Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници политичари

Тим Гуглејн


Тим Гуглејн е можеби непознат за македонската јавност, но затоа пак е мошне експониран во американскиот политички живот, особено како асистент на претседателот на САД, г-нот Џорџ Буш и одговорен во Секторот за односи со јавноста во Белата куќа.
Тој е веќе трета генерација во Америка на македонски доселеници. Неговиот дедо во далечната 1916 година емигрирал од Македонија.
Тим дипломирал на престижниот Универзитет за новинарство во Индијана. Уште како 12-годишно момче покажувал афинитети кон новинарството и од тие причини почнал како водител на радио емисија за млади што се емитувала еднаш неделно во сабота на мрежата ЦБС во Форт Вејн. За време на средношколските денови  Гуглејн води сопствена емисија на најголемата АМ станица во земјата. Кога се запишал на Индијана Универзитетот, тој продолжил со програмата се до 1993 година, кога започнал да работи во Сенатот. На сето ова му претходела неговата ангажираност во кампањата на Буш за претседателските избори.



Седум години по дипломирањето (1986) неговата кариера постојано ја следи нагорна линија, за да стигне до сегашната етаблирана позиција во кабинетот на претседателот и Белата куќа.



Инаку, во приватниот живот тој е веќе 10 години среќно оженет со Џени, која 1989 година дипломирала хемија на Универзитетот Индијана и имаат два сина Тими (6) и Паули (3). Комплетно исполнет како личност се чувствува во заедничките мигови со семејството по видно напорниот работен ден.