Il contenuto di questa pagina richiede una nuova versione di Adobe Flash Player.

Scarica Adobe Flash Player

Писмата испратете ги по  email       

 

СЕКОЈ ТЕКСТ Е ИСКЛУЧИВО СТАВ НА НЕГОВИОТ АВТОР И ТОЈ НЕ ГО ОДРАЗУВА СТАВОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО, КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОДГОВОРНА ЗА ИЗНЕСЕНИТЕ СТАВОВИ!

 
<< Предходни 1 2 Следни >>

ОДБЕЛЕЖАН ГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА ВО ЦРКВАТА СВЕТА ПЕТКА РОКДАЕЛ

30.08.2010 година

Многу верници дојдоа во црковниот храм Света Петка во Рокдаел да го прослават големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица , наречена Голема Богородица.
Стотици луѓе уште рано утро го преплавија патот што води до оваа наша бела убавица Света Петка Дојдоа да се помолат и да запалат свеќа пред Мајката Божја за здравје,среќа и бериќет.
Просториите беа претесни да ги соберат лојалните верници, иако и оваа година без свештеник и свечена литургија.
Успение Воскресение на Пресвета Богородица, меѓу народот позната како Голема Богородица.

 

 

 

До Уредникот

26.08.2010 година

Реагирање по повод натписот Амбасадор Љубовџија, објавен во Утрински Весник на 11.08.2010 год,


О,трајте,трајте,тирани недни!
Доста се тија лаги и злоба,
Пакосен глас од устите гадни
Над мојот народ у секое доба...
Коле Неделковски

Зачудени и збунети се Македонците во Австралија од дрскоста на натписот објавен за Амбасадорот на Македонија во Австралија, Господинот Перо Стојановски.
Како Македонка имам морална обврска да реагирам на злобниот текст, а како Претседаттел на Македонскиот Просветно училишен Одбор на Нов Јужен Велс имам професионална должност да го направам истото.

 

 

 

Кон признавањето на уставното име на Македонија во Австралија

06.08.2010 година

Пишува:Јанко Томов, историчар, Австралија, 5 Август 2010
Како поткрепа на статијата 'Признавање на уставното име на Македонија во Австралија', од крајот на Јули о.г.,а публикувана само во патриотските медиумски електронски изданија ,на интернет, као што се на: АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, МАКЕДОНСКА НАЦИЈА (www.nm.mk) и во МАКЕДОНСКО СОНЦЕ, сите од Република Македонија, а и истата доставена на преку петстотини и-маил адреси на македонски организирани субјекти, како Национално политички организации, Црковни општини, Културно просветни Асоцијации и сл., го доставувам писмото до благајникот на Лабуристичката партија на Австралија, господинот Ваин Свон (Wayne Swan).

 

 

 

Признавање на уставното име на Македонија во Австралија

27.07.2010 година

Пишува: Јанко ТОМОВ, историчар, Бризбен, Австралија, 27 Јули 2010

Во миналото до денес, австралијските државни и федерални влади, кои ја помагаат македонската емиграција, со децении, со материјална и духовна помош за спроведување и очувување на македонската култура, преку настави за изучување на македонскиот литературен јазик, изградба на општествени објекти и терени за македонски национални активности, верски активности, рекреативни и спортси активности, македонски радио часови, и сл. но, не го признаваат уставното име на Македонија. Тие ја користат референцата ПЈРМ, за републиката, а погрешно и навредливото име Словенски Македонци, наместо со вистинското име Македонци.

Тоа се им пречи на Македонците од Австралија и се под стрес и изложени на понижувања, од политичките партии за кои го даваат својот глас, на државните и федералните избори на Австралија.
Спротивно на тоа недемократското подржување на грчките емигрански маси, кои се побројни во Австралија од македонските (во кои има голем број погрцени Македонци), тие со тоа ги подржуваат и бугарските емигрански маси, кои се помалобројни од македонските, правејки им услуга на шовинистичките елементи, а со тоа и создавање на лош глас, на свстралијската, надалеку прочуена, демократија.

 

 

 

БЕЗ РЕАКЦИИ ЗА НАВРЕДИТЕ ПРЕМА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ПРЕМИЕРОТ НА Ј. АВСТРАЛИЈА!

08.02.2010 година

Мике Ран премиер на Јужна Австралија, деновиве, како и поедини лидери на државните и федералните политички партии на Австралија, во миналото, како што се од Лабуристичката , Либералната и Националната партија, не бираат средства и зборови во нивните пред изборни кампањи, за да придобијат гласови.
Така во говорот на овој Премиер, одржан на собирот на Грци, при прослава на грчкиот фестивал "Димитрија", во западниот дел на Аделаиде, во месец Ноември 2009 година, ги нападнал грубо македонците , а и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Тој неоснован напад бил, наводно, по повод крадење на грчката античка историја,од страна ма македонците и на Македонија, при што рекол:"Тоа е важно бидејки не е дозволено никој да наредува -дава име на друга национална историја или култура".

При турнеата на Австралија, од 6 фебруари до 1 Март о.г., претседателот на Обединета Македонска Диаспора (ОМД), од Америка, Методија-Мето Колоски, на 7 Фебруари во Аделаид Јужна Австралија, рекол на The Advertajser, као реакција на говорот на господин Ран, тоа што неговиот народ бил нападнат -односно неосновано наклеветен, при што побарал, без условно извинување од премиерот Мике Ран

 

 

 

ИМЕТО НЕ СТОКА ЗА ТРГОВИЈА

08.01.2010 година

Драги Македонци !

Името и другите државни вредности на Македонија не се приватни сопствености на политичарите а ни на било која партија. Се сопствености на целиот македонски народ. Исто така не се стока за продавање и по никој начин не можат да бидат тема на политички разговори или дипломатски трговии. Кој го прави тоа е предавник и продавник на Македонија. Е враг на македонскиот народ. Без разлика дали е од левата или од десната политичка сцена, дали е обичен човек или пак е претседател на државата.
Македонија го даде знамето и што доби? - шикли. Не бидете наивни:

 

 

 

ОТВОРЕНО ПИСМО ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО АВСТРАЛИЈА И ДИЈАСПОРАТА

07.12.2009 година

Koординативното тело за организирање на протестот Македонија, Македонци Засекогаш по одржаниот последен состанок испраќа:
ОТВОРЕНО ПИСМО ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО АВСТРАЛИЈА И ДИЈАСПОРАТА

ДО

Претседателот на Македонија, Господин Ѓорѓе Иванов
Владата на Македонија
Премиерот на Македонија, Господин, Никола Груевски
Министерство за Надворешни Работи на Македонија
Опозицијата и сите политички партии во Македонија
Сите македонски медиуми и јавноста во Македонија

25.11.2009

Македонскиот народ во Австралија, кој потекнува од сите делови на Македонија уште еднаш Ве потсетува и Ви се обраќа со краен, дефинитивен став во врска со моментната ситуација за така нареченото изнаоѓање на решение за името

 

 

 

Предлог за Соработка на Автори од Диаспората со

18.11.2009 година

Ретко или никогаш не може да се прочитаат чланци, во македонската медија, која ја раководат просоцијалистичките Директори, Едитори и раководители на весници, во одредени рублики, за прашања или застапености од национален, политички, историјски, верски, културени и сличени карактери, за македонците и за Македонија, од автори Македонци или странски државјани, од македонско порекло, од диаспората.

Во тоа игнорирање, специјално се обележени или обесправени поедини Македонци, кои немаат интенции да им се удворуваат на поменатите медиумски лидери и водители, а кои се противници на комунизмот-социјализмот, во целина, на натурената теза на "заткарпатниот словениозам од 5-6 век" (како наводна основа за прокламираниот и подржуван од социјалистите, македонски национален идентитет и сувереност, пред се) и други атидемократски и антимакедонскии акти, кои Македонци со факти ја докажуваат македонската вистина, преку свои стручни и научни чланци, книги и други соодветни публикации.

 

 

 

<< Предходни 1 2 Следни >>