Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Михаило Трендафиловски

Композитор и виолинист

Михаило Трендафиловски е роден во Македонија 1974 година. Тој и припаѓа на онаа гернерација на музичари , која својата иднина и кариера ја гледа надвор од границите на својата родна земја. Ја избира музиката, како значаен дел од уметноста , дава голем придонес за афирмација на македонската култура и уметност во регионот и поширико, а со тоа и во промовирањето на нашата земја, како држава во која живеат голем број на надарени музички уметници.
Како надарен музичар станува стипендист на Државниот универзитет во Мичиген САД а потоа и на Кралскиот колеџ за музика во Лондон, каде завршил магистерски и докторски студии.
Македонскиот композитор и виолинист Михаило Трендафиловски го започнал своето музичко образование во родната земја , пред да се пресели во САД, каде што потоа дипломирал виолина на Државниот универзитет во Мичиген. Паралелно со виолината , тој започнал со земање часови по композиција, додека прекувремено се занимавал со компонирање, кое што станало негов нов центар на музичко изразување.
Добитник е на многу значајни меѓународни и домашни награди од кои ќе ги извоиме само наградата за композиција на Обединетите музички издавачи ( РЦМ.2001), стипендијата Чевенинг на Британската Влада (2002) и наградата Панче Пешев за најдобро премиерно изведено дело (ДММ 2006). Неговата музика е промовирана за нова музика, а е изведувана во Велика Британија , Македонија, Америка и Јапонија.
Место на постојано живеење го избрал Лондон и предавал на Кралскиот Колеџ. Како виолинист има настапувано низ Европа и Америка и е особено активен во изведба на современа музика. Од 2006 настапува со гудачкиот квартет Кројцер, со кого има реализирано снимки за издавачот Наџос и Тоццата Цлассицс.

Летка Димовска Полизова