Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Киро Винокиќ

Киро Винокиќ е роден во Скопје во 1927 година.
Од 1963 година живее и работи во Загреб.
Завршил Академија за филмска и драмска уметност во Белград, но активно се бави со сликарство повеќе од пет децении.
Член е на Друштвото на ликовни уметници на Хрватска од 1992 година.
Досега има реализирано 30 тина самостојни изложби а учествувал и на над 100 групни во многу градови од поранешна Југославија и надвор од неа (Болоња, Буенос Аирес, Ден Хааг и др).
Добитник е на повеќе награди и признанија.
Основач е на Туропољската ликовна колонија во Велика Горица кај Загреб.
Винокиќ во изминативе децении интензивно слика, ангажирано сликарство свртено кон современите теми на случувањата и збиднувањата на човекот и неговите трауми предизвикани од бескрупулозните ментални и технолошки загадувања и уништувања на природата и вселената.
Неговите дела со еколошка тематика потсетуваат на мексичките муралисти, но и на ликовната ризница на иконите како и на средновековното македонско фрескосликарство. Неговите препознатливи еколошки циклуси на слики со големи формати, ликовната критика ги прифаќа како Винокиќева ликовна парадигма со која се претставува како зрела и комплексна личност, како оригинален претставник на засебен надреализам и симболизам.