Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

Др. Нада Станојевиќ

Др. Нада Станојевиќ живее во Панчево и работи на Интерното одделение во Општата болница како интернист – гастроентеролог.
Нејзината животна приказна не се вклопува во бројните стории на граѓаните од македонско потекло, кои инаку се на второ место по бројноста, после српското мнозинско население во Општина Панчево, бидејќи таа во рамна Војводина е дојдена многу подоцна. Пресудно да го напушти Скопје, каде што ја поминала младоста е студентската љубов, која прераснала во брак, а круна на сето тоа се ќерката Марија и синот Раде.
Носталгијата, како и многумина кои ја напуштиле родната Македонија, одамна ја победила, но сепак се враќа во родното Кавадарци, познато по извонредното грозје и вино, а посебно на Скопје, каде што живеела до 1979 година. Кога имала само четири години се преселиле во Скопје, каде завршила основно и средно училиште, а потоа и Медицински факултет. Била апсолвент кога се омажила и отшла да живее во Панчево. Патувала за да ги полага испитите. Откако дипломирала, првото работно место и било во Панчево како стажистка. Извесен период работела и во Службата за итна помош, како и во Јабука. Повеќе од две децении се грижи за пациентите на Интерното одделение, се разбира по успешно завршената четиригодишна специјализација на интерна медицина. Во 1993 ја одбранила субспецијализацијата и стекнала звање гастроентерохепатолог. Денеска се уште работи на Интерното одделение како ендоскописта во кабинетот за дигестивна ендоскопија и ултразвук на абдоменот. Редовно учествува во работата на гастроетеролошките секции кои се организираат во рамките на европските и други конгреси. Годинава ќе учествува на конгрес во Лондон.
Контактите со колегите од Македонија се се почести и се среќаваат на разни симпозиуми, каде остварува средби и со нејзините професори од Медицинскиот факултет во Скопје. Др. Нада Станојевиќ освен професионално, одржува и приватни контакти со роднините и пријателите во родниот крај, каде што живеат нејзините браќа Митко и Коле Шелеви со семејствата. Секоја средба со нив, за неа е вистинска веселба.

Лилјана Лазареска
(преземено од „Македонска виделина“)

Подготвила:
Д. Ангелова