Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Атанас Близнаков

25 години од формирањето на Фондацијата “Атанас Близнакоф” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”Скопје (18 април 1977 година)

На 15 декември 2001 година се навршуваат 100 години од раѓањето на Атанас Близнаков, основач на Фондацијата “Атанас Близнакоф” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето.

Атанас Близнаков е роден на 15 декември 1901 година во познатото револуционерно село Дмбени, Костурско, во егејскиот дел на Македонија. Во ова село родени се плејада предводени македонски борци и интелектуалци меѓу кои Лазар Поп Трајков, автор на познатата поема “Локвата и Вињари”, објавена на 31 мај 1903 година, Лазо Москов, Лазо Трповски, Ташко Караџа и други, кои се бореле за остварување и афирмација на македонските идеали.

По балканските колежи и Првата светска војна, како по поделбата на Македонија, голем дел Македонци особено од Костурско, Леринско, Битолско, Преспанско, Воденско и другите краишта на поделената Македонија напуштајќи го својот роден крај и своите најблиски, побарале спас по белиот свет, во прекуокеанските земји. На 19 годишна возраст и Атанас Близнаков во цутот на својата младост во 1920 година тргнал по потрага во подобар живот во тогаш ветената земја Америка.

Од родителскиот дом го понесло сознанието дека го гони немаштијата, но го понесло и единственото чувство дека е Македонец, дека ќе остане тоа во кој и да било дел од светот да се наоѓа и дека кога тогаш ќе се врати во Македонија.

Новата страница од неговиот живот во Новиот свет започнала на 16 декември 1920 година во градот Медисон, во државата Илиноис САД, како фабрички работник, каде што имало голема македонска колонија.

По една и пол година се преселил во градот Гери, Индијана каде што работел цели 34 години во Железарницата, еден од најголемите индустриски гиганти во Илиноис, се до неговото пензионирање.

За сето тоа време тој се занимавал и со купопродажба на недвижнини и акции и на тој начин го зголемувал својот капитал.

Во средината на триесетите години се вратил во родното село Дмбени, каде што ја сретнал младата и убава девојка Славка и ја зел за свој животен сопатник. Сопругата Славка навистина му била искрен и верен придружник цели шеесет и три години. Го поддржувала, го бодрела и го храбрела во истрајноста на желбата за враќање во Македонија и за основање на Фондацијата за помагање на младите Македонци да се здобијат со високо образование.

Иако најголемиот дел од својот живот го поминал во емиграција, Близнаков до крајот на животот остана со желбата да и се помогне на татковината, Република Македонија.

Во текот на Втората светска војна, Близнаков, заедно со други македонски патриоти преку МАНС (Македонско - американски народен сојуз), морално и материјално ја помагал народно - ослободителната борба на македонскиот народ. По Војната Атанас Близнаков бил претседател на Комитетот за помагање на изградбата на Интерната клиника на Медицинскиот факултет во Скопје, што бил формиран во градот Гери, Индијана, САД. Таа акција беше окончана со успех и денес на Клиниката во знак на признание, стои ознаката за големата помош и љубов на македонските иселеници кон својата земја и својот народ.

Голема беше желбата на Атанас Близнаков да ја посети Македонија, да види како се остварени неговите идеали. Желбата му се оствари за прв пат во 1958 година, кога со сопругата Славка го посети Скопје. Си замина со надеж дека повторно ќе дојде. Повторно дојде во 1968 година и учествуваше во прославата на Илинденските свечености.

 

По враќањето во Америка кај Атанас Близнаков се роди мислата и желбата дефинитивно да се врати во Македонија. За сето време беше опседнат со идејата да направи нешто со што ќе може на некој начин да и помогне на својата татковина, на својот народ што толку многу го сакал. Така се роди мислата за основање на Фондацијата “Атанас Близнакоф” за стипендирање студенти од Универзитетот во Скопје.

Во 1976 година дефинитивно се насели во Скопје и покрена иницијатива за основање на Фондацијата.

Фондацијата “Атанас Близнакоф” при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје има свој Статут по кој работи. За остварување на целите и задачите на Фондацијата се грижи Управен одбор чиј претседател е ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје проф. д-р Александар Анчевски.

Првите стипендии се доделени на 10 студенти, за постепено таа бројка да се зголеми на 50 студенти. Заклучно со учебната 2000/2001 година стипендија имаат добиено 236 студенти.

Мнозина од нив, по дипломирањето, се вклучија во образовниот процес на Универзитетот како асистенти, доценти и вонредни и редовни професори.

Атанас Близнаков почина на 10 јули 1998 година во Скопје, Универзитетот, на донаторот и големиот хуманист, му е вечно благодарен и неговото име го зазема почесното прво место на Спомен плочата на донатори, изработена во знак на почит и благодарност кон сите кои дадоа значаен придонес во создавањето и развојот на творечкиот подем на Универзитетот.

Во издание на Универзитетот излезе од печат монографијата Атанас Близнаков (живот и дело) од исткнатиот публицист и новинар Славе Николовски - Катин. По тој повод, на Универзитетот се одржа свечена седница на Советот на Фондацијата н која зедоа учество членовите на Управниот одбор на Фондацијата - “Атанас Близнакоф” членовите на Управниот одбор на Фондацијата “Петар Стаматов”, членови на Ректорската управа, претставници од министерствата за образование и наука, за култура и надворешни работи, Агенцијата за иселеништво, Македонската православна црква, студенти - стипендисти и роднини и пријатели на Атанас Близнаков и Петар Стаматов. На оваа седница се изврши и промоција на монографијата Атанас Близнаков.

Покрај донаторската активност Атанас Близнаков се занимавал и со публицистика. Ги објавил овие трудови: Дмбени (монографија за селото) и Спомени за националната, политичката и културната дејност на Македонците во САД и Канада, како и статии и интервјуа во дневниот печат, на радиото и телевизијата.

Атанас Близнаков долги години активно соработуваше со Матицата на иселениците во Македонија (денес Агенција за иселеништво), со Македонската православна црква и со други невладини организации.

За своето големо дело Атанас Близнаков е одликуван со Орден за заслуги за народ со сребрена ѕвезда, од тогашното Претседателство на СФРЈ, го добил највисокото републичко признание наградата “11 Октомври”, потоа со Плакета на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со Плакета на Одборот на децата бегалци од Егејска Македонија, како и многу други плакети и благодарници.

По повод 2000 години од христијанството, Министерството за иселеништво (сега Агенција за иселеништво), на истакнати поединци, асоцијации, клубови и добротвори (дарители) и луѓе кои на најразличен начин помагале за афирмација и нарпедок на Република Македонија и македонството воопшто, им додели медали “Св. Климент Охридски”, “Св. Јован Кукузел” и плакета “Јустинијана Прима”. Прв добитник на медалот “Св. Климент Охридски” беше Атанас Близнаков.

Универзитетот, заедно со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, до Советот на град Скопје достави барање за преименување на ул. 27 Март во ул. Атанас Близнаков. Постапката е во тек.

Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, одбележувајќи на 100 - годишнината од раѓањето на Атанас Близнаков, искажува голема благодарност на донаторот на Фондацијата со најголем број стипендисти на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, кои беа материјално помогнати своите студии навреме да ги завршат.

Големината на неговата заложба ја следеа и други донатори, како што се Петар Стаматов од САД и Константин Стојанов од Франција.

Голема благодарност од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје и од студентите и почит кон починатиот Атанас Близнаков и неговата сопруга тетка Славка Близнакова.

Управен одбор на Фондацијата

“Атанас Близнакоф” при Универзитетот

“Св. Кирил и Методиј” Скопје

Она што е посебно важно е податокот дека Интеркорп минатата година беше број еден извозник и на производи од Македонија за Австралија. Станува збор за 82 контејнери со пренханбени производи од: Алкалоид од Скопје (чаеви и зачини), Витаминka од Прилеп (чоколади), Витапела и Пелистерка од Битола (минерална вода), Македонија од Неготино (конзервиран зеленчук, ајвар, лутеница, кисела туршија, компоти и слатка) и други. Целокупната вредност на ланскиот извоз изнесуваше 2 милиони евра. Интересот за овие производи е се поголем не само од Македонците, туку и од останатото население на Австралискиот континент.

За искуството од досегашната соработка со македонските фирми, генералниот директор на Интеркорп, Гордон Спироски, вели: ’’Во изминатиов период откако сме присутни на македонскиот пазар, од година во година состојбите се подобруваат и 2002г. постигнавме рекордни увозно-извозни резултати. Истите се должат на професионалноста на фирмите со кои соработуваме, но и на нашето залагање на истите да им помогнеме со наши средства нормално да се одвива нивното производство во текот на целата година: инвестираме во откупот на зеленчукот и овошјето, го плаќаме мазутот и сите неоходни нафтени деривати, увезуваме тегли за конзервната индустрија и слично. На овој начин со сигурност можеме да го планираме нашиот извоз и затоа со ваква практика ќе продолжиме и понатаму. И оваа година ќе инвестираме со иста динамика, но можно е и повеќе, бидејќи лично сметам дека во Република Македонија постои сигурност за сериозни вложувања и професионален однос на македонските стопанственици. Дека е така говори и податокот за нашето присуство на овие простори од речиси самото осамостојување на Република Македонија. Меѓутоа, многу поголема придобивка од вака воспоставените бизнис релации со Македонија, е фактот дека на ваков начин уште повеќе се зацврстуваат врските со татковината, бидејќи работата не тера да бидеме почесто тука. Сето ова го велам од лично искуство, и самиот сега сум многу почесто во Македонија и искрено посакувам по примерот на нашето семејство дека ќе тргнат и уште многу други иселеници“, - истакна Гордон Спироски, кој покрај македонско-австралиската компанија Интеркорп е сопственик и на уште три фирми во Австралија – Сиднеј, Мелбурн и Перт.

Л. Неделковска