Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Круме Андреевски

Меѓу поважните моменти од музичкото портфолио на младиот пијанист Круме Андреевски стои и дека е добитник на прва награда на Интернационалниот музички натпревар „Интерфест“ во Битола, како и на втора награда на интернационалниот натпревар „Војислав Вучковиќ“ во Белград. Овие две награди му се случуваат во 2005 година, а пред тоа бил четврти на натпреварот „Про пиано Романија“ во Букурешт и трет на „Музиката и земјата“ во Софија, Бугарија и на „Ровере д’Оро“ во Сан Бартоломео, Италија. Дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на професорот Борис Романов, а за време на студиите имал настапи и на фестивалите Скопско и Охридско културно лето и учествувал на семинарите на професорот Борис Романов во Охрид и Белград.
Магистерските студии по пијано на универзитетот Лин во Бока Рејтон на Флорида во САД, Круме ги почна во 2006 година. Тој е постдипломец во класата на професорката д-р Роберта Раст, која настапува и како концертен уметник.
За себе вели дека е многу строг кон своето свирење и дека кога свири секогаш се труди прво себеси да се одушеви со изведбата, бидејќи знае дека ако нему не му е интересно, тогаш и на публиката нема да £ биде предизвик да го слуша неговото свирење.
За тоа што планира во иднина на прво место е завршувањето на постдипломските студии, потоа учество на некои натпревари кои се отскочна штица за секој пијанист и меѓу другото поради присуството на светски познати менаџери а можеби ќе продолжи и со докторски студии.

Гордана Колевска
(преземено од „ТЕА модерна“)
Подготвила:
Виолета Шиндил