Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Славчо Соколовски

Славчо Соколовски е Македонец кој живее и работи во Бостон, САД, веќе десетина години. До 2000 во Македонија работел како виш конзерватор на фрески и мурали во тогашниот Републички завод за заштита на културни споменици во Скопје. 1986 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. 1996 година следи курс за конзервација на историски згради на Њујоршкиот Универзитет.

Има реализирано изложби во неколку градови на поранешна Југославија, а голем број на негови дела се дел од јавни и приватни збирки на повеќе колекцинери. Самостојни изложби имал во Рим, Нирнберг, Дрезден, Берлин, Лондон, Париз, Санкт Петерсбург како и во Бостон, Њујорк и Вашингтон.
По пристигнувањето во Бостон почнува да работи во Музејот за фини уметности, во Американскиот историски музеј за текстил, на Харвард Универзитетот, Уметничкиот Совет на Кембриџ, Асоцијацијата за конзервација на објекти како и за приватни клиенти.
Член е Американскиот конзерваторски институт.
Повеќе од дваесетина негови дела се застапени во приватни збирки на американски почитувачи на убавата уметност.
Добитник е на голем број меѓународни награди. Последната е за инсталација и перформанс, заеднички проект со неговата сопруга Ненси Адамс.
Предизвикот за педагошка работа Славчо Соколовски го остварува со отварање на работилница во прекрасниот Bates Arta Center во Boston’s South End.