско наследство,
- претставување на достигнувањата на иселениците и иселеничките организации во чувањето и негувањето на македонската култура во Република Македонија,
-Организирање на Фолклорен фестивал во Република Македонија, каде ќе земат учество фолклорните друштва од иселеништвото и
- Запознавање на младите иселеници со традицијата, обичаите, културата и современиот начин на живот во Република Македонија и стимулирање на контакти помеѓу младите од иселеништвото и младите од Република Македонија, преку организирање на проектната активност насловена ,,Запознај ја Македонија,, (Macedonia Heritage village).


Мапирање на дијаспората

- Aжурирање на база на податоци за иселеничките организации и црковни општини (контакт адреси, профил и сл.),
- Мапирање на иселениците од Македонија и ажурирање на базите на податоци за иселениците кои се регистрираат според разни професии (бизнисмени, научници, менаџери и фирми од иселеништвото),
- Ажурирање на контакт електронски пошти од иселенички организации и зголемување на адресите на електронска пошта на иселеници поединци и
- Евидентирање на статистички податоци на иселеници од Македонија по земји во Европа, како и во САД, Канада и Австралија.


Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија

- Промовирање на државјанството на Република Македонија помеѓу иселениците;
- Информирање на иселениците од Македонија за Изборниот законик на Република Македонија и изборниот процес и начинот на остварување на активното и пасивното избирачко право, со цел вклучување во јавно-политичкиот живот на Република Македонија,
- Организирање на Годишна конференција на иселеничките организации,
- Одржување на системска мрежа со подрачните единици на централната власт, со локалните власти и Заедницата на локална самоуправа, се со цел информирање на иселениците за економските потенцијали на Република Македонија по стопански гранки и можноста за ивестирање,
- Непосредни контакти со иселениците и давање на стручно - техничка помош од повеќе области и
- Давање општи информации на иселениците околу нивна реинтеграција како и упатување на иселениците до надлежните институции во Република Македонија за решавање на нивните потреби и интереси;
- одржување на форуми на иселеници според одделни професии.


1.7. ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА 2013 ГОДИНА

Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
-Реализиран е проектот ,,Летна Школа по македонски јазик,, по шести пат во периодот од 4-10 август 2013 наменет за изучување на македонскиот јазик за младата генерација иселеници од Македонија, на која присуствуваа 36 деца,
-Доделена е наградата ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестацијата Струшки вечери на поезијата на иселеникот Иван Трпоски од Австралија за книгата поезија ,,Угреј сонце во мојата душа ,,
- Издадени и испечатени се следните книги од автори иселеници и тоа: поезијата - Спиридон на Јосиф Грижловски-Гандето од САД , ,,Угреј сонце во мојот сон,, на Иван Трповски од Австралија, ,,Верига на чувствата,, на Маја Доневска Ивановска од Торонто, Канада, ,,Сенки на северот,, на Ивица Челиковиќ од Шведска.
-Издадено и испечатено учебно помагало- втора фаза Граматика, за изучување на македонскиот јазик за најмладата генерација иселеници и дистрибуирано до училиштата по македонски јазик во иселеништвото,
- Собрани информации за училиштата кои изведуваат дополнителна настава по македонски јазик како и по албански јазик во земјите во Европа каде што живеат иселениците, потоа собрани информации за нивниот библиотечен фонд на книги, како и за нивните потреби од учебници и други помагала, утврдување на бројот на учители, потенцијални ученици, контакт-адреси, начинот на финансирање, активности за прибирање на информации за наставници на албански јазик за иселеници-албанци од Македонија,
-Агенцијата за иселеништво беше учесник и покровител на Љубанските иселенички средби 2013 во село Љубојно, Ресен и Грнчарски средби во с.Грнчари, Ресен.
-Во Ноември 2013 се промовира Адресарот на бизнисмени од Мелбур на г-дин Трајче Бошковски од Мелбурн, Австралија
-Дистрибуција на постери од убавините на Македонија, знамиња и книги до организации кои преку културни манифестации и преку обогатување на штандовите, ја промовираат Македонија.
-Подготовка во насока на реализација на Проектот„ Запознај ја Македонија“ предложен од страна на г-дин Питер Далас и кој има континуитет од 2 години


Мапирање на дијаспората
- Aжурирање на база на податоци за иселеничките организации и црковни општини (контакт адреси, профил и сл.), преку секојдневна комуникација со иселеници и претставници од надлежни институции.
- Мапирање на иселениците од Македонија и ажурирање на базите на податоци за иселениците кои се регистрираат според разни професии (бизнисмени, научници, менаџери и фирми од иселеништвото),
- Ажурирање на контакт електронски пошти од иселенички организации и зголемување на адресите на електронска пошта на иселеници поединци и
- Евидентирање на статистички податоци на иселеници од Македонија по земји во Европа, како и во САД, Канада и Австралија.

Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија
-Од 25-26 јули 2013 во Скопје се одржаа Четвртата годишна конференција на иселенички организации од Австралија, САД, Канада и од Европа, со вкупно присутни 120 претставници од иселенички организации.
- Испратени дописи до сите евидентирани иселеници –бизнисмени (инвеститори) и иселеници-бизнисмени повратници за проектот за формирање на Координативно тело од иселеници-бизнисмени–повратници и иселеници бизнисмени-инвеститори.
-Изработени се 30 (триесет) детални Профили на бизнисите во сопственост на иселениците од Македонија во Република Македонија,
-Во врска со одржување на системската мрежа со единиците на локалната власт и заедницата на единиците на локалната самоуправа испратени се 187 дописи до сите единици на локалната самоуправа со барање за назначување на контакт лица помеѓу општините и Агенцијата за иселеништво со цел давање техничка помош на иселениците во процесот на инвестирање во Република Македонија. Одговор имаат доставено 47 општини.
- Информирање на Интернет страната на Агенцијата за иселеништво за нови инвестиции на иселеници или иселеници-поединци.



1.8 . ОСВРТ НА ПОСТИГНАТИТЕ РЕЗУЛТАТИ ЗА 2014 ГОДИНА

Во текот на 2014 година Агенцијата за иселеништво работеше на реализирање на активностите кои беа утврдени во Стратешкиот план по програми:

Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
-Од 4-14 јуни 2014 година Агенцијата за иселеништво организира турнеја на Македонско-австралскиот театар од Сиднеј, кој се претстави низ неколку градови низ Македонија со Претставата „ Борење со мечка“. Покрај учеството на Фестивалот за театарски претстави „Војдан Чернодрински„ во Прилеп, театарската група настапи во: Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола и Охрид.
-Во периодот од 1-10 јуни 2014 Агенцијата за иселеништво организираше Фолклорна турнеја на Културно-уметничкото друштво ,,ИЛИНДЕН“ од Мелбурн со настапи на: Фолклорен фестивал во организација на Агенцијата за иселеништво во Скопје, настап на Фестивал „Разиграно оро“ во Охрид, настап на „Векул“во Вевчани, настап на Балкански фестивал во Охрид, настап на Битфест во Битола и слободни настапи во Крушево, Прилеп и Струмица.
Во периодот од 1-29 јули 2014 Агенцијата за иселеништво организираше Фолклорна турнеја на Културно-уметничкото друштво ,,Александар Трети Македонски “ од Мелбурн со настапи на: Фолклорен фестивал во организација на Агенцијата за иселеништво во Скопје, настап на Фестивал „Разиграно оро“ во Охрид, настап на „Векул“во Вевчани, настап на Балкански фестивал во Охрид, настап на Битфест во Битола и слободни настапи во Крушево, Прилеп и Струмица, Дојран, настап на Фестивал „ Александар Македонски “ во Охрид, настап на „Илинденски денови“ во Битола и настап во Музејот на Националната Борба во Скопје на Манифестацијата „Македонија памти“ на доделување на ордени и признанија на заслужни иселеници и иселенички организации од страна на Претседателот на Република Македонија Д-р Ѓорге Иванов.
-Реализиран е проектот ,,Летна Школа по македонски јазик,, по шести пат во периодот од 4-10 август 2014 година во Охрид наменет за изучување на македонскиот јазик за младата генерација иселеници од Македонија, на која присуствуваа 20 деца,
- Во тек е Доделување на наградата ,,Стојан Христов,, во рамки на манифестацијата Струшки вечери на поезијата
- Издадени и испечатени се следните книги од автори иселеници и тоа: поезијата „Огледало на мојата душа“ од Стојан Ѓоргиев од Берлин; „Анатомија на чувствата“ од Лилјана Стоилковска –Андоновска; „Баргала“ од Јорде Петровски, Драги Арсов и ,,Двојник од Жаклина Михајлова, Бизнис адресар за Мелбурн, Викторија на Трајче Бошковски од Мелбурн.
-Овие издадени книги се промовираа на Петтата годишна конференција на иселеничките организации
-Реиздадено е учебно помагало за македонски јазик прва фаза и помагало втора фаза за македонската литература и граматика на м-р Наташа З.Стојановска, Сузана Сурловска Ѓеоргиевска , д-р Благојка З.Адамова и Рената Стојановска кое ќе послужи за полесно изучување на македонскиот јазик и граматика за најмладата генерација иселеници од Македонија
- Собрани повеќе информации за училиштата кои изведуваат дополнителна настава по македонски јазик како и по албански јазик во земјите во Европа каде што живеат иселениците, собрани информации за нивниот библиотечен фонд на книги, како и за нивните потреби од учебници и други помагала, утврдување на бројот на учители, потенцијални ученици, контакт-адреси, начинот на финансирање, активности за прибирање на информации за наставници на албански јазик за иселеници-Албанци од Македонија,

Мапирање на дијаспората
-Прибрани официјални информации за статистички податоци за иселениците од Македонија во Романија, Црна Гора, Германија, Италија, Србија и Швајцарија и евидентирани на Интернет страницата на Агенцијата,
Од досегашните активности се овозможи :
-Прибрани и евидентирани нови контакт - адреси на иселенички организации и евидентирани промени на контакт адреси на иселенички организации,
-Прибрана и евидентирана електронска пошта на иселеници од Македонија и иселенички организации.

Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија.
- На 23 и 24 јули во Скопје се одржа Петтата годишна конференција на иселенички организации од Австралија, САД, Канада и од Европа, со вкупно присутни 130 претставници на иселеничките организации.
-Во рамки на Годишната конференција доделени се одликувања за заслуги за Македонија на 9 иселеници индивидуалци и 9 иселенички организации вкупно од сите континенти во светот, од страна на Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Агенцијата за иселеништво ја организираше Манифестацијата, го објави Јавниот повик преку своите алатки за комуникација, ги прибираше пријавите за физички и правни лица, ги достави досиета до Комисијата на Претседателот и ги извести одликуваните добитници.






1.9 ПРОГРАМИ

Приоритетите и целите на Агенцијата за иселеништво се реализирани во 3 програми:
1. Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
2. Мапирање на дијаспората
3. Интегрирање на иселениците во општествениот живот на Република Македонија




-+2. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ
2.1. А: Оправданост и дизајн на Програмата Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
Образложение: Програмата Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија произлегува од Стратешкиот приоритет на Владата на РМ содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2015 година
-Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење.
2. НПАА (точно идентификувајте го приоритетот на ЕП, Поглавјето, ,секторот и темата од НПАА)
3. Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа :
- Заштита и одржување на културното наследство во севкупното општество и промовирање на културната разноликост;

Назив на програмата: Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
Цел на Програмата:
Поттикнување и помагање за одржување на националниот,културниот, образовниот и јазичниот идентитет на иселениците од Македонија, пред се за најмладата генерација на иселеници.
Показатели за успех на Програмата:
Зголемениот број на деца кој ќе учествуваат на Летната Школа,број на поети кој ќе конкурираат на Струшки вечери на поезијата,број на издадени и испечатени книги на автори иселеници од Македонија, број на набавени книги за потребите на библиотеките иселеничките организации, број на организирани излижби на уметнички дела, настапи на Културно уметнички друштва и театарски претстави.
Програмата е: (забележете го видот на Програмата)
хоризонтална х вертикална
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата :
Подпрограма 1: -
Организирање на Летна Школа по македонски јазик за деца на иселениците од Македонија
Показател за успешност: Број на пријавени деца на иселеници од Македонија кои ќе следат настава по македонски јазик
Подпрограма 2: -
Учество на манифестацијата Струшки вечери на поезијата Показател за успешност: Број на поети автори од иселеници од Македонија кои ќе учествуваат на Струшки вечери на поезијата
Поттпрограма 3: -
Издавање ( печатење) книги и учебни помагала на автори од иселеништвото Показател на успешност: Број на издадени и испечатени книги на автори од иселеништвото
Поттпрограма 4: -
Набавка на книги за збогатување на библиот. на исел. организации Показател на успешност: Библиотеки збогатени со книги од македонски автори и автори на етничките заедници во Република Македонија
Потпрограма 5: –
Претставување на достигнувањата на иселеничките организации и иселениците од Македонија за чување и негување на културата
Показател на успешност:Организирани изложби на уметнички дела,настапи на Културно уметнички друштва и театарски претстави , промоции на книги и литературни читања.





Б: План за спроведување на Програмата




Потпрограма 1: - Летна школа по македонски јазик за деца на иселениците од Македонија

Активност Одговорни Консултирани Временска рамка 2015 -2017 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Ангажирање на двајца наставници кои ќе ја одржуваат наставата по македонски јазик Агенција за иселеништво Министерство за образование Фебруари
Јули
4 50.000,00
Активности за избор на хотел за сместување на деца на иселеници од Македонија во Охрид (јавна набавка) АИ Март јуни 5 310.000,00
Посета на културно-историски споменици во Охрид
АИ Август Август 1 30.000,00
Материјали потребни за одржување на Летната школа (папки, работни тетратки, пенкала, беџови,маици, топки АИ
Март
Јуни
4 100.000,00

Вкупно за потпрограма 1:1 490.000,00
















Потпрограма 2: - Струшки вечери на поезијата

Активност Одговорни Консултирани Временска рамка
2015 -2017година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Награда за Комисијата за избор на книга поезија на автор иселеник, добитник на награда Агенција за иселеништво Манифестација Струшки вечери на поезијата Август Август 2 30.000,00
Награда ,,Стојан Христов,,
АИ Август Август
30.000,00
Печатење на книга АИ Март Јули
5 30.000,00
Превоз и сместување на претставник од Агенцијата кој ќе ја додели наградата АИ Август

Август 1 10.000,00
Промоција на наградената книга поезија Август Декември
5
10.000,00

Вкупно за потпрограма 2:1 110.000,00
















Потпрограма 3: – Издавање (печатење) на книги и учебни помагала на автори од иселеништвото

Активност Одговорни Консултирани Временска рамка 2015 -2017 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Објава на конкурс за печатење на книги на автори –иселеници од Македонија Агенција за иселеништво Фебруари
Април 3
Припрема на книга за печатење (графичка обработка и дизајн)
Фебруари Мај 2 50.000,00
Печатење на книги АИ Фебруари Јјули 4 280.000,00
Дизајн и печатење на постери АИ Фебруар Јуни 5 100.000,00
Промоции на книги на иселеници и организирање на литературни читања АИ Јуни Октомври 100.000,00

Вкупно за потпрограма 3:1 530.000,00
















Потпрограма 4: - Набавка на книги и други промотивни материјали за збогатување на библиотеките на иселеничките организации



Активност Одговорни Консултирани Временска рамка 2015 -2017 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки Финансиски
MKД
Набавка на книги Агенција за иселеништво Министерство за култура јануари Декември 4 200.000,00
Поштенски трошоци АИ Јануари Декември 1 50.000,00
Набавка на знамиња
АИ Март Април 5 1.500.000,00
Набавка на други промотивни материјали АИ Април Септемвр 5 50.000,00

Вкупно за потпрограма 4:1 1.800.000,00














Подпрограма 5 : Претставување на достигнувањата на иселеничките организации и иселениците од Македонија за
чување и негување на културата


Активност Одговорни Консултирани Временска рамка
2015 – 2017 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки Финансиски
MKД
Организирање на изложби (слики и фотографии) Агенција за иселеништво Март Ноември 4 100.000,00
Организирање настапи на Културни уметнички друштва од иселеништвото
АИ Министерство
за култура Март Август 5 100.000,00
Организирање на театарски претстави на уметнички друштва од иселеништвото и концерти АИ Март Август 2 150.000,00
Промоции на книги на иселеници и организирање на литературни читања АИ Јуни Октомври 3 100.000,00



Вкупно за потпрограма :1 450.000,00










2. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ
1 А: Оправданост и дизајн на Програмата Мапирање на дијаспората

Образложение: Програмата Мапирање на дијаспората произлегува од Стратешкиот приоритет на Владата на РМ содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2015 година
--Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење.

2. НПАА (точно идентификувајте го приоритетот на ЕП, Поглавјето, ,секторот и темата од НПАА)
3. Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа :
-Промоција на економските интереси и приоритети во странство и претставување на државата како привлечна дестинација за странски инвестиции ;

Назив на програмата: Мапирање на дијаспората
Цел на Програмата: Изработка на повеќе бази на податоци по разни основи
Показатели за успех:
- Зголемување на бројот на иселеници кои доброволно се пријавуваат, како и заинтересираност на иселениците за постојано ажурирање на податоците, преку известување за промени на контакт адреси назив, седиште и слично.

Програмата е: (забележете го видот на Програмата)
хоризонтална х вертикална
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата :
Подпрограма 1: -
Ажурирање на база на податоци на иселеничките организации и црковни општини
Показател за успешност:
Континуирано ажурирање на базата на податоци (точни контакт адреси)
Подпрограма 2: -
Мапирање на иселениците од Македонија (регистрација на иселениците) Показател за успешност:
Зголемување на бројот на иселеници од Македонија кои сами се пријавуваат на доброволна основа
Подпрограма 3: -
Категоризација на иселеници по професии
Показател за успешност:
Изработка на база на податоци по профили на иселеници

2.1. Ажурирање на иселеничките организации
Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Објавување на адресар во дигитална форма АИ Април 2015 Мај 2015 2 50.000,00

Вкупно за потпрограма 1:2 50.000,00



2.2. Регистрација на иселеници од Македонија
Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Припремни активности АИ Јануари 2015 Декември 2015 50.000,00

Вкупно за потпрограма 2:2 50.000,00



2.3. Категоризација на иселеници по профили
Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Припремни активности АИ Април 2014 Октомври 2014 50.000,00

Вкупно за потпрограма 3:2 50.000,00








3. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ
1. А: Оправданост и дизајн на Програмата Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија
Образложение: Програмата Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија произлегува од Стратешкиот приоритет на Владата на РМ содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2015 година
-Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење.

2. НПАА (точно идентификувајте го приоритетот на ЕП, Поглавјето, ,секторот и темата од НПАА)
3 .Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа :
-Промоција на економските интереси и приоритети во странство и претставување на државата како привлечна дестинација за странски инвестиции

Назив на програмата: Интегрирање на иселениците од Македонија во опшествениот живот на Република Македонија
Цел на Програмата:
Запознавање на иселениците со состојбите во Република Македонија и создавање услови за нивна реинтеграција и нивно вклучување во јавниот и економски живот во Република Македонија како и остварување на контакти во земјата со припадници на македонските иселеници преку одржување на системска мрежа со единиците на централната власт локалните власти и заедницата на единиците на локалната самоуправа и давање на стручно техничка помошна иселениците во процесот на инвестирање во Република Македонија и на план на извоз на македонски производи во странсрво
Показатели за успех на Програмата:
Програмата е: (забележете го видот на Програмата)
хоризонтална х вертикална
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата :
Подпрограма 1: -
Промовирање на државјанството на Република Македонија помеѓу иселениците и информирање на иселениците со Изборниот законик
Показател за успешност:
Зголемен број на иселеници од Македонија кои поднесуваат барања за стекнување со државјанство на Република Македонија, број на иселеници повратници во Република Македонија и број на иселеници од Македонија кои инвестираат во Република Македонија.
Потпрограма 2: -
Годишна Конференција на иселеничките организации во Република Македонија Показател за успешност:
Зголемен број на иселенички организации и иселеници поединци кои се пријавуваат за учество на Годишната конференција
Подпрограма 3: -
Одржување на системска мрежа со локалната самоуправа Показател за успешност:
Зголемување на бројот на компании и иселеници кои имаат намера да инвестираат во општините на Република Македонија
Поттпрограма 4:-
Информирање на иселениците, Посета на иселенички организации Показател за успешност
Соработка на иселеничките организации со Агенцијата за иселеништво
Поттпрограма 5:-
Организирање форуми на иселеници по професии Показател за успешност
Соработка и дружење на иселениците од повеѓе иселенички средини од иста професија

3.1 Промовирање на државјанство на Република Македонија и информирање за Изборниот законик

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Промоција во иселеничките средини АИ Март 2015 Ноември 2015 4 100.000,00

Вкупно за потпрограма 1:3 100.000,00

3.2 Годишна конференција на иселеничките организации

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Припремни активности АИ Јануари
2015 Јуни
2015 10 20.000,00
Печатење на папки, тетратки, набавка на беџови АИ Март
2015 Јуни 2015 4 100.000,00
Сместување и ангажирање на сала за одржување на конференција со озвучување за 2 дена АИ Март
2015 Јуни 2015 5 700.000,00
Други трошоци АИ Фебруари 2015 Јули 2015 80.000,00

Вкупно за потпрограма 2:3 900.000,00

3.3 Одржување на системска мрежа со локалната самоуправа

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Припремни активности и посети на локалната самоуправа во РМ АИ Фебруар 2015 Октомвр
2015 6 100.000,00

Вкупно за потпрограма 3:3 100.000,00


3.4 Информирање на иселениците од Македонија

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Организирање на посети на иселеничките организации АИ Март
2015 Ноември
2015 600.000,00
Организирање на иселеничка манифестација Љубојно и Грнчари АИ август
2015 август
2015 60.000,00
Вкупно за потпрограма 4:3 660.000,00



3.5. Организирање на форуми на иселеници по одредени професии

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Припремни активности и одржување на Форум на лекари, информатичари АИ Јануари 2015 Септември 2015 100.000,00

Вкупно за потпрограма 5:3 110.000,00




















ПРОГРАМА Резиме на потреба од нови вработувања Резиме на потреба од прераспределба на вработените Резиме на потреба од обуки


4. Принципи на правична застапеност


2015 планирани мерки
2016 планирани мерки 2017 планирани мерки



2015 очекувано влијание
2016 очекувано влијание 2017 очекувано влијание
Согласно динамиката утврдена од страна на Координативното тело за соодветна и правична застапеност формирано од Владата на Република Македонија






























5.Развивање на заедничките функции

Развивање политики
Агенцијата за иселеништво има функција на информирање, унапредување на културата и врските со иселеништвото и потикнување на реинтеграција на иселениците.

Стратешко планирање/ подготвување на Буџетот
За спроведување и реализација на стратешкиот план надлежни се раководителите на сектори и одделенија.
Буџетот на Агенцијата за иселеништво го изготвува Одделението за финансиски прашања во чии рамки се врши негово планирање, следење и реализација согласно стратешкиот план и програмата за работа.

Извршување на Буџетот и управување со средства
Се врши во рамки на Одделението за финансиски прашања преку спроведување на јавни набавки, реализација на буџетот согласно финансискиот план,следење и контрола на наменско трошење на средства.

Планирани активности 2015, 2016 и 2017

Потребно е кадровско доекипирање на Одделението за финансиски прашања.
Потребна е и обука на вработените во функција на извршување и управување со буџетот

Управување со човечки ресурси
Подготвува Годишен план за спроведување на генерички и специјализирани обуки
Доекипирање на Одделението за човечки ресурси.
* Спроведување на обука на вработените
"Извештај за спроведената обука
"Оценување на јавните службеници
*Подготвување на извештај за спроведеното оценување *Спроведување на обука на вработените "Извештај за спроведената обука
"Оценување на јавните службеници
*Подготвување на извештај за спроведеното оценување *Спроведување вработените
*Извештај за спроведената обука *Оценување на јавните службеници
"Подготвување на извештај спроведеното оценување

Внатрешна ревизија



Директор
Васил Наумов



-+2. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ
2.1. А: Оправданост и дизајн на Програмата Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
Образложение: Програмата Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија произлегува од Стратешкиот приоритет на Владата на РМ содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2015 година
-Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење.
2. НПАА (точно идентификувајте го приоритетот на ЕП, Поглавјето, ,секторот и темата од НПАА)
3. Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа :
- Заштита и одржување на културното наследство во севкупното општество и промовирање на културната разноликост;

Назив на програмата: Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија
Цел на Програмата:
Поттикнување и помагање за одржување на националниот,културниот, образовниот и јазичниот идентитет на иселениците од Македонија, пред се за најмладата генерација на иселеници.
Показатели за успех на Програмата:
Зголемениот број на деца кој ќе учествуваат на Летната Школа,број на поети кој ќе конкурираат на Струшки вечери на поезијата,број на издадени и испечатени книги на автори иселеници од Македонија, број на набавени книги за потребите на библиотеките иселеничките организации, број на организирани излижби на уметнички дела, настапи на Културно уметнички друштва и театарски претстави.
Програмата е: (забележете го видот на Програмата)
хоризонтална х вертикална
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата :
Подпрограма 1: -
Организирање на Летна Школа по македонски јазик за деца на иселениците од Македонија
Показател за успешност: Број на пријавени деца на иселеници од Македонија кои ќе следат настава по македонски јазик
Подпрограма 2: -
Учество на манифестацијата Струшки вечери на поезијата Показател за успешност: Број на поети автори од иселеници од Македонија кои ќе учествуваат на Струшки вечери на поезијата
Поттпрограма 3: -
Издавање ( печатење) книги и учебни помагала на автори од иселеништвото Показател на успешност: Број на издадени и испечатени книги на автори од иселеништвото
Поттпрограма 4: -
Набавка на книги за збогатување на библиот. на исел. организации Показател на успешност: Библиотеки збогатени со книги од македонски автори и автори на етничките заедници во Република Македонија
Потпрограма 5: –
Претставување на достигнувањата на иселеничките организации и иселениците од Македонија за чување и негување на културата
Показател на успешност:Организирани изложби на уметнички дела,настапи на Културно уметнички друштва и театарски претстави , промоции на книги и литературни читања.





Б: План за спроведување на Програмата




Потпрограма 1: - Летна школа по македонски јазик за деца на иселениците од Македонија

Активност Одговорни Консултирани Временска рамка 2015 -2017 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Ангажирање на наставници за одржување на наставата по македонски јазик
-Сместување на деца на иселеници од Македонија
-Посета на културно-историски споменици во Охрид
-Материјали потребни за одржување на Летната школа (папки, работни тетратки, пенкала, беџови,маици, топки Агенција за иселеништво Министерство за образование Февруари
2015 Август
2015 4 490.000,00
Вкупно за потпрограма 1:1 490.000,00

Потпрограма 2: - Манифестација -Струшки вечери на поезијата

Активност Одговорни Консултирани Временска рамка
2015 -2017година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
-Објавување на конкурс за награда на најдобра книга поезија од автор иселеник од Македонија
-Печатење на книга
-Награда за Комисијата за избор на книга поезија на
автор иселеник, добитник на наградата
- Награда ,,Стојан Христов
-Промоција на наградената книга поезија
Агенција за иселеништво Манифестација Струшки вечери на поезијата Март
2015 Декември
2015 5 110.000,00
Вкупно за потпрограма 2:1 110.000,00
Потпрограма 3: – Издавање (печатење) на книги и учебни помагала на автори од иселеништвото

Активност Одговорни Консултирани Временска рамка 2015 -2017 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
-Објавување на конкурс за печатење на книги на автори-иселеници од Македонија
-Печатење на книги на автори –иселеници од Македонија објавени на конкурс (дизајн и графичка обработка)
-Печатење на книги
-Дизајн и печатење на постери Агенција за иселеништво Февруари
2015 Јули
2015 3 430.000,00
Вкупно активности во година: 5
Вкупно за потпрограма 3:1 430.000,00





Потпрограма 4: - Набавка на книги и други промотивни материјали за збогатување на библиотеките на иселеничките организации



Активност Одговорни Консултирани Временска рамка 2015 -2017 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки Финансиски
MKД
-Набавка на книги , знамиња, постери и други промотивни материјали Агенција за иселеништво Министерство за култура Јануари
2015 Декември
2015 8 1.800.000,00
Вкупно за потпрограма 4:1 1.800.000,00




Подпрограма 5 : Претставување на достигнувањата на иселеничките организации и иселениците од Македонија за
чување и негување на културата


Активност Одговорни Консултирани Временска рамка
2015 – 2017 година Потребни ресурси
Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки Финансиски
MKД
-Организирање на изложби (слики и фотографии)
- настапи на Културни уметнички друштва од иселеништвото
-театарски претстави
-Промоции на книги на автори-иселеници Агенција за иселеништво Март
2015 Ноември
2015 8 450.000,00
Вкупно за потпрограма :5:1 450.000,00
















2. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ
1 А: Оправданост и дизајн на Програмата Мапирање на дијаспората

Образложение: Програмата Мапирање на дијаспората произлегува од Стратешкиот приоритет на Владата на РМ содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2015 година
--Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење.

2. НПАА (точно идентификувајте го приоритетот на ЕП, Поглавјето, ,секторот и темата од НПАА)
3. Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа :
-Промоција на економските интереси и приоритети во странство и претставување на државата како привлечна дестинација за странски инвестиции ;

Назив на програмата: Мапирање на дијаспората
Цел на Програмата: Изработка на повеќе бази на податоци по разни основи
Показатели за успех:
- Зголемување на бројот на иселеници кои доброволно се пријавуваат, како и заинтересираност на иселениците за постојано ажурирање на податоците, преку известување за промени на контакт адреси назив, седиште и слично.

Програмата е: (забележете го видот на Програмата)
хоризонтална х вертикална
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата :
Подпрограма 1: -
Ажурирање на база на податоци на иселеничките организации и црковни општини
Показател за успешност:
Континуирано ажурирање на базата на податоци (точни контакт адреси)
Подпрограма 2: -
Мапирање на иселениците од Македонија (регистрација на иселениците) Показател за успешност:
Зголемување на бројот на иселеници од Македонија кои сами се пријавуваат на доброволна основа
Подпрограма 3: -
Категоризација на иселеници по професии
Показател за успешност:
Изработка на база на податоци по профили на иселеници

2.1. Ажурирање на иселеничките организации
Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Објавување на адресар во дигитална форма АИ Април 2015 Мај
2015 2 50.000,00
Вкупно активности во година 1
Вкупно за потпрограма 1:2 50.000,00



2.2. Регистрација на иселеници од Македонија
Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Припремни активности АИ Јануари 2015 Декември 2015 50.000,00

Вкупно за потпрограма 2:2 50.000,00



2.3. Категоризација на иселеници по профили
Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Припремни активности АИ Април 2015 Октомври 2015 50.000,00

Вкупно за потпрограма 3:2 50.000,00








3. ПЛАН ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ
1. А: Оправданост и дизајн на Програмата Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија
Образложение: Програмата Интегрирање на иселениците од Македонија во општествениот живот на Република Македонија произлегува од Стратешкиот приоритет на Владата на РМ содржан во Одлуката за стратешки приоритети за 2015 година
-Зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење.

2. НПАА (точно идентификувајте го приоритетот на ЕП, Поглавјето, ,секторот и темата од НПАА)
3 .Стратешките приоритети и цели на органот на државната управа :
-Промоција на економските интереси и приоритети во странство и претставување на државата како привлечна дестинација за странски инвестиции

Назив на програмата: Интегрирање на иселениците од Македонија во опшествениот живот на Република Македонија
Цел на Програмата:
Запознавање на иселениците со состојбите во Република Македонија и создавање услови за нивна реинтеграција и нивно вклучување во јавниот и економски живот во Република Македонија како и остварување на контакти во земјата со припадници на македонските иселеници преку одржување на системска мрежа со единиците на централната власт локалните власти и заедницата на единиците на локалната самоуправа и давање на стручно техничка помошна иселениците во процесот на инвестирање во Република Македонија и на план на извоз на македонски производи во странсрво
Показатели за успех на Програмата:
Програмата е: (забележете го видот на Програмата)
хоризонтална х вертикална
Очекувани резултати (компоненти) од Програмата :
Подпрограма 1: -
Промовирање на државјанството на Република Македонија помеѓу иселениците и информирање на иселениците со Изборниот законик
Показател за успешност:
Зголемен број на иселеници од Македонија кои поднесуваат барања за стекнување со државјанство на Република Македонија, број на иселеници повратници во Република Македонија и број на иселеници од Македонија кои инвестираат во Република Македонија.
Потпрограма 2: -
Годишна Конференција на иселеничките организации во Република Македонија Показател за успешност:
Зголемен број на иселенички организации и иселеници поединци кои се пријавуваат за учество на Годишната конференција
Подпрограма 3: -
Одржување на системска мрежа со локалната самоуправа Показател за успешност:
Зголемување на бројот на компании и иселеници кои имаат намера да инвестираат во општините на Република Македонија
Поттпрограма 4:-
Информирање на иселениците, Посета на иселенички организации Показател за успешност
Соработка на иселеничките организации со Агенцијата за иселеништво
Поттпрограма 5:-
Организирање форуми на иселеници по професии Показател за успешност
Соработка и дружење на иселениците од повеѓе иселенички средини од иста професија

3.1 Промовирање на државјанство на Република Македонија и информирање за Изборниот законик

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
Промоција во иселеничките средини АИ Март 2015 Ноември 2015 4 100.000,00
Вкупно за потпрограма 1:3 100.000,00

3.2 Годишна конференција на иселеничките организации

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
-Припремни активности за одржување на конференцијата
-Сместување и ангажирање сала за одржување на конференција со озвучување за 2 дена
-Пропаганден материјал наменет за конференцијата (беџови,папки) АИ Јануари
2015 Јуни
2015 10 900.000,00
Вкупно за потпрограма 2:3 900.000,00

3.3 Одржување на системска мрежа со локалната самоуправа

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
-Посети на локалната самоуправа во РМ АИ Февруари 2015 Октомври
2015 2 100.000,00
Вкупно активности во година 1
Вкупно за потпрограма 3:3 100.000,00









3.4 Информирање на иселениците од Македонија

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
-Организирање на посети на иселеничките организации АИ Март
2015 Ноември
2015 8 600.000,00
-Организирање на иселенички манифестации АИ Агуст
2015 Август
2015 8 60.000,00
Вкупно за потпрограма 4:3 660.000,00



3.5. Организирање на форуми на иселеници по одредени професии

Активност Почеток
(месец/година) Крај
(месец/година) човечки финансиски
MKД
-Припремни активности и одржување на Форум на лекари, информатичари
-Припремни активности за одржување на Ликовна колонија АИ Јануари 2015 Септември 2015 110.000,00
Вкупно за потпрограма 5:3 110.000,00




















ПРОГРАМА Резиме на потреба од нови вработувања Резиме на потреба од прераспределба на вработените Резиме на потреба од обуки


4. Принципи на правична застапеност


2015 планирани мерки
2016 планирани мерки 2017 планирани мерки



2015 очекувано влијание
2016 очекувано влијание 2017 очекувано влијание
Согласно динамиката утврдена од страна на Координативното тело за соодветна и правична застапеност формирано од Владата на Република Македонија






























5.Развивање на заедничките функции

Развивање политики
Агенцијата за иселеништво има функција на информирање, унапредување на културата и врските со иселеништвото и потикнување на реинтеграција на иселениците.

Стратешко планирање/ подготвување на Буџетот
За спроведување и реализација на стратешкиот план надлежни се раководителите на сектори и одделенија.
Буџетот на Агенцијата за иселеништво го изготвува Одделението за финансиски прашања во чии рамки се врши негово планирање, следење и реализација согласно стратешкиот план и програмата за работа.

Извршување на Буџетот и управување со средства
Се врши во рамки на Одделението за финансиски прашања преку спроведување на јавни набавки, реализација на буџетот согласно финансискиот план,следење и контрола на наменско трошење на средства.

Планирани активности 2015, 2016 и 2017

Потребно е кадровско доекипирање на Одделението за финансиски прашања.
Потребна е и обука на вработените во функција на извршување и управување со буџетот

Управување со човечки ресурси
Подготвува Годишен план за спроведување на генерички и специјализирани обуки
Доекипирање на Одделението за човечки ресурси.
* Спроведување на обука на вработените
"Извештај за спроведената обука
"Оценување надржавнитее службеници
*Подготвување на извештај за спроведеното оценување *Спроведување на обука на вработените "Извештај за спроведената обука
"Оценување надржавните службеници
*Подготвување на извештај за спроведеното оценување *Спроведување вработените
*Извештај за спроведената обука *Оценување на државните службеници
"Подготвување на извештај спроведеното оценување

Внатрешна ревизија



Директор
Васил Наумов