Писмата испратете ги по  email       

 

СЕКОЈ ТЕКСТ Е ИСКЛУЧИВО СТАВ НА НЕГОВИОТ АВТОР И ТОЈ НЕ ГО ОДРАЗУВА СТАВОТ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО, КОЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СМЕТА ЗА ОДГОВОРНА ЗА ИЗНЕСЕНИТЕ СТАВОВИ!

 
<< Предходни 1 2 3 4 5 6 7 8 Следни >>

Посета на вечниот дом на мојот соборец и основач на ДООМ и ВМРО-ДПМНЕ

25.11.2013 година

Јанко ТОМОВ

На 3 септември 2013 година во последните 43 години живеење во Австралија, сметајќи од 2007 година, три пати ја посетувам родна Македонија, со мојата сопруга Маргарет, која со техничка, стручна и духовна помош ми овозможува да го дадам најдоброто за публикување (и превод од македонски на англиски) на моите книги и национано политички написи.

На 6 септември 2013 година во 11 часот, Славе Николовски Катин ме одвезе до Куманово, на градските гробишта каде е погребан Драган Богдановски. Славе предходно се договорил преку телефон со другар од Куманово, кој ни го прати внукот на Д. Богдановски, Драган Петковски. Со Драган Петковски се запознавме на гробиштата, каде не` дочека со Славе Катин, при што отидовме да го посетиме гробот на Драган Богдановски и каде му положивме букет свежо цвеќе.

Во тие први моменти, при поклонувањето пред гробот на мојот соборец, ми се вратија спомените од врските преку писма и телефонски разговори со Драган во 90-ите, тој од Малме Шветска и Берлин Германија, а јас од Перт Западна Австралија, како да беа само пред неколку минути! Кога се повратив во реалноста, се фотографиравме пред драгиот, за секогаш со почит кон него Драган Богдановски.



Јанко Томов се поклонува на гробот Драган Богдановски

До гробот на Богдановски е гробот на покојната мајка на Д. Петковски која починала истиот ден кога Драган Богдановски бил погребан. Семејството Петковски е во многу блиски роднински врски со Драган Богдановски. Кога Драган избегал од Куманово во западниот свет во 50-те години од минатиот век, роднините не чуле ништо за Драган, каде е и дали е драв и жив , цели 8 години. Тогаш се родил внукот на Драган Богдановски, него го крстиле Драган, по името на вујко му, за да се има спомен од него.

Внукот Драган е висок и крупен Македонец, многу е горд на својот вујко, кој го посветил целиот свој живот за основање на самостојна македонска држава и за симнување на комунистичкиот поредок со поставување на современ демократски поредок.

При таа посета на вечниот дом на основачот на Македонското движење во дијаспората, од кое произлезе познатото македонско движење Движење за Ослободување и Обединување на Македонија (ДООМ), а по него и останатите Македонски организирани национално-политичкји субјекти, со своите организации, билтени, списанија и весници, кои на крај помогнаа да се создаде Демократска Партија за Македонско Национално Единство (ДПМНЕ), која прерасна во ВМРО-ДПМНЕ. При таа прилика, ние тројца, пред вечниот дом на Драган Богдановски евоциравме извесни спомени.

Ќе се послужам со книгата на Ј.Т. Поткрепа од убавиот Перт, објавена во 2000 година во Бризбен, Австралија, во која ќе набројам некои заглавија од таа книга и писма од коресподенција со Драган Богдановски во 1990 година:

Замислата и концептот за функциониранјето на ДПМНЕ во дијаспората

Кореспонденцијата со Драган Богдановски беше плодна, полна со разбирање и меѓусебно почитување. Нашите идеи што му ги испраќавме од Перт, Драган со задоволство ги прифаќаше, затоа што се поклопуваа со неговите сфаќања и идеали.

Во мојот одговор на Драган Богдановски, му испратив пообемен материјал, наменет за структурата и фунционирањето на ДПМНЕ во дијаспората од каде требаше да бидат раководени ограноците на оваа партија секаде низ светот, но и во СР Македонија (Југославија), како и во окупираните делови на Македонија. Писмото го приложувам во целост.

20 мај 1990 година, Перт
Почитуван брат Драган,

Твојата експедитивност за одговор на моето писмо ме трогна, а уште повеќе твојата подготвеност и желба за меѓусебна соработка и идно допишување во полза на позитивното работење во решавањето на придобивките од илинденската епопеја за Македонската кауза.

Брате Драган, твоите желби за македонско национално единство и за создавање на самостојна македонска суверена држава не е само сон кој произлегува од твоето активно и сестрано ангажирање и работа на продолжувањето и реализирањето на нашите светли илинденски идеали, туку претставува реална стварност што во најново време ги окупира и обединува сите прогресивни македонски сили и целиот македонски народ.

Твојот пример во минатото е патоказ за сите нас

Горното писмо до Богдановски е прилично долго и сеопфатно, кое се наоѓа во споменатата книга од страна 50-60, како и други писма со теми околу изготвувањето на материјали за формирањето на ДПМНЕ и на Задграничните комитети на ВМРО-ДПМНЕ. Драган Богдановски го постави Панко Стамкоски за портпетседател на Координативниот одбор на ДПМНЕ за дијаспората Австралија и заедно со мене Јанко и Јонче Трајчевски за членови на овој одбор, кои успешно си ги вршевме задолженијата за основање на задгранични комитети за јакнење и промовирање на ВМРО-ДПМНЕ.

Еве неколку наслови во книгата: Поткрека од убавиот Перт, во која, во вториот дел се пишува во детали за Демонстрацијата на Македонците од Перт и Запдна Австралија, пред грчкиот Конзулат во Перт, со цел Грција да ги признае основните, националните, верските, јазичните, културните и други права на македонците во окупирана Егејска Македонија:

Проект: Устав на ВМРО-ДПМНЕ; Деловник за работа на основачкото собрание на ДПМНЕ; Програмски цели и задачи на ВМРО-ДПМНЕ; Помагателна основна гранка за Перт, Западна Австралија; Покана за учество на оснивачко собрание на огранок на ВМРО-ДПМНЕ; Полномошно; Пристапница за зачленување во ВМРО-ДПМНЕ и повеќе слични наслови и текстови во таа книга.

Вечна му слава на страдалниот наш Драган Богдановски, кој го посвети целиот свој живот за слободна демократска и слободна Република Македонија.



Славе Николовски Катин и Јанко Томов пред гробот на Драган Богдановски



Јанко Томов и внукот на Драган Богдановски- Драган Петковски, на гробот на Драган Богдановски


На 7 септември 2013г. за прв пат се сретнав и со Мане Јаковлески, иако сме членови во ДООМ од 70-те години од минатиот век, за што во наредниот број ќе се потрудам да евоцирам спомени од таа средба.

 

 

 

Македонците во Џилонг малобројни но највредни во Австралија

25.11.2013 година

Ми причинуваше големо задоволство што имав можност на поминување низ Џилонг, индустриски град блиску до Мелбурн, да го посетам Македонскиот центар и црквата "Св. Јован Крстител" кои се наоѓаат во населбата Bell Post Hill. На секој минувач на патот за градот Баларат му го свртува вниманието македонското национално знаме кое пргаво се вее и ни дава до знаење дека се наоѓаме на едно парче македонска земја на еден простор каде што се организираат пикници, средби и веселби, крштевки и венчавки и секако закопи и помени.

 

 

 

Револт кај Македонците во Македонија и во дијаспората

18.11.2013 година

Пишува Никола Ставрески - Мелбурн
Македонија раѓала и јунаци и душмани, јунаци имало и ке има и со нив се гордееме каде и да се`, но за душманите казните стигнувале поскоро или покасно.
Еден од последните душмани за нас Македонската дијаспора е политичкиот шут Ивон Величковски, кој доволно не ја познава дијаспората и се престави како потрчко на нашиот јужен сосед со намера дека може да ги исполни нивите барања, но заборави дека од моментот на неговата изјава станува непријателски душман за век.
Сакам да напоменам дека во дијапората скоро сите организации користат лого и амблем со лавот или сонцетот од Кутлеш, ќе наведам неколку за да може не само Ивон Величковски туку и сите неупатени да ја дознаете вистината:
http://unitedmacedonians.org/, http://macedoniansinalbania.org/, http://www.macedonianhr.org.au/, http://www.narodnavolja.com/, http://www.ilindentirana.com/,http://www.omoilindenpirin.org/, http://www.ancientmacedonia.com/, http://www.makbiz.net/, http://www.macedonianhistory.ca/,http://www.makbiz.com.au/, www.falanga.com.au и уште стотици веб страни на Македонски фудбалски клубови, играорни групи итн.
Скоро на сите македонски гробови во дијаспората е поставено сонцето од Кутлеш и со кој памет зборува Ивон Величковски зарем не е свесен дека со неговиот непромислен потег навредил илјадници Македонци?
Иво Величковски наместо да наведе да се забрани употребата на странски знамиња во Република Македонија пред се` на Албанското тој експресно забегал со изјава да се забрани Македонското национално знаме кое ги обединува Македонците во целиот свет и истиот тој симбол е симбол на Светскиот Македонски Конгрес, каков апсурд од него.
Денес поедници и преставници од Македонски организации од Македонската дијаспора реагираат бидејќи се навредени од Ивон Величковски и бараат под хитно да се укине Либералната Партија, затоа што е антимакедонски настроена од минатото кога лидер им беше Стојан Андов па се до денес.
Македонците бараат средба на наша територија во Австралија пред се да ни гостува Ивон Величковски подетално тој да ни објасни зошто толку политички забегал а наше е да му објасниме како што му објаснивме во минатото на Мартин Треневски и Илинка Митрева кои лично верувам се алергични на Австралија.
Исто така јавно ги повикуваме сите Македонци каде и да се` никогаш повеќе да не гласаат за оваа антимакедонска партија која не навреди во прв степен, ниту пак да гласаат за коалиција во која што оваа партија членува!
Колку ке биде неказнет Ивон Величковски и Либералната Партија времето ке покаже.

 

 

 

Пештера

29.10.2013 година

Во празната куќа полна со испразнети емоции од безмилосното истоштуваење на телото ослободено од мислите за неговата важност задуман се прашувам дали на некого му недостигам.

Душата е исмукана од уморното тело и е тука во просторот и таму дури до прекуокенот. Никогаш нема да бидам дома повторно.

 

 

 

Без помасовено демонстративно прествување на македонското единство, светот нема да ни помогне

28.10.2013 година

Пишува: Јанко ТОМОВ

Секое фактичко прикажување на лојалноста на актуелната власт на РМ и одбрана на своите Македонски карактеристики и уставното име на Македонија, согласно со изворите од вистинската Македонска историја, привлекува пријатели на македонците и на Република Македонија. Посебно пријателство кое доаѓа од страна на светската интелигенција, а мирните протести и масовни мирни-културни јавни појави на поголеми групи Македонски иселеници и граѓани на Република Македонија, ќе влијае за позитивно-масовно преставување и со тоа усвојување на јавното мислење за вистината на македонците и за Македонија.

 

 

 

Македонскиот јазик во австралиските редовни училишта

25.10.2013 година

Родниот јазик е бисерен ѓердан,тој е извор непресушен вечен,низ бистри книги зборови тече, тој ни е завет од дедовците, чувај го како црнка во окото, без јазик си никој и ништо. Видое Подгорец
Македонскиот јазик во австралиските редовни училишта за првпат е воведен кон крајот на 1960 година. Footscray High School беше првото средно училиште во кое беше воведен македонски јазик во сите одделенија. Во Викториското училиште за јазици се изучува од 1977 и тоа во 6 државни училишта. Македонскиот јазик беше еден од првите јазиците воведен и во North Geelong Centres при нивното отворање во 1980 година. Во последните 5-6 години доаѓа до укинување на јазикот во неколку училишта каде што јазикот беше во редовна настава па така моментно е застапен главно во програмата на Викториското училиште за јазици (саботна настава). Наставниците секоја година апелираат до родителите да ги мотивираат своите деца да го изучуваат македонскиот јазик и да имаат позитивен однос кон јазикот. Без разлика што англискиот е доминантен , не треба да се негира значењето и на македонскиот јазик со оглед што тој преставува основно национлно обележје на еден посебен народ. Не треба да се заборави јазикот на своите претци, јазикот кој со маки го сочувале нашите прадедовци во услови на ропства и окупации. Со цел да ги поттикнеме младите Македончиња да го изучуваат јазикот, организираме голем број активности, подготвуваме видео од приредбите што се одржуваат во училиштата, редовно објавуваме прилози и соопштенија во македонските медиуми како и едукативната програма наречена Македонска новогодишна приказна преку која на креативен и забавен начин децата учат за обичаите, историјата , традицијата на Македонците за Нова година, Божиќ, Стара нова година. Испечативме повеќе од илјада флаери за овогодишниот Фестивал на храната каде учениците од Keilor Downs College ќе настапат со песни за Македонија, драматизација на Ајдучка чешма. Оваа година добивме помош и од Министерството за образование на Р. Македонија кои испратија примероци од најнови учебници како и експерт едукатор за Македонски јазик , Лидија Нарашанова Смилевска. Благодарност до Агенцијата за Иселеништво која ги поддржува нашите напори да се зачува јазикот во австралиските училишта.

 

 

 

<< Предходни 1 2 3 4 5 6 7 8 Следни >>