Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати професионалци од Македонија

Јасна Богдановска - Најдовска

Арт директор во Рочестер

Јасна Богдановска - Најдовска е една од многубројните македонски иселеници кои ја напуштија Македонија - откако ја почнаа својата американска кариера.
Откако заврши средно образование во скопската гимназија ,, Корчагин,, замина во САД.
Своите почетоци како фотограф и арт-директор ги има направено во САД, за време на студиите по рекламна фотографија на Рочестерскиот институт за технологија, а и потоа , во текот на магистарските студии по фотографија на истата образовна институција.
После завршувањето на магистратурата таа се врати во Македонија каде што работела на рекламната Агенција Индиго , а потоа и во одделот за односи со јавност во Т-мобиле.
Во 2002 година во Музејот на град Скопје имаше изложбата Трилогија идентитет , во која се престави со три различни видувања на идентитетот.
Исто така имаше неколку изложби и во Америка, а сега со своите фотографии се претставува на групната изложба во Рочестер.
Сега предава фотoграфија и дизајн во една школа во Центарот за уметности и едукација во Рочестер, на ученици од различни возрасти.
За американската адвертајзинг сцена има реализирано поголем број рекламни проекти за банки, трговски центри, за големите фирми Кодак и Ксерокс.
Како арт-директор се ангажирала на изработката на обвивката на цедето на групата <D DRIVE<
Има реализирано и ТВ-реклама за еден голем трговски центар во Рочестер, потоа билборди за рекламна кампања за една фирма што произведува еркондишни во Рочестер.Меѓу актуелните ангажмани се и рекламите за фирмата Vhirl vind,којашто произведува концертна техничка опрема.
Сега работи на рекламната кампања за една компанија којашто се вбројува во 500-те најмоќни компании според списанието Фортуне.


Гордана Колевска
(превземено од ТЕА МОДЕРНА)
Подготвила:Мирвете Халил