Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Маноил (Мане) Јаковлески

Маноил (Мане) Јаковлески е роден на 1 февруари 1951 година во гостиварското село Зубовце, Република Македонија. На 18-годишна возраст, поточно 1969 година, заминува за Берлин каде што работи во ресторанот „Ново Скопје“ и неколкупати го раководел сам или со партнер. Од 80-тите го раководел самостојно.

Во 2002 година се вратил во Македонија и оттогаш живее на две локации – родното Зубовце и Скопје. По враќањето во татковината отвара ресторан „Ново Скопје-Берлин“ и заклучува дека угостителството повеќе не го исполнува и одлучува заедно со синот Самоил да формира фарма за одгледување на ноеви и кози. Инаку, фармата е составена од четири дрвени бараки, ѕидан објект во кој се наоѓа инкубатор, просторија за постинкубаторски третман за ноевите, простор за престој на стотина ноја стари до два месеца и други придружни објекти. По 15 месеци ќе биде направена селекција и ќе бидат формирани првите семејства со ноеви, кои ќе носат јајца. Преостанатите ноеви ќе се гојат за производство на месо. Првите финансиски резултати од фармата ги очекува в година, кога ќе отпочне продажбата на пилиња, месо и кожа, што се особено привлечни на пазарите во странство. Имаат и своја веб страница www.noevi.com.mk  на која заинтересираните можат да добијат повеќе информации од оваа интересна област.

Фармата што ја поседува опфаќа околу 4 000 метри квадратни и меѓу другите придобивки му помогна да го пронајде својот мир опкружен со прекрасна природа, а всушност тоа е она што му недостасуваше во Берлин. Во меѓувреме, со бизнис партнер формира консалтинг фирма за привлекување странски инвестиции, која се концентрира и на нашите во иселеништво www.stater.com.mk Негова препорака е дека доколку се одлучат нашите сограѓани да се повлечат во помирен живот и да отпочнат свој бизнис, сега се вистинските услови за реализирање.

 

 

 

Подготвилe: Дора Ангелова
и Ацо Павлоски