Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници политичари

Лиана Думитреску (In Memoriam)

Лиана Думитреску е пратеник во Комората на пратеници (Долен дом) во парламентот на Романија, со мандат од четири години – почеток на мандатот од 17 декември 2004 година. Думитреску е претседател на парламентарната група за Пријателство со Република Македонија, а секретар на парламентарната група на Националните малцинства. Инаку, во Романија постојат вкупно 85 парламентарни групи за пријателство со странски земји, вклучувајќи ја и парламентарната група за УНЕСКО.
Лиана Думитреску е потпретседател на Друштвото на Македонците во Романија и ги нагласува своите македонски корени. Според нејзини податоци во Романија живеат меѓу 10 и 15 000 Македонци, коишто во најголем дел живеат во Крајова (и неговата околија), Хунедора, Констанца и Галац. Македонците во Романија се доселени како печалбари меѓу двете светски војни. 
 

 

Со цел подобро запознавање на јавноста во Романија со Република Македонија, Думитреску се залага за реализација на неколку нејзини идеи:
- музеј просторија за Република Македонија во Букурешт
- курс по македонски јазик
- изготвување и печатење на романско-македонски прирачник и други неопходни учебници за изучување на македонскиот јазик во Романија.

Според Думитреску, во романскиот Парламент, покрај неа, има уште двајца Македонци кои се подготвени за соработка. Таа се залага за средба меѓу парламентарните групи за соработка меѓу двете земји, пришто изразува подготвеност да иницира средби и да учествува во промовирањето на Македонија на економски план.
Присуствувала на заседанието на СМК (Светски македонски конгрес) затоа што да ги одбие, но подоцна се покајала за присуството бидејќи презентираното наликувало на конгрес од минатото. Исто така не дала согласност за вклучување на Друштвото на Македонците од Романија во СКМ, а ќе го преиспитала признанието Сенатор, доделено од СКМ. Инаку, нејзиното мислење е дека е потребна таква семакедонска организација, но во неа да членуваат и да ја раководат посериозни луѓе.
Учествувала на Семинарот за македонски јазик во Охрид, пред околу три години, поточно август 2005. Дојдена била во Охрид со група од педесетина деца од Романија, придружувани од нивните воспитувачи, пришто зеле учество на летната школа по македонски јазик организирана од „Сојузот за грижи и воспитување на деца на град Скопје“ (Амбасадата на Република Македонија во Букурешт им издаде бесплатни визи).
Во февруари 2006 година учествувала на Дионисовите чествувања во организација на Културниот центар театар „Скрб и утеха“, додека пак истата година во август повторно била во посета на Македонија со група деца од Романија.