Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Жан Митрев

Академик д-р Жан Митрев

„Сништата ги сонуваме, независно од нашите желби, од нашата волја.
Вистинскиот сон, се случува во нашата потсвест.
Од нас зависи дали ќе го спознаеме и дали ќе го прифатиме за да го реализираме.
Јас прифатив, мојот сон да го остварам.
Знаев само едно, кога се прави нешто искрено, со љубов и од срце, тогаш и Бог помага.
Беше тешко и невозможно да се почне од ништо, но сонот стана реалност.
Врвна клиника, прекрасна екипа и илијадници извршени операции.
Макотрпен труд и работа, испреплетени со моменти на возвишеност и горчина.
Јас сум горд што мојата клиника го носи името „Филип Втори” и што сето тоа ми се случува во Македонија.”

Академик Д-р.Жан Митрев

Академик Д-р.Жан Митрев е роден на 11.01.1961 година во Штип, Македонија. Своето основно и средно образование ги има завршено во родниот град, а веќе во 1979 година се запишува на студии на Медицинскиот Универзитет “Кирил и Методиј” во Скопје.

Во период од 1988-1990 година специјализира и асистира на Клиниката за Кардиохирургија “РЕБРО” на Медицинскиот Универзитет во Загреб, каде и ги завршува постдипломски студии.

Својот пат го продолжува од Загреб во Франкфурт каде што две години работи како асистент и научен асистент на Клиниката за торакална и Кардиоваскуларна хирургија Јохан Волфганг Гете Универзитет, Франкфурт Германија.

Во период од 01.1993 - 09.1993 година работи како Асистент на Клиниката за Кардиохирургија во Лудвигсхафен, Германија , понатаму во период од 10.1993 - 09.1994 година работи како Асистент на Клиниката за Кардиоваскуларна хирургија, Медицински Универзитет, Цирих, Швајцарија.

Во период од 10.1994 - 06.1997 година работи како Самостоен хирург (Оберарзт) на Клиниката за кардиоваскуларна хирургија во Херцентрум, Франкфурт/М., Германѕ, за да потоа две години работи како Шеф на оддел на Клиниката за Торакална и кардиоваскуларна хирургија на Јохан Волфганг Гете Универзитет, Франкфурт/М.,Германија.

Крајот на 1999-та година се враќа во Македонија и работи како директор на Кардиогирургијата при ЦВЗУ.

На крајот на 2001-та година се здобива со потврда од Европскиот борд на Здружението за кардиоваскуларни хирурзи со која му се признава стручната субспецијалистичка дејност како кардиоваскуларен хирург (FETSC, Fellow of the Europian Bord of thoracic and cardiovascular surgeons) 2002 година станува Директор на Специјалната болница по Кардиохирургија ФИЛИП ВТОРИ во Скопје, Македонија.

Истата година Др.Жан Митрев е примен и промовиран во Академик во светската академија за наука Платон.

Дел од добиените награди и признанија:

05.2002 Менаџер на годината од страна на Центарот за развој на кадри од областа на менаџментот(МОТИВА)

27.08.2003 Благодарница и статуетка за хуманист на годината - доделена во чест на роденденот на големата хуманистка и нобеловка Мајка Тереза.

07.11.2003 Награда за интернационален научник на годината од страна на International Biographic Centre Cambrigde England

21.11.2003 Награда „MAN OF THE YEAR“ 2003 ABI-American Biographical Institute,Inc

22.03.2004 Награда Da Vinci Diamond-International Biographical Centre Cambrigde England


05.05.2005 Награда ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН НАУЧНИК НА ГОДИНАТА од страна на International Biographical Centre Cambrigde England


01.10.2005 Награда 2000 најистакнати научници на 21-от век, International Biographical Centre Cambrigde England


27.12.2005 Признание за особени резултати постигнати во полето на кардиохирургијата на манифестацијата „Светот на успехот” 2005

Досегашните награди и признанија на Академик Др.Жан Митрев се само еден дел кој ја потврдува неговата работа и успешност на секое ниво. Во иднина има планови да ја прошири дејноста, да го одбрани својот докторат кој е поднесен 2001-та година, а одобрен минатата година.

Исто така планира развој и усовршување на научната дејност, континуирано следење и активно учество на научни конгреси и едукативни собири.

За сите дополнителни новости, настани и случувања коишто се поврзани со Академик Др.Жан Митрев и кардиохирургијата во Македонија можете да се информирате на www.cardiosurgery.com.mk

 

Подготвила: Д. А.