Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Наташа и Џоко Атанасови

Брачниот пар Наташа и Џоко Атанасови, по подолго време поминато во Финска, решиле да се вратат во родната Македонија, односно Струмица и да инвестираат во сопствена фирма, со ланец продавници за бела техника и малопродажба.

          Нивната фирма е приватна со сто отсто сопствен капитал формирана во 1997 година во Финска (матична компанија). Во 2004 година решиле да ја прошират дејноста и во Македонија, кога и е формирана мешовитата фирма РЕСТЕЛ ЛТД.ДОО. Засега нашата компанија се занимава со увоз и продажба на големо и мало на мотори и скутери од Кина (како и др. земји), увоз на високо квалитетна гардероба од Грција, Италија, потоа трговија со аудио и видео опрема, бела техника ....

Ние сме обврзани да продаваме квалитетни производи според барањата на купувачите, со конкурентни цени и навремено доставување за максимално задоволување на купувачот. Наши основни приоритети се задоволни купувачи и стандарден квалитет. Покрај тоа, ние нудиме сигурна гаранција и добри услуги после продажбата, кои не прават најдобри дистрибутери во оваа линија.

          За информации и контакт на веб страницата www.gama-store.com

 

 

 

Подготвила: Дора Ангелова