Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници политичари

Луи Темелковски

Луи Темелковски првпат беше избран за член на Парламентот во 2004 година како претставник на новосоздадената околија Оак Риџиз-Маркам. За втор мандат беше реизбран на 23 јануари 2006 година.

Неговот семејство имигрирало во Канада во доцните 60-ти години, кога Луи имал само 13 години. Никој од семејството не говорел ниеден од официјалните јазици, но неговите родители станале вредни канадски работници чија единствена цел била да им дадат на своите деца можност за успех во новата татковина. Луи е првиот член на Парламент од македонско потекло.


Луи дипломрал филозофија на Универзитетот МекМастер. Потоа изградил успешна кариера на полето на финансиските услуги. Почнал да работи со Freedom 55 Financial во 1984 година како советник за продажба и напредувал до позиција Директор за развој. Бил член на Трговскиот Совет на Маркам.

Мултикултурните гледишта на Пјер Трудо му беа инспирација на Луи. Тој многу верува во канадскиот мозаик и работеше како претседавач на Торонто Караван Фестивалот. Исто така има активна улога и во црковната заедница, каде беше претседател на основачкиот одбор.

Луи работел и во Владата на Онтарио, во Советот за мултикутурализам и државјанство. Во 2002 година за своите значителни придонеси во подобрување на општеството, тој беше одликуван со Златен Јубилеен Медал од Кралицата. Течно говори италијански, македонски и англиски јазик. Следна лингвистичка цел му е да го подобри францускиот јазик.

Иако 38 состав на Парламентот траеше само 17 месеци, Луи беше многу активен. Тој беше ко-претседавач на Постојаниот Заеднички Комитет на Парламентарната Библиотека; член на Постојаниот Комитет за Државјанство и Имиграција; ја востанови Канада-Македонија Интерпарламентарната Група на Пријателство; тој е претседавач на Канадско-Ерменската Парламентарна Група и претседавач на Канадско-Филипинската Група на Пријателство.

До сега, во 39 состав на Парламентот Луи работи како дописен рецензент за Јавни Работи и Услуги на Владата. Исто така, тој е заменик претседавач на Постојаниот Комитет за Меѓународна Трговија. Тој се радува на продолжувањето на работата во Парламентот и Групите на Пријателство.

Луи е женет со Лорета, помошник наставник во средното училиште Brother Andre. Имаат четири деца: Александар, Тања, Сандра и Кристијан. Неговото семејство живее во Маркам од 1983 година.