Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Ѓорѓе Јованов

Станика и Ѓорѓе Јованови се иселија од Македонија пред девет години во градот Минто и ја основале фармацевтската фирма „LIPA FARMACEUTICAL“ и тие веројатно добро знаат зошто Австралија е позната како „среќна земја“.

Во 1989 година тие се доселиле како квалификувани хемичари и во 1995 година ја основале својата фирма, а нивната најскорешна одлука да излезат на берзата би можела да им донесе 54 милиони долари од половината фирма, а ќе ја имаат контролата на другата половина што чини 67,25 милиони долари. Инаку, целата фирма моментално вреди 134,5 милиони долари.

Пропаѓањето на „PAN FARMACEUTICALS“ минатата година придонесе „LIPA“ да биде уште попривлечна за иневеститорите. Фирмата, чиј претседател ќе биде поранешниот партнер од КПМГ, Џон Харкнес, произведува таблети, капсули, течности, пудри и кремови за повеќе од 70 клиенти, меѓу кои се „Блекморс“ и „Нејчрс веј“.

Станика и Ѓорѓе имаат 30-годишно искуство во фармацијата, а нивната фирма „LIPA“ во моментов е една од оние со најголем растеж во индустријата за таблети во Австралија.

„Ова не е крај на приказната, туку само почеток на ново поглавје“ – вели Јованов. „Пред нас гледаме светла иднина и целосно ќе ги развиеме нашите потенцијали.“