Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Коста Георгиевски

Компанија за почит 

Една од поголемите градежни фирми во македонската заедница во

поголемите градежни фирми во македонската заедница во
Сиднеј, е компанијата Georgievski Bros Pty Ltd, која работи  со бетонски дејности-ниска градба и ископување со машини

Georgievski Bros Pty Ltd е фамилијарна компанија, која е формирана во 1989 год. во Сиднеј,Австралија, од  браќата  Коста и Николај  со потекло од Скопје, Македонија. Во 1997год. Николај заминува од оваа компанија, а на негово место доаѓа Марика, сопруга на Коста. Така здружени и со јасна визија, управувана од овој млад брачен пар, компанијата прераснува во една од престижните градежни фирми во Сиднеј. Уште позначајно и за почит е тоа што  токму тука,  голем  број наши сонародници си го решија своето егзистенционално и духовно опстојување во Австралија.

И не само тоа, за името на Коста и Марика Георгиевски тесно е поврзана  хуманитарната и културно-образовна партиципација. Од почетокот на самото формирање па до денес, соработувајќи  со Македонците од Сиднеј  и Македонската заедница, тие стануваат водечки брачен пар како  спонзори  на многу спортски клубови ( Сиднеј Македонија), културни клубови и здруженија ( театарот Bumerang од New Castle), покровители на манифестацијата “ 100 години од  Илинден” во   Opera House), помагатели на  македонски етнички саботни училишта, македонски радио станици, како и хуманитарни донации.

Натпреварите  во голф,  наречен  како ден за дружење, под покровителство на  Georgievski Bros Pty Ltd, прераснаа во  традиционални. Пет години по ред, на тој ден, на прекрасните голф-терени во Сиднеј ќе  сретнете наши истакнати бизнис личности, културни работници, спортисти, а во последно време и нашите дипломати од Канбера                     ( амбасадорот В.Габер со неговата сопруга). Но, најзначајно  е тоа што  токму тука, неизоставно, секогаш ќе ја сретнете срдечната,  полна со љубов, насмевка на Организаторот.

Летка Димовска Полизова