Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Стево Тирицовски

Стево Тирицовски речиси четири децении живее и работи во австрилиската метропола Сиднеј. За првпат инвестирал во Македонија пред осум години, а оттогаш живее и работи на релацијата Сиднеј – Скопје и 50 пати ја прелетал таа дестинација. Со него средбата ја остваривме пред тргнување за петтиот континент.

Роден во прекрасното село Брусник, Битолско, веќе на шеснаесетгодишна возраст (1967) ја напушта татковината и заминува за Шведска, поточно во Гетеборг. По една година престој решава да отпатува кај својот татко во Сиднеј, каде што се вработува како градежен техничар и го формира своето семејство. Во струката работи 23 години, а од 1991 година го заснова сопствениот семеен бизнис, компанијата R&V AND SONS PTA, со претставништва во Америка, Англија, Африка и соработка со „Марко Поло“ за увоз, како и со многу други соодветни компании. Како голем активист на Македонската заедница во Нов Јужен Велс се истакнува на повеќе полиња – во Македонската православна црковна општина „Света Петка“ во Рокдаел, во образовниот процес околу воведување на настава на македонски јазик во Сиднеј, придонес во културното живеење...

За овие осум години има инвестирано во повеќе проекти во Република Македонија, а најнов е хотелот „Аристократ Палас“ во скопската населба Капиштец изграден минатата година.

На површина од 1100 метри кавадратни, со светски комфор во секој апартман опремен со сателитска и кабелска ТВ мрежа, интернет, хотелот располага и со сервис за лимузини, сопствен паркинг – со еден збор, врвна услуга со капацитет за 40 гости.

Инаку, ова е само најнова инвестиција на нашиот соговорник Стево Тирицовски, кој има во план и други проекти за реализација за во иднина.

 

Добредојде им посакува на сите нашинци во прекрасниот хотел „Аристократ Палас“ и преку интернет презентацијата на адреса www.aristocratpalace.com.mk

 

 

 

Подготвила:

Дора Ангелова