Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Елена Мисиркова Лоза

Лоза, пијанистка

Познатата пијанистка Елена Мисиркова Лоза со светска кариера е родена во Македонија. Правнука е на Крсте Мисирков. Повеќе од 17 години живее и работи во Австрија.

Таа е со домашно и со руско музичко образование и со воспоставен вредносен систем, преземен од широкогради ерудити кои несебично и го предале она што го поседуваат, а што го препознава светот.Елена Мисиркова 17 години живее и работи во Виена.

На 18-годишна возраст, кога замина во Русија или потоа, кога прв пат отиде да ја проба среќата на "првата европска музичка станица" Виена,oчигледно и успеа, па овој светски музички центар и стана дом каде што, според резултатите кои ги постигнува, и станува тесен, па амбициите се зголемуваат. Таа е уметник со широк видокруг, скромна и вредна во својата професија.
Да се биде уметник надвор од земјата значи да се постигне нешто повеќе, а  да се биде уметник во Австрија е многу повеќе, но истовремено и доста напорно. Во Виена, која е еден светски културен центар со голема културна и музичка историја, доаѓањето меѓу високите музички кругови, значи дека сте поминале долга борба за себедокажување.

Среќна е што Австрија е нејзина втора татковина во која твори и работи , а освен тоа и не е толку оддалечена од Македонија.

Елена Мисиркова дава и приватни часови по пијано. Освен тоа, со нејзиниот сопруг, кој е нејзин менаџер, постојано работи на воспоставување и одржување контакти со музичари, спонзори и продуцентски куќи. Во средина како Виена, контактите се мошне важен момент, бидејќи од нив зависат идните проекти и ангажмани.Нејзини спонзори се автомобилските компании "Јагуар" и "Масерати", а зад неа стои и светски познатата фирма за производство на пијано, "Фачиле Фациоли". Еден од најголемите куриозитети е тоа што нејзиното име е испишано на австриски патнички авион, име  на една Македонка како симболика за нејзиниот успех во уметноста.И не само тоа. На нејзините големи концерти и настапи, во разни концертни сали и замоци пред илјадната публика ја најавуваат како европски граѓанин и како уметник кој потекнува од Република Македонија. Тоа за неа е огромна сатисфакција. За своето  двојно државјанство и лојалност кон таа држава затоа што и овозможува да твори, Елена ќе рече:

“Мислам дека секој така би реагирал. Но моите корени се во Македонија, а тоа никогаш не го заборавам. Тоа е мошне битен момент и ако сака некој да ме присвои, не е можно, зашто мојот идентитет е поврзан со мојата свест. Ова е мојата татковина, овде се чувствувам пријатно, овде сум дома, од овде црпам сили за сите нешта што ми се случуваат надвор од нејзините граници. ”

Контактот со Македонија редовно го одржува,  има успешна соработката со македонските институции и фестивали .
За сите нејзини заслуги, Македонија скромно ќе и се оддолжи, доделувајќи и ја титулата за почесен амбасадор во Виена, која по одлука на Владата на Р. Македонија се дава на познати македонски уметници за истакнат придонес во афирмацијата на македонската култура во светот.

„Со доделувањето на оваа титула, на нашите уметници им се оддолжуваме за нивната досегашна, но и понатамошна афирмација на Македонија во светот“, рече премиерот Груевски.

 

Летка Димовска Полизова