Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Истакнати иселеници бизнисмени од Македонија

Марија Росенгрен


Марија Росенгрен во Шведска веќе 11 години води многу успешен бизнис за хигиена во производството на прехранбени и фармацевтски производи. Освен во Шведска, во последните години компанијата со којашто раководи високо котира и во Норвешка, а во 2005 година поради високите резултати во работата е прогласена за менаџерка на годината во Шведска.


Неодамна, Марија Росенгрен, која има македонско потекло, доби уште едно признание за својата професионална успешност – од скопската  агенција „Марили“ таа е прогласена за една од десетте најуспешни менаџерки од Македонија и дијаспората.

Кога пред 32 години битолчанката Марија Цветкова заминала на гости кај својот брат во Шведска, не ни претпоставувала дека тоа патување целосно ќе и го промени животот. Штотуку завршената матурантка од тогашното битолско Стопанско училиште гостинскиот престој во Шведска сакала да го искористи да заработи нешто, па нашла работа во една фирма, а таму на работното место го запознала Швеѓанецот Тумас Росенгрен, се вљубиле еден во друг и решиле да се земат, вели Марија, сега генерален менаџер на компанијата „Hugienutveckling“, која се занимава со воспоставување на висококвалитетни системи за одржување на хигиена во прехранбената и фармацевтската индустрија. Компанијата што ја раководи има 350 вработени, а заедно со сопругот успеале да извршат пробив и во Норвешка. Во минатата година Марија остварила контакт со големата финска компанија „Lassila & Tikanoja“, која се занимава со истата дејност, и сопружниците Росенгрен ја прифатиле понудата да ги продадат акциите од својата фирма и таа да функционира како ќерка компанија на оваа голема компанија  којашто има развиен бизнис низ целиот Скандинавски Полуостров, како и во Литванија и Русија.

 Г. Колевска

Подготвила : Д.А