Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Иво Трајков

Иво Трајков
"Патот на Јозеф" е новиот филм на Иво Трајков

Во Прага и во нејзината околина, Чешка, летово и на почетокот на есента Иво Трајков го сними својот нов филм „Патот на Јозеф“. Сценариото е базирано на расказот „Ангел чувар“ од Божена Немицова.
Во текстот за синопсисот Трајков пишува: „Веруваш во судбина или не? Постои ли случајност? Умееш ли да ги прочиташ знаците што те среќаваат во животот? Дали вреди да си трпелив? “
Во филмот играат чешките актери Давид Швехлик, Карел Зима, и Магда Сидонова, како и сопругата на Трајков Верица Недеска.
Сценаристи се Иван Арсењев и Јан Стехлиќ, снимател е Клаус Фуксјагер. Снимен е филм за филмот, кој го реализираше Атанас Георгиев.
„Патот на Јозеф“ е снимен со мал буџет, но на 35 милиметри, и сега е во постпродукција во Чешка каде Трајков е зафатен и со своите обврски на Академијата за филм на која е шеф на Катедрата за монтажа и главен на ФАМУ интернешенел, отсекот за странци на Академијата.

М.За.
Преземено од „Вест“
Подготвила
Виолета Шиндил