Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Благоја Сотировски

Благоја Сотировски, инаку по потекло стар Скопјанец, по завршувањето на Шумарскиот факултет во Скопје, во далечната 1969 година заминува за Вашингтон, каде што останува три години. Во 1972 повторно се враќа во родниот град и цели тринаесет години работи во „Паркови и зеленило“, за повторно 1985 да замине за Вашингтон. За време на петгодишниот престој тој создаде прекрасни градини и паркови на бројни видни луѓе во САД: Роберт Кенеди, Едвард Кенеди, Џин Кикпатрик (поранешен амбасадор на САД во ОН), Гилберт Гросвенор (директор на Nacional Geographic), Чарлс Перси (поранешен сенатор), генерал Александар Хајг (државен секретар на САД), сенаторот Алан Диксон, адмирал Бери Блек, Мозес Малоун (поранешен играч на НБА), Реј Леонард (шампион во бокс) и многу други.

 

По враќањето од САД, Сотировски својата работа ја продолжи во „ХОРТИ ЕКСПЕРТ МК“, заедно со својот партнер и следбеник Мите Филков, кој покрај тоа што е дипл. пејсажен архитект, завршува и Шумарски факултет.

          Повеќе од десет години, „ХОРТИ ЕКСПЕРТ МК“ изработува и изведува проекти за хортикултурно уредување на приватни објекти за живеење, резиденцијални објекти, работни простори и јавни парковски површини. Нивниот успех, меѓудругото, се темели врз внимателниот избор на висококвалитетни и ретки видови растенија, набавени од странство, претежно од контејнерско производство.

 Од 1998 година „ХОРТИ ЕКСПЕРТ МК“ е официјален застапник за Македонија на реномираната компанија од оваа област „VIVAI SANDRO BRUSCHI“. Компанијата „VIVAI SANDRO BRUSCHI“ е водечка фирма во Италија и една од поголемите во Европа за производство и дистрибуција на саден материјал, со вкупна производствено-продажна површина од 140 хектари.

          Прекрасната градина лоцирана спроти хотелот „Александар Палас“ во близина на Градскиот парк се простира на околу 10.000 метри квадратни и инвестицијата ќе чини близу половина милион евра. Воедно, таа ќе претставува подарок за граѓаните на Скопје. Во јуни ќе бидат пуштени за посетители (слободен влез) бонсаи павиљонот (изложбен простор), три вида јапонски паркови, павиљон за едукација од областа на хортикултурата, изложбен простор на саден материјал за рамни и стрмни површини, како и дел каде ќе бидат застапени атрактивни јапонски риби.

          Во градината ќе има збирка од над 400 примероци, меѓу кои и македонското дрвце buxus sempervirens vardar valley, старо повеќе од 230 години и со непроценлива вредност. Сите се дел од збирката бонсаи на Благоја Сотировски – Џагуре и на Јово Лучиќ, кои почнале да ја собираат од 1972 година.

          Директорот на „Бруски интернационал“, Мите Филков, објасни дека досега е направено околу 90 отсто од замисленото во градината, која ќе биде единствена на Балканот, а целата колекција растенија вреди околу еден милион евра, поради што ќе биде постојано под чуварски надзор. Ќе настојуваат градината да влезе и како туристичка атракција во водичот за град Скопје. Сите бонсаи дрвца што се изложени потекнуваат од Македонија, од височините на Караџица, Бистра, Галичица и од Кожуф, како и од клисурата Демир Капија. Зиме дрвцата ќе се носат во стакларник, за да се заштитат од студ.

          Сите заинтересирани можат да дознаат повеќе на нивната веб страница www.hortiexpert.com.mk и на контакт телефонот 02/3078 721 begin_of_the_skype_highlighting              02/3078 721      end_of_the_skype_highlighting

 

Подготвила: Дора Ангелова