Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Вања Николовски -Ѓумар

Диригент

Вања Николовски -Ѓумар шест години живее и работи во Феникс, Аризона (САД).
Роден е во Битола 1968 година во музичко семејство.
Своето музичко образование го стекнува во Македонија. Дипломира диригирање и композиција на ФМУ во Скопје, а специјализира диригирање на Конзерваториумот „ Николај Римски Корсаков“ во Санкт Петербург.

Од 1996 год. активно работи како прв диригент на Операта („Травијата“, „Веселата вдовица“, „Боеми“, „Тоска“, „Набуко“, „Риголето“, „Волшебната флејта“, „ Норма“, „Трубадур“, „Кармен“, „Кавалерија Рустикана“, „Аида“, „Мадам Батерфлај“, „Фауст“, „Лучија ди Ламермур“, „ Борис Годунов„ и др.), во исто време е и редовен гостин диригент на Филхармонијата, на Воениот оркестар, на Младинскиот оркестар, на неколку хорски ансамбли... Неговиот композиторски опус е со музика за разни вокално-инструментални форми, претстави, аранжмани.

По шестгодишно отсуство од македонската музичка сцена, диригентот Вања Николовски-Ѓумар на 21 јули, 2007 гостуваше на фестивалот „Охридско лето“. Ја диригираше Вердиевата „Риголето“ во изведба на Македонската опера во преполнетиот Антички театар чија изведба беше поздравена со овации.

Во моментов работи на докторатот по оперско диригирање и ги подготвува „ Боеми“ и „Волшебната флејта“ со солисти и оркестар, а инаку пет години по ред настапува во една од најголемите цркви во Феникс за Божиќ, диригира со хор, солисти и оркестар. Три години е главен диригент на годишниот концерт на „ Јамаха“ на кој настапуваат најталентираните деца од цела Америка и Канада. Во училиштето има и класа по композиција.

„Од Македонија си заминав со една и единствена цел, воедно моја животна цел: да ја освојам Америка како диригент и композитор и потоа да можам мирно да живеам во Шпанија, Италија, Русија... А, инаку сакам барем секоја втора година да си доаѓам во другата дома, Македонија и да го пренесам стекнатото искуство, ... да си се видам со пријателите, со луѓето кои ги почитувам и сакам “.


Летка Димовска Полизова