Писмата испратете ги по  email       

 

СЕКОЈ ТЕКСТ Е ИСКЛУЧИВО СТАВ НА НЕГОВИОТ АВТОР И ТОЈ НЕ ГО ОДРАЗУВА СТАВОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО, КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОДГОВОРНА ЗА ИЗНЕСЕНИТЕ СТАВОВИ!

 

Ви благодариме

14.07.2014 година

Агенција за иселеништво на Македонија
Васил Наумов
Директор


Почитувани Г-дин Наумов,


Од мое лично име и од името на членовите на нашата театарска група би сакале да Ви се заблагодариме како Вас така и на вашиот персонал во Агенцијата за иселеништво, посебно на Биљана Костова, на вашето гостопримство во Скопје и Штип, организирање на нашата турнеја и можноста да настапиме во културните центри и драмските театри во Скопје, Велес, Штип, Струмица, Прилеп, Битола и Охрид. Покрај организирањето на турнејата, транспортот и сместувањето, печатениот рекламен материјал и контактите со соодветната медиа беа од огромно значење за успехот на нашата турнеја. Целиот Ваш персонал, поготово оние кои беа во контакт со нас, ни ја дадоа потребната подршка и за тоа ви сме многу благодарни.

Посебно би сакале да и се заблагодариме и истакнеме дека Биљана Костова се појави како голем организатор, секогаш пристапна, со голем интузијазам и работна етичност. Нејзиниот приод кон нашата турнеја секогаш беше позитивен исполнет со свежина и љубов кон она што ние сите го работиме за доброто на македонската нација.

Се надеваме дека публиката беше задоволна од преставите како што и ние од средбите понесовме големи впечатоци на кои трајно ќе се сеќаваме. Спрема податоците што ни беа дадени од самите театри, преставата беше гледана повеќе од 1600 гледачи. Исто така ДВД им понудивме на сите ТВ канали (11) во горенаведените градови на кои им дадовме право истата да ја прикажат. Досега имаме дадено 18 престави и можеме слободно да го потврдиме тоа дека ова е најгледана македонска драма во дијаспората.

Уште еднаш, Ви благодариме на вашата помош и разбирање.

Со особена почит,


Душан Ристевски

 

 

 

Вечна светлина над Македонија

14.07.2014 година

Книгата Вечна светлина над Македонија конечно пристигна и во Австралија....благодарност на Агенцијата за Иселеништво на Македонија и членовите на Љубители на литература, култура и наука Св Висарион...The new book arrived in Australia, thanks to Emigration Agency of Macedonia.......Искрените Македонци успешно доследно работаат за доброто на Македонија без разлика во кој дел од светот живеат. Жртвувајќи се себе си и посветувајќи и време и пари, за македонските светлини. Се одрекуваат од своите лични задоволства, со денови, месеци, години и децении,како искрени македонисти работаат за Македонија.Благодарение на такви доследни личности со цврста македонска свест, со македонски код ја афирмираме Македонија во светот. А на младата генерација и го откриваме патот како се сака и како се бори за Македонија.

 

 

 

ДИЈАСПОРАТА ПРОТИВ ЗАЕДНИЧКА ПРОСЛАВА НА ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ СО БУГАРИЈА

02.07.2014 година

Во Мелбурн се одржа отворено собрание со претставници на македонските организации во Социјалниот клуб на Престон Македонија против најавата на повеќе македонски институции, академици, научници, историчари и новинари за заедничка прослава со Бугарија на македонскиот национален и државотворен празник на Република Македонија - Илинден. Ораганизатори на состанокот беа:

Федерацијата на културно уметничките друштва од Викторија
Македонско - Австралиска заедница на организации
Егејски совет на Македонците од Викторија
Федерација на Македонските пензионерски организации од Викторија

На Собранието се донесе Резолуција и се испрате до:

Владата на Р. Македонија
Претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорѓе Иванов
Собрание на Р. Македонија
МАНУ
МПЦ - ОА
Политичките партии СДСМ, ГРОМ, Алијанса за граѓанска Македонија и Достоинство
Агенција за иселеништво
Медиумите на Македонија и македонската јвност ширум светот

 

 

 

ЖИВОТОТ ПОМИНАТ ВО ИГРАЊЕ ШАХ

02.07.2014 година


Димитар Мојановски неодамна беше награден за најголем читател на книги во Библиотеката Григор Прличев при истоименото Литературно друштво во Сиднеј. Поводот на разговорот беше токму неговата долгорочна љубов со шаховската табла која отпочна од своето родно Чаништа да продолжи како војник во ЈНА потоа гастајберство во Австрија и печалбарство во Австралија.
Димитар е роден во Чаништа и уште од своите млади години го напушти селото како и многут други младинци во 60-тите години за да си ја бара среќата во западно-европските држави. Во Австрија работеше на бродовите на Дунав па после преселбата во Австралија во 1971 год. некое време помина во Ливницата на железо во Порт Кембла за потоа да се пресели во Сиднеј и да се вработи во државното водостопанство а повеќе од 30 години работеше како возач на автобус. Се ожени за Симјанка од Крушејца и е татко на две ќерки и еден син кои се сите родени и живеат со своите семејства во Австралија.
Димитар, со преселувањето во Австралија слободното време, иако не знаеше англиски, го користеше во дружење со познати австралиски шахисти и членување во клубови. Бидејќи беше искрено и неизмерно заљубен во шахот, одеше на шаховски турнири во повеќе градови во Австралија. Мојановски не само што се бореше на шаховската табла тој беше и главниот организатор во организирање на шаховски турнири во првиот македонски шаховски клуб кој прво започна да функционира токму во Литературното друштво за да продолжи во просториите на Црквата Св Петка во Рогдаел под името Македонски шаховски клуб Илинден. На повеќе турнеи самиот клуб и тој лично освојувале прво, второ и трето место, а најповеќе му значеше групното играње со познатиот руски шахиста Карпов кој беше еден од 72-те играчи.
Сега Мојановски своите пензионерски денови ги поминува во читање книги и играње шах на интернет и локалниот шаховски клуб во Сиднеј.
Душан Ристевски

 

 

 

Примена на македонскиот фолклор во мултикултурна, мултиетничка Австралија

02.07.2014 година


Поради поголема прегледност за дел од влијанијата на македонската култура, преку богатата ризница на фолклорот и народните песни ќе прикажам дел од активноста на фолклорната група од Нуса, Квинсленд, Австралија. За таа цел ќе ја користам мојата статија од Грејп Вајн-Винова Лоза, публикувана на англиски јазик во врска со свечено одбележаната прослава од 20 годишната плодна активност на Нуса интернационална фолклорна група на 10 мај 2014 година.


Учесниците на 20 годишната прослава во Тимбирва, Нуса, Квинсленд
Свечено прославена 20 годишнината на Нуса меѓународна фолклорна група во 2014
Во свечено украсената сала на општината Тимбирва, близу Тивонтин и Нуса, во Квинсленд на 10 мај 2014 година од 13-17 часот се одржа прослава за 20 годишнината од основањето на Нуса меѓународна фолклорна група, во организација и раководство на основачот на групата, инструкторката и кореографка г-ѓа Дени Макензи.

Дени Макензи, во средина, отпочна со приказ и обучавање на учесниците, со едно ново оро-танц од својот богат репертуар
Покрај дел од членството, како гости, присуствуваа фолклористи од фолклорната група Мандела од блиското градче Намбо и пријатели на фолклорот од Бризбен, Нов Јужен Велс и други места. На прославата присуствуваа повеќе од 50 фолклористи. Наизменично, Дени ги одбираше танците и ората, ги обучуваше учесниците и при целосната нивна изведба ги вклучуваше прекрасните песни на различни јазици од народи од Источна Европа и Балканскиот Полуостров. Во придружба на игрите беше пријатно да се слушаат разновидни национални музички инстументи.
При играњето инструкторката Макензи со големо задоволство даваше можност на своите избрани инструкторки да настапуваат со обука и изведување на свои кореографии кои ги играа сите присутни. Инструктори беа Лорејн од Нембо Мандела, Анита од Бризбен и Аника од Нуса, с до 17 часот, со пауза на половина час за освежување и закуска со домашни специјалитети, слатки и сенвичи, со чај и кафе, што домаќинките ги зготвиле. Исто така, на свеченоста со соло настап, Ерика изведе Џипси танц, а инструкторката, гостинка од Вулонгонг, Нов Јужен Велс, изведе Скотиш танц.

Во Шкотланџанскиот масовен танц, играат и Јанко и Маргарет
Продолжува
Јанко ТОМОВ

 

 

 

Честитка

23.04.2014 година

Ја имаа таа чест и осебено мие задоволство што од мое лично име, од името на Комитетот на Македонскиот Културен Центар Илинден, од името на сите наши членови, симпатизери и супоретери на сите Вас вработени во Агенцијата за иселеништво при владата на Република Македонија, Ви го честитам големиот Христијански празник и ви посакам благословени и срекни Велигденски празници, на сите Вас ви упатуваме нај искрени честитки и ви посакуваме многу радост срека и духовен мир како на Вас така и на Вашите семејства.
Воскресението Христово Велигден е празник на недвобојна верба, празник на исконска љубов кон Бога и кон лугето, празник на радоста и добрината, Велигден е ден кој го осветлува нашето минато, ја прави јасна нашата сегашност и го покажува патот нан ашата иднина, токму затоа да му се радуваме на Воскресението Христово и да го прославиме овај голем Христиански празник во духот нан ашата религија.
РИСТОС ВОСКРЕСНА

Од името на МКЦ Илинден
Перт Западна Австралија

Секретар

Трајче Т.ТРАЈКОВСКИ

 

 

 

Почитувани дами и господа,

09.04.2014 година


На претстојните избори за Совет и градоначалник на Општина Дсселдорф на 25. Мај 2014 год., главен град на федералната држава Северна Рајна Вестфалија во С.Р. Германија, се избира за прв пат посебно тело кое ке ги претставува интересите на граганите со мигрантско потекло, Советот за интеграции.

Него го сочинуваат десет членови кои се бираат преку листи и девет членови кои се редовни членови на градскиот Совет.

За прв пат локалната секција на партијата на Сојузот 90/Зелените (Бнднис 90/Дие Грнен) од Дсселдорф кандидира сопствена 'Зелена отворена мегународна листа' со седум кандидатки и кандидати по потекло од Македонија, Полска, Италија и Иран.

Претставникот на Обединетата Македонска Дијаспора во Германија за Штуттгарт, Гоце Пероски, е избран на првото место на 'Зелената отворена мегународна листа', што претставува значаен успех и голема веројатност дека ке биде избран во Советот за интеграции.

'За мене ова претставува голема чест и задоволство. После 100-те потписи што требаше да ги собереме како поддршка на нашата листа од страна на граганите со мигрантско потекло во Дсселдорф, сега претстојува фазата кога треба да ги убедиме да гласаат за нашите идеи и за нашата листа, затоа што нудиме ефикасни концепти и решенија за понатомошното успешно интегрирање и прифакање на граганите со мигрантско потекло во Дсселдорф!'

Гоце Пероски е филолог по вокација и работи во ЦИВИЦ-Институт за мегународна едкуација во Дсселдорф, кој мегу друго изведува образовни проекти за поддршка на земјите од Балканот, вклучувајки ја и Македонија. Неговите родители се иселеници од Македонија.

На шестото место на листата кандидатка е Џеваире Јусуфи. Нејзините родители исто така се иселеници од Македонија и припадници на албанската заедница од Македонија. Таа неколку години е член на претседателството на локалната секција на Младите Зелени во Дсселдорф.

Во Дсселдорф живеат 4.951 грагани по потекло од Македонија. Со тоа, македонската заедница во Дсселдорф е на десетто место по бројност и претставува 2,3% од вкупниот број на грагани со мигрантско потекло во градот, што е значителна бројка.

Во прилог подолу препратено е оригиналното соопштение на локалната секција на Сојузот 90/Зелените од Дсселдорф околу изборот за Советот за интеграции.


Ви благодарам за вашето внимание и вашата поддршка.

Со почит,
Игор Данајловски
УМД Регионал Репресентативе Дсселдорф

 

 

 

ДОНАЦИЈА ОД 50.000 ДОЛАРИ

01.04.2014 година

ЗА МПЦ СВ.ДИМИТРИЈА ВО ФЛОРИДА
ДОНАЦИЈА ОД 50.000 ДОЛАРИ
Историскиот развој на Македонската православна црква Св. Димитрија во Јужна Флорида започнал на 15 август 1989 година кога била регистрирана пред американските власти во Талахаси (Tallahassee). Меѓутоа, за Македонците во Флорида ке остане за паметење 2004 година, кога се купени две куки, на Булеварот Нортлаке во Палм Бицх Гарденс. Потоа просториите се адаптирани во црква и црковна сала, во кои се продолжи и се практицира православната македонска вера, обичаите, традициите, песната и орото и другите духовни и културни вредности донесени од Македонија.
Во црквата Св. Дитрија има голем број Македонци кои од почеток до денес се вклучени во купувањето, изградбата и реконструкцијата на зградите, меѓу кои најголеми донатори досега се бизнисмените браќата Јосив и Георге Атанасоски, кои дале околу 200.000 долари.
Исто така треба да се одбележи дека на 2-ри март оваа година црквата Св. Димитрија организираше годишен пикник на кој присуствуваа околу 250 посетители, членовите на црквата и други добронамерници и пријатели на Македонците, кога и се собраа повеке од 30.000 долари. Притоа треба да се истакнат најголемите донатори, бизнисмените Мајкл Илич, Георге Атанасоски и Јохн Битов, кои подарија по 10.000 долари, потоа бизнисменот Георге Браун, писателот Јосиф Грежловски-Гандето, Јосиф Пасариковски, д-р Ламбро и Пет Димитров и многу други добротвори и донатори кои постојано даруваат средства на Црквата.
Потоа, на 9 март оваа година се одржа Традиционалниот голф турнир, кој го организираа бизнимени од Канада и САД, меѓу кои, Георге Браун, Анджело Пеовски, Крис Стериовски и голем број други Македонци и нивни пријатели, кои собраа околу 4.000 долари донација за црквата Св. Димитрија.
Исто така, авторот на овој текст, Славе Катин, од името на Издавачката куќа Македонска искра подари 200 публикации, со цел да се отвори скромна библиотека во црковните простории, а со тоа да се поттикнат и други издавачки куки и поединци да донираат книги и финансиски средства за Македонската православна црквата Св. Димитрија, која се наоѓа на 4980 Нортхлаке Боулевард, Палм Беацх Гарденс, Фл.33418, чија реконструкција и доградба ке ја изведуваат Бранко Димовски и Стивен Талевски..
На 16 март оваа година, пак, се одржа членско собрание на црквата, на кое беше претставен финансискиот извештај, од страна на управата. Инаку, во собирањето на средствата големи заслуги, покрај иницијаторот на акцијата Стеве и Лили Плиакес, имаат членовите на сегашната управа Васил Џајкоски, Лена Гогова, Лилјана Доревска, ТрајЧе Матевски, Драги Ивановски, Ратка Реи Попек, Раде Цветковски, потоа БоШко Рајчовски-Пелистерски, Перо Христов, Тони Голабоски, Коста Илиас, Лика Панчо и многу, многу други предходни и сегасни активисти.
Финансискиот извештај беше презентиран пред голем број членови на Црквата и гости. Притоа беше истакнато дека со акцијата за собирање на финансиски средства за законската реконструкција на објектот, се собрани околу 50.000 долари, што значат и почеток на градежните работи и посветла иднина на овој македонски храм, за кој се очекува во оваа акција да се вклучат и други донатори и цркви од Канада и САД.

Славе Катин