Писмата испратете ги по  email       

 

СЕКОЈ ТЕКСТ Е ИСКЛУЧИВО СТАВ НА НЕГОВИОТ АВТОР И ТОЈ НЕ ГО ОДРАЗУВА СТАВОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО, КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОДГОВОРНА ЗА ИЗНЕСЕНИТЕ СТАВОВИ!

 

Eлектронското издание на неделниот весник Today-Денес од Мелбурн

18.12.2014 година

Почитувани,
бесплатно Ви го испраќаме линкот за електронското издание на неделниот весник Today-Денес од Мелбурн за да го одбележиме јубилејниот 1.500-ти број!
http://go.epublish4me.com/australian_macedonian_today_jubilee_edition_18-12-2014_/10081199
Во печатен облик излегуваме речиси четврт век. Како врсник на самостојна Република Македонија ние сме нејзин хроничар, посветеник и вљубеник. Нашата судбина е нашиот јазик и денес нема да најдете друг пример на македонски периодичен весник каде било во светот, вклучувајќи ја и Републиката, со толкав континуитет и целосно на слободниот пазар - без било каква субвенција, од првиот ден до денес.



 

 

 

д-р Стојан Ристески "Две ретки дела од Јоне Кленко"

11.12.2014 година

Иван Трпоски

Неодамна во библиотеката од Македонското литературно друштво Григор Прличев од Сиднеј пристигнаа повеќе книги од Македонија со различна тематика. Во овој запис ќе се задржам на книгата од д-р Стојан Ристески Две ретки дела од Јоне Кленко, која, се надевам дека ќе го задржи вашето внимание.

 

 

 

Зa што се однесува книгата: "Мојот придонес за Македонија"?

25.11.2014 година

Оваа книга е составена од историски оригинални статии на авторот со наслови: Кратка историја за создавање на ВМРО-ДПМНЕ - активности во Европа и Австралија. Статиите се проследени со вредни документи и фотографии, од учеството во активноста на тие организации, како и соработката со членови и лидери во најзначајните настани на Македонското движење во дијаспората
Досега, такви патриотски настани во Македонското движење во дијаспората, со користење на документи и факти, со мои согледувања и коментари за настаните, не се забележани со поопширно презентирање. Недостатокот на материјали за проучување на Македонската патриотска активност на иселеништвото, со овие пишувања, се надевам дека ќе биде надминат и дека ќе биде пополнета значајна празнина во македонската историографија. Се надевам и дека постојните и идните македонски историчари, правилно ќе ги вреднуваат моите авторски пишувања во своите идни историски стручни и научни написи и дела.
Десетици, а покасно стотици најхрабри Македонски активисти-патриоти, по Втората светска војна, кои бегаа преку границите на СФРЈ и кои тајно емигрираа во државите на западната хемисфера во Европа, Канада, САД и Австралија, беа учесници, помагачи или симпатизери на ново основаните македонски национално-политички организации, во дијаспората. Првите национално политички организации во македонското движење, ги основал Драган Богдановски, заедно со други Македонци во дијаспората. Некои од нив биле: Македонски Национален Комитет (МНК), потоа Ослободителен Комитет на Македонија (ОКМ) и други организации. Меѓутоа најмасовни и со посодржајни програми за активност беа: Движење за Ослободување на Македонија (ДОМ), кое преминува во ДООМ, со додатокот и за Обединување, потоа и Национален Ослободителен Фронт на Македонија (НОФМ)

 

 

 

ДА ПЛАЧАМ ИЛИ ДА СЕ РАДУВАМ

04.11.2014 година

Мој став
ДА ПЛАЧАМ ИЛИ ДА СЕ РАДУВАМ?

Последниот ден од октомври е резервиран за гледање на драмска претстава. Возам со возилото кон населбата која од Господа ми беше одредена за моја прва дестинација во која го започнав мојот самечки живот пред точно 46 години. Населбата беше населена претежно со Грци, по кое англосакцонците ја нарекуваа наместо Мериквил Гриквил. Повеке од прехранбените и овошни продавници беа грчки, а за рестораните и ноќни кафулиња да не зборуваме. Дружењето со Грците, поради непознавањето на англискиот јазик, ни беше поблиско отколку со Англичаните или со домородните Абориџини. Поради таквите околности слободното време го користевме во одмерување на силите преку автомобилски или фудбалски натпревари.

 

 

 

Нова драмска изведба од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј

29.10.2014 година

Разговор со Душан Ристевски по повод:

ОГРАДА THE FENCE
нова драмска изведба од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј

По повод најавата дека се припрема нова драмска изведба од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј поведов разговор со авторот на ова најново драмско остварување, Душан Ристевски.

 

 

 

МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА Е МОЈА ЉУБОВ

30.09.2014 година

Интервју со познатата интерпретаторка на македонски народни песни од Мелбурн, Австралија, Вера Трајкоска.
Отсекогаш песната за неа претставува голема љубов,ја пее од срце и со голем ентузијазам вредно работи на создавање нови хитови, настапува на голем број фестивали, културно уметнички настани.

Кога почна да се занимаваш со музика и која е твоја прва песна?
Јас почнав да се занимавам со музика, поточно со македонската песна преку фестивалите во Австралија од 1998 година. Пеев во македонската музичка група "Милениум" од 1999а година.
Мојата прва песна беше мојата компонирана песна" Љубовта била лага"

 

 

 

ТЕАТАРОТ ОД СИДНЕЈ ГИ РАСПЛАКА И НАСМЕА МАКЕДОНЦИТЕ

16.09.2014 година

Турнеја во Мелбурн и Џилонг:

ТЕАТАРОТ ОД СИДНЕЈ ГИ РАСПЛАКА И НАСМЕА МАКЕДОНЦИТЕ

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј со познатата престава Борење со мечка од Душан Ристевски во режија на Стефо Нанцу, престојуваше во Мелбурн, и тоа на 30 август, во Престон, се дадоа две престави и една во недела, на 31 август, во Џилонг. На преставата во Престон престојуваше и македонскиот конзул Бети Коруновска со својот сопруг.


 

 

 

Во Сиднеј прославен денот на независна Република Македонија

16.09.2014 година


Душан Ристевски:

Во Сиднеј прославен денот на независна Република Македонија

ПОСЕБЕН НАСТАП НА ПОЕТИТЕ ОД ЛИТЕРАТУРНОТО ДРУШТВО ГРИГОР ПРЛИЧЕВ

Минатата недела, на 7-ми септември, во строгиот центар на градската општина Рогдал, на King Street, по повод 23 годишницата од независноста на Република Македонија се одржа пригодна прослава на која присуствуваа повеќе илјади Македонци. Прославата, која постана традиционална, се организира од Одборот составен од преставници на македонски асоцијации од регионот St George.