За нас - Стратешки план - Програма

ПРОГРАМА за активностите на Агенцијата за иселеништво за 2017 година

10.02.2017 година

Во согласност со законските надлежности на Агенцијата за иселеништво, Програмата на Владата на Република Македонија, Заклучоците на Владата на Република Македонија од 05.09.2006 година, Резолуцијата за миграциона политика на Република Македонија, Миграциониот профил за 2015-2020 година на Република Македонија и Стратешкиот план на Агенцијата за иселеништво 2016-2018 година, ја донесувам следната

Во согласност со законските надлежности на Агенцијата за иселеништво, Програмата на Владата на Република Македонија, Заклучоците на Владата на Република Македонија од 05.09.2006 година, Резолуцијата за миграциона политика на Република Македонија, Миграциониот профил за 2015-2020 година на Република Македонија и Стратешкиот план на Агенцијата за иселеништво 2016-2018 година, ја донесувам следната

ПРОГРАМА
за активностите на Агенцијата за иселеништво за 2017 година


Приоритетите и целите на Агенцијата за иселеништво се реализираат во 3 програми:

1. Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија

2. Мапирање на дијаспората

3. Интегрирање на иселениците во општествениот живот на Република Македонија

Конкретните активности на Агенцијата за иселеништво поделени помеѓу организационите единици се прикажани во оваа посебна Програма за работа.

I. Чување и негување на националниот идентитет кај иселениците од Македонија

1.Поттикнување за изучување и зачувување на македонскиот јазик меѓу иселениците преку различни активности и организирање Летна Школа за македонски јазик во Република Македонија за децата на иселениците од Македонија во соработка со Министерството за образование и наука.

2.Активности поврзани со прибирање информации за училиштата
кои изведуваат дополнителна настава по македонски јазик, како и на јазиците на етничките заедници во Република Македонија, во земјите во Европа, каде што живеат иселениците, прибирање информации за нивниот библиотечен фонд на книги, како и за нивните потреби од учебници и други помагала, потоа утврдување на бројот на учители, потенцијални ученици, контакт-адреси, начинот на финансирање, активности за прибирање информации за наставници на албански јазик за иселеници Албанци од Македонија.


3.Поттикнување на иселениците – поети да пишуваат поезија и со свои книги-поезии да учествуваат на манифестацијата ,,Струшки вечери на поезијата на која Агенцијата ја доделува наградата ,,Стојан Христов,,.

4.Континуирано збогатување на библиотеките на иселеничките организации преку евидентирање на нивните потреби преку дистрибуција на значајни книги од македонски автори и автори од Македонија како и автори кои ја претставуваат културата на етничките заедници во Република Македонија

5.Издавање на книги на автори од иселениците, литерарни дела како и дела кои обработуваат теми од областа на иселеништвото, културата и историјата на Македонија (печатење, умножување и дистрибуција)

6.Претставување на македонската култура и културата на етничките заедници од РМ во средините каде што живеат иселениците (изложби, концерти, литературни настапи и слично), во соработка со Министерството за култура и активности поврзани со организирање културни настани и средби од повеќе области во Република Македонија на кои ќе бидат претставени иселениците од Македонија

7.Следење на печатени и електронски медиуми и документирање на написи за АИ и теми во кои се обработува проблематиката за иселеништво, како следење и проучување на натписи со теми од иселеништвото, објавени во албански медиуми.

8.Информирање на Интернет страницата за активностите на Агенцијата, како и за активностите на иселениците, објавување на писма и огласи

9.Преземање активности за промоција на македонското културно и историско наследство, преку информирање и анимирање за присуство на иселениците за сите историски и други манифестации во Република Македонија, преку секојдневната комуникација со нив, како и објавување за истите на Интернет страницата.

10.Одговарање на поставени прашања од иселениците од разни области на интернет страната на Агенцијата за иселеништво.


11.Изработка и дистрибуција на промотивни материјали за потребите на иселениците и иселеничките организации




II. Мапирање на дијаспората

12.Kонтинуирано ажурирање на базите на податоци во кои се прибираат и систематизираат сите расположливи податоци (од домашни и странски извори) за граѓаните на РМ во одделни земји на прием во соработка со МНР и ДКП во странство

-Континуирано ажурирање на електронската база на податоци за научниците во странство по потекло од РМ во соработка со МНР и универзитетите

-Континуирано ажурирање на електронската база на податоци за истакнати бизнисмени во странство по потекло од РМ во соработка со МНР и Министерство за Економија

-Континуирано ажурирање на електронската база на податоци за медицинскиот кадар (care brain) во странство по потекло од РМ во соработка со МНР, УКИМ, Медицински факултет

- Континуирано ажурирање на електронската база на податоци за уметници во странство по потекло од РМ

-Континуирано ажурирање на електронската база на податоци за професионалци во странство по потекло од РМ

-Континуирано ажурирање на електронската база на податоци за спортисти во странство по потекло од РМ

-Континуирано ажурирање на електронската база на податоци за политичари во странство по потекло од РМ


13.Ажурирање на контакт електронски пошти од иселенички организации и зголемување на адресите на електронска пошта на иселеници поединци и иселеничките организации.


III. Интегрирање на иселениците во општествениот живот на Република Македонија


14.Следење, анализирање и предлагање на акти и мерки за унапредување на положбата и правата на иселениците од Македонија и активности за пропагирање на можностите и начините за стекнување со македонско државјанство;

15.Информирање на иселениците од Македонија за Изборниот законик на Република Македонија и изборниот процес и начинот на остварување на активното и пасивното избирачко право, со цел вклучување во јавно-политичкиот живот на Република Македонија.


16.Одржување на форуми на иселеници според одделни професии.


17.Одржување на системска мрежа со подрачните единици на централната власт, со локалните власти и Заедницата на локална самоуправа, се со цел информирање на иселениците за економските потенцијали на Република Македонија по стопански гранки и можноста за инвестирање,

18.Воспоставување мрежи на организациите во диајаспората според регионалното потекло во соработка со Агенција за странски инвестиции, центри за развој на плански региони и МНР

- Организирање на манифестации за бизнисмените од дијаспората на регионално/локално ниво. –Континуирано

- Спојување на локалните претприемачи, бизнисмени и владини претставници со нивни партнери во дијаспората

- Креирање на меѓународни мрежи на најдобрите бизнисмени од дијаспората од одделни региони/подрачја

19.Непосредни контакти со иселениците и давање на стручно - техничка помош од повеќе области.

20.Давање општи информации на иселениците околу нивна реинтеграција како и упатување на иселениците до надлежните институции во Република Македонија за решавање на нивните потреби и интереси;

21.Промоција на официјалните канали (вклучително и новиот платежен канал) и изнаоѓање на начини за привлекување на средствата на мигрантите во соработка со НБРМ, Деловните банки и МНР

22.Креирање на информативни брошури за функционирањето на македонскиот финансиски систем во соработка со Министерство за финансии, НБРМ и МНР

23.Воспоставување и одржување на портал за инвестициските можности во реалниот сектор, на ниво на сите плански региони / општини во соработка со Агенција за странски инвестиции и МНР, Министерство за локална самоуправа и центри за развој на плански региони

24.Воспоставување и одржување на портал за инвестиционите можности преку ЈПП, на ниво на сите плански региони/општини во соработка со Агенција за странски инвестиции и МНР, Министерство за локална самоуправа и центри за развој на плански региони

25.Креирање на интернет страна - електронски едношалтерски систем за информирање на претприемачите од дијаспората во соработка со Агенција за странски инвестиции и МНР

26.Реализација на проекти за осознавање на особеностите на повратниците од странство во соработка со Министерство за локална самоуправа- Континуирано

27.Креирање на програми за реинтеграција на повратниците од странство, согледување на обемот и структурните белези на повратниците кои повторно заминале во странство, на регионално ниво во соработка со Министерство за локална самоуправа –Континуирано

28.Реализација на проекти за идентификување на причините за реемиграцијата и креирање на политики за адресирање на истите, на регионално ниво во соработка со Министерство за локална самоуправа –Континуирано



Васил Наумов
Директор