Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

Владимир Коловски

Македонецот Владимир Коловски работи како научноистражувачки инженер во Огасlе, која според вкупната профитабилност важи за втора софтверска компанија во светот, веднаш зад Microsoft. Коловски е специјалист за вештачка интелигенција, со завршен докторат по информатика на универзитетот во Мериленд, САД. Во својот докторат тој ги истражи можностите за создавање поинтелигентна верзија на Web-от, проблем на кој работат стручњаци од различни универзитети од светот.

Со своите 26 години охриѓанецот Владимир Коловски важи за еден од најуспешните млади стручњаци за вештачка интелигенција во светски познатата софтверска компанија Oracle. Докторатот на полето на Semantic web, кое треба да претставува поинтелигентна верзија на сегашниот WEB, тој го заврши за рекордни 4 години, на универзитетот во Мериленд, САД, под менторство на професорот Џејмс Хендлер, кој важи за водечки светски експерт во Semantic web технологии. За тоа колку е важен неговиот истражувачки труд зборува и фактот што тој е дел од еден голем научен проект, координиран меѓу различни универзитети од целиот свет, за пронаоѓање начини WEB-от да стане попаметен и уште покорисен за луѓето. Дека е исклучителен талент за математика Владимир покажувал уште на детска возраст кога почнал да ниже успеси на државните натпревари по математика, а веќе како средношколец, по освојувањето на неколку златни медали на државните олимпијади по информатика, си обезбеди место во тимот што ја претставуваше Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ) во Турција во 1999 година и во Кина, 2000 година.

- Интернационалната олимпијада по информатика е врвен светски собир на средношколци од 200 земји, каде што се тестираат умеењата за решавање проблеми и 6рзо имплементирање на тие решенија во програмски јазик. Благодарение на добрите подготовки, кои беа водени од Институтот за информатика на Природно-математичкиот факултет во Скопје, под раководство на професорот Марјан Гушев имав многу добри резултати во овие натпревари и тие ми ги отворија вратите за студии на Американскиот универзитет во Бугарија (АУБГ), кои ми беа целосно покриени со стипендија од Институтот за отворено општество -Сорос. Одлуката да одам на АУБГ беше мотивирана од фактот што тој факултет е еден од најдобрите во регионот, каде што покрај научнотехнички курсеви се нуди и целосно образование во американски стил. Во АУБГ дипломирав со summa cum laude по математика и информатика (double major) и бев ј прогласен за првенец на генерацијата на Универзитетот.

Со професионалното усовршување продолжи во САД каде ги има најдобрите светски истражувачки образовни центри, особено за информатика и инженерство. Универзитетот во Мериленд на којшто се запиша, е меѓу топ-12 универзитети во САД за докторски студии по информатика (компјутерски науки). За насоката вештачка интелигенција, универзитетот во Мериленд е меѓу првите 10 во Америка. Во Мериленд помина 4 години.
Користејќи ги професионалните контактите што ги прави во САД, во иднина сака да отвори фирма во Македонија, која ќе разработува софтверски проекти за странство.

Гордана Колевска
(превземено од „Теа Модерна“)

Подготвил: З.А.