Писмата испратете ги по  email       

 

СЕКОЈ ТЕКСТ Е ИСКЛУЧИВО СТАВ НА НЕГОВИОТ АВТОР И ТОЈ НЕ ГО ОДРАЗУВА СТАВОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО, КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОДГОВОРНА ЗА ИЗНЕСЕНИТЕ СТАВОВИ!

 

Потомците на македонските иселеници во Турција го изучуваат македонскиот јазик

16.09.2014 година

Во Турција живеат пет до шест милиони Македонци по потекло. Ги има во сите делови од државата, најмногу се населени во егејскиот дел. Иако поголемиот дел од нив се родени во Турција, а нивните предци од Македонија се иселиле пред повеќе од еден век, тие не го забораваат своето потекло. Ги негуваат традициите, обичаите, дури го зборуваат македонскиот јазик и со радост доаѓаат во родниот крај, вели претседателот на Сојузот на Македонците со исламска религија, Исмаил Бојда. Најмногу македонски семејства има во Маниса, Бурса, Измир, Каршијаки, Бостанли, а околу сто илјади жители со македонско потекло има во Истанбул.

 

 

 

Бранислав Мусовски, во кругот на своите блиски пријатели му се прослави 80-от роденден

15.09.2014 година

Во кругот на блиски пријатели прославен 80-ти роденден на

БРАНИСЛАВ МУСОВСКИ

Минатиот петок, 12 септември, во Литературното друштво Григор Прличев на долгогодишниот член и општественик Бранислав Мусовски, во кругот на своите блиски пријатели му се прослави 80-от роденден.

 

 

 

ДА ГО СОЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНОТО И ВЕРСКО ЕДИНСТВОТО НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО АВСТРАЛИЈА

10.09.2014 година

Пишува: Јанко ТОМОВ,
Веке 18 години царуваат неслоги и кавги, меѓу поделените Македонски управи на Православните Црковни општини, со своите свештеници и членство, со што се створи раскол и меѓу иселениците во Австралија. Сменетиот Метрополитан на МП Епархија на Австралија и Нов Зеланд, пред две години, владиката Петар, кој неканонски ја одзимаше македонската вера, од поедини активисти во Црквите и управите на нивните општини, а и од членови на управата на самата МПЕ на Австралија и Нов Зеланд и кој ги прогласуваше браковите на иселениците за неважни, ако не се скључени во неговите цркви во Австралија, деновиве ги продолжи своите закани и ги продолжил судските процеси.

 

 

 

Владика Петар: Владико Тимотеј биди маж, не се повлекувај. Мажите остануваат на зборот

09.09.2014 година

20.08.2014 | 18:46
Македонија
Прочитано: 1932
Црковниот судир во Австралија синодот на МПЦ ќе го разрешува во втората половина на септември. Екскомуницираниот од МПЦ, претседател на македонските црковни заедници, Игор Александров очекува Синодот и формално да ја потврди својата одлука од Јануари 2013 со која му укажува на Петар дека нема надлежност за пресудата која тврди дека ја донел.

 

 

 

УЛОГАТА НА САД ВО МАКЕДОНСКИТЕ ГОЛГОТИ

09.09.2014 година

America’s Role in Macedonia’s Troubled Journey to International Recognition - (1991 – 2013) – Chapter 4 – Part 2

By Risto Nikovski

Translated and edited by Risto Stefov

August 27, 2014


IV – Renaming Macedonia and addressing the “Albanian national question” are two parallel processes coordinated by Washington
Or
The name dispute, Kosovo and the 2001 war are part of the same scenario


 

 

 

Кон промоцијата на Вечна светлина над Македонија

11.08.2014 година

2 август- Илинден, 2014, Мелбурн

Поради богатата програма на одржаната промоција на книгата на Гордана Димовска Вечна светлина над Македонија, презентирани се битни делови од оваа промоција, која ќе ви ја претставам поопширно за да се запази и квалитетот на изразувањата на авторката Гордана.

Книгата е објавена во Битола, Република Македонија, 2014 година, од Љубители на литература, култура и наука Св. Висарион, ИСБН 978-608-4545-36-1 и Цобисс.МК-ИД 95410442, а промовирана во Sheldon Reception, Мелбурн, Австралија, на 2 август-Илинден. На овој свечен интелектуален собир, каде со богата патриотска програма учествуваа заедно со дваесетината учесници и одбран број на љубители на патриотска литература, култура и наука.
Карактеристично за содржината на книгата на Гордана е тоа што е исклучивo од литературен патриотски стил, со содржини, по наслови на глави, кои почнуваат од Прва глава во која се презентираат носталгични написи, поврзани со секојдневни копнежи на авторката Гордана, кон родна Македонија, копнежи кои ги чувствуваат поголемиот дел од македонските иселеници. Бидејќи во оваа книга има написи и од поедини автори од Република Македонија, Гордана пишува од љубов и со љубов за Македонија, што е значајно за контактот и соработката на републиката со дијаспората.

Преку почетните наслови на книгата како што е: МИСЛОВНО-НАУЧНО И ЛИТЕРАТУРНО СОЅВЕЗДИЕ НА ГОРДАНА ДИМОВСКА, се протега до крајните зборови на оваа патриотска и литературна книга, лојалноста на авторката кон својата родна Македонија и кон своите Македонци, изразена поетично, прозно и практично (со учество и организаирање на македонски протести-демонстрации во Мелбурн и при одбележување на спомени за македонски паднати борици за слободата на Македонија). Патриотскиот дух на Гордана се согледува и од искажан цитат од нејзиниот говор, пред споменикот на паднатите борци- Shrine of remembrance, во Мелбурн 2011 година. Овде Гордана наведува поедини глобални востанија, како што се: Илинденското востание, потоа создавање на суверена држава Македонија на Првото заседание на АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчински на 2 август-Илинден, 1944 година, обележен како НОБ. Гордана не потсетува на сите кои го дале својот живот за слободата на Македонија, да им оддадеме почит, признание и да ги славиме нивните дела, како славни датуми во македонската историја. Да напоменам дека имам читано поедини национални патриотски и културни статии, во врска со актуелностите на Македонците во дијаспората од Гордана Димовска, а од 2010 година како уредници на рубликата за иселеништвото во електронското списание Македонска нација, имам посебна патриотска и авторска почит кон Гордана, бидејќи сите нејзини дела се со висок литературен, морален и патриотски карактер, кои се ретки кај Македонките, а многу потребни за модерното рамноправно творештво за љубов и со љубов кон Македонија.

Во Глава Прва има наслов од издавачот и рецензент, Вангелко Лозаноски: Гордана не восхитува и инспирира со нејзините дела, за што ќе се навратам на крајот на моето излагање.



Во насловот: ГОРДАНА ДИМОВСКА ГОРДА МАКЕДОНКА

Овде се опишуваат некои активности на Гордана во Австралија, при што изјавува: Чест ми е што имаме можност и ние во Австралија да предаваме на свој јазик и да го пренесеуваме ова јазично богатство на идните генерации.
Според мои информации во мулткултурното, мултиетничко општество на Австралија има 160 националности, кои покрај англискиот јазик кој е официјален, се користат и други околу 60 јазици.
Гордана ги користи книгите од библиотеките на Австралија, како и архивите, музеите, новинарските белешки и записи.Така Гордана создава и објавува свои статии, колумни, есеи, се со цел да осветли некои настани поврзани со родна Македонија.На страна 10 читаме: Низ текстовите е одразена борбата за зачувување на македонските национални високи вредности кои го создаваат македонскиот идентитет и кои не смеат да се рушат под никакви услови и цена. Гордана потенцира: Македонија е највоспеана земја во светот, низ големите богати циклуси на епски песни, за македонските воини, витези, ајдуци, комити, војводи и борци од античката, средновековната и современата македонска борбено-револуционерна историја.

На стр.11 има извадок од ајдучка поезија песни од Ајдучка чешма од Григор Поповски и од Кажи ми од Никола Кирков Мајски. Потоа читаме една поезија, песна од Ленче Т. Николовска и од авторката Гордана: Исповед, носталгија и копнеж кон родна Македонија и македонските предели.

Понатаму се надоврзуваат наслови со патриотски содржини, низ целата книга, како што е оваа на стр.13: По патека на една горда Македонка со силна љубов кон Македонија.

П р о д о л ж у в а

Јанко Томов


 

 

 

Македонски активисти кои не треба да се заборават

04.08.2014 година

СЕРГИЈА СЕКУЛОСКИ
Сергија е роден на 7-ми октомври 1933 година во село Волино, Охридско, Македонија. Тој е прво од петте деца (Ѓорѓи, Благуна, Ристо и Богоја) на Санта и Вангел Секулоски. Роден е во време кога во Македонија владееше големо-српската хегемонија и во многу сиромашно семејство. Основно училиште завршил во родното село, мала матура во Белчишта, а за да го продолжи школувањето, тој на млади години ќе отпатува во Белград. Таму, во тогашната југо-престолнина, ќе одработи десетина години како градежен работник и ќе се збогати со национално, патриотско чувство. По враќањето во Волино, Сергија неможејќи да го поднесе туторството на селските власти ќе застане во одбрана на своите соселани. За прв пат тој ќе биде притворен од општинските власти во 1952 година при организирање на верски василичарски прослави. Потоа ќе следува притворање поради отпорот кон насилно спроведената меринизација на селското сточарство. Сергија ќе ги организира младинците за враќање на насилно узрпираните младински дом и селско земјиште, одземени од Земјоделскиот комбинат Струшко Поле поради ликвидација на Земјоделската задруга Победа од село Волино, без да се осудат сторителите на тој криминален акт. Тој, во 1966 година, со тогашниот претседател на младинскиот актив ќе го спречат трактористот Ќире Далчески, кој по наредба на претседателот на Земјоделската задруга, а негов зет за сестра, требаше да го изора селското фудбалско игралиште во месноста Ѓоргов Мост.

 

 

 

ИЛИНДЕНСКИ ПРАЗНУВАЊА

29.07.2014 година

Во Сиднеј :
ИЛИНДЕНСКИ ПРАЗНУВАЊА
111 години од Илинденското востание и 45 од формирањето на ФК Илинден од Рогдаел
Беше тоа точно пред 111 години, кога на Смилевскиот конгрес, поточно во куќата на земјоделецот Чуранов, се собрале 50-тина делегати од сите подрачја на Македонија. На конгресот бил избран револуционерен штаб од три членови на чело со Дамјан Груев. Вредно е да се напомене дека помеѓу присутните учествувале и Ѓорѓи Сугарев, Никола Петров, Христо Узунов, Иван Алабакот, Никола Карев и други прославени комитски војводи. На конгресот, и покрај неспремност во некои области, сепак решиле востанието да се дигне на 2-ри август на верскиот празник Св.Илија 1903 година. Нападот на Крушево бил извршен од 750 востаници, всушност со тоа било дадено на знаење дека Илинденското востание почнало. Востаниците со забрзани истрели успеале да го избркаат Сулејман Ефенди со неговите војници и официри, а со тоа набрзо ги ослободиле Крушево, Клисура, Смилево и неколку други места. Така е создадена Крушевската Република, прва од таков вид на Балканот, а за нејзин претседател бил назначен Никола Карев. Во Крушевската Република 10 дена се виореле знамињата на слободата. 10 дена слободното Крушево се веселело. 10 дена Крушевчани се радувале и меѓусебно си честитале. За тоа време ковачниците работеле без прекин, а околу градот се копале одбранбени појаси.Направени биле и 6 черешови топчиња и поставени на возвишените ридови. Канбаните постојано биеле.
Единаесетиот ден, Бахтијар паша со дваесет илјадниот аскер преку Прилеп и Кривогаштани се доближил до Крушевските висоравнини. Веднаш, преку своите гласници, побарал од востаниците да го фрлат оружјето и да се предадат. Поздравете го Бахтијар паша, дека само преку нашите мртви тела ќе влезе тој во градот! Им рекол на гласниците војводата Питу Гули. Песните на стотината момчиња на Питу екнале по Мечкин Камен. Тие момчиња не биле собрани по својата убавина, туку по јуначките свои срца кои требало да ги одмерат еден спрема педесет. На местото Грумење во Крушево биле испишани на црвена лента имињата Слобода, Братство, Еднаквост...
Во 10 часот утрото згрмеле плутоните од обете страни. Почнала борба на живот и смрт. Турците со навлегувањето во селата и во подрачјата на Крушево, почнале свирепо да се одмаздуваат. Ги палеле куќите, ги плачкале дуќаните, ги убивале сите луѓе од сите возрасти. Младите девојки ги силувале и така искрвавени ги убивале. Ѕверства имало на секој чекор. Било грозно да се биде сведок на еден таков настан. Турскиот аскер секаде каде минувал, оставал зад себе пепелишта, крв и солзи. Бахтијаровата желба била да се фати жив војводата Питу Гули, зашто тој бил најмаркантната личност на тоа востание. Гули, разулавен одмазднички стрелал од високата карпа и како тореадорски бик минувал низ турскиот мравјалник трасирајќи зад себе пат од трупови и исечени глави. Скапо ги коштала турците неговата кадрава глава. Неговиот труп последен паднал на ледините од Мечкин Камен, а неговите очи уште долго, дого гледале по македонските шуми и кон зачаденото Крушево.
Прославениот Назир паша, по убиствата на 1.000-та Албанци во Косово, токму нему му била доверена задачата за да ја смири разјарената востаничка побуна во Крушево и во многу други подрачја низ Македонија. Така, тој, зол фанатик, Турчин и Азијант, со својот 80.000 аскер, ќе постигне еден незавиден крволочен резултат. Тој за три месеци изгорел 122 села, односно пеплосал 12.500 куќи и обездомил 70.000 лица. Аскерлиите немале никаква милост ни кон децата, ни кон мајките и ни кон старците. Така, тие извршиле насилства на над 3.000 жени, а грабнале и потурчиле 176 девојки. Крајните борбени резултати броеле: 750 мртви востаници и 3.088 мртви турски аскери. И покрај сите причинети штети и жртви, Крушевските канбани далеку се слушнале. Се слушнале и подалеку од Европа. Светот во сите тогашни новини и списанија го читал името на Крушево, на Македонија и на нивната десетдневна слободна Република. И денеска Македонецот без разлика каде се наоѓа често се потсетува на јуначките подвизи и на животите дадени во Илинденското востание за ослободување на Македонија од 550 годишното Турско ропство. На свеченостите Илинденски, Македонецот ги потсетува младите генерации за двојните Илинденски настани од 1903-та - со Крушовската Република и од 1944-та - со Првото заседание на АСНОМ, кое се одржало во манастирот Прохор Пчински каде на Македонија и се даде право за рамноправна Федерална единица во Демократската Југо-федерација, со воведување на македонскиот јазик за официјален.
Поради значајните настани од Илинденската епопеја, македонскиот народ во Македонија и насекаде во светот, на достоен начин и се оддолжува со одржување на пригодни говори и свечености на кои се евоцираат спомени за борбената храброст на паднатите комити и партизани во двете најкрвави војни на македонскиот народ во неговата понова историја.