Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Иван Трпоски

БИОГРАФИЈА  ЗА  ИВАН  ТРПОСКИ                                   

Иван, е син на Науме и Љуба Трпоски и роден е на 21 Јуни 1942 год. во село Волино _ Охридско, Македонија.

Детството го минал во градежништво, во Кичево и Белград, а меѓувреме бил креатор во културно-забавниот живот на Волинци.

Иницијатор е за враќање на одземеното селско земјиште.

Се оженил за Нада Иваноска на 1 Јануари 1967 год. и ја имаат ќерката Билјана во 1976 год.

На 26 Август 1968 год. се збогува со Волино, Охридско-Струшкото поднебје и Македонија и, се доселува во Сиднеј, Австралија.

Работи во Стаклара и Слаткара по 4 години, а последниве 22 год. во државната железница на Нов Јужен Велс.

 

Од 1979 год. е член на Литературното друштво “Григор Прличев “ од Сиднеј, каде е член во Издавачкиот одбор на списанието “Повод” и е долгогодишен Библиотекар во Библиотеката “Г,Прличев”, прва од таков вид надвор од Македонија.

Дописник е на списанието “Македонија” од Матица на иселеници и во многу други списанија и весници во Австралија и Македонија.

Со своја поезија и реферати настапувал на многу собири, со кои го подгревал духот на Македонецот за да истрае на далечните простори.

Учествувал на манифестацијата “Млада Сруга” во 1979 год. а на Струшките вечери на поезија  во 1987 и 1995 год, каде учествувал со своја поезија на манифестацијата “Мостови”.

Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1988 год. и член е на Друштвото на новинарите од Македонија од 1995 год.

Со поезија е застапен во зборниците: “Видици” (Сиднеј - 1984), (Скопје _1988), “Наши патеки” (Мелбурн - 1986) и во  “Иселенички поетски меридијани” (Скопје - 1997), “Коти на копнеж и страст (Сиднеј – 2003), како и во антологиите: “Антологија на Македонската поезија” (Сиднеј - 1997), во Австралиската антологија “Лигаво огледало” (Бризбен - 1998) и во антологијата на 21 светски, поетски конгрес “ Отворени граници” (Сиднеј – 2001) трите на англиски јазик.

       Автор е на збирките поезија: “Површински корења”(Сиднеј - 1985), “Големиот брод” (Скопје - 1988), “Оковано море” (Сиднеј - 1988), “Преселба на запад” (Сиднеј -1990),  поемата “Тодорка” (Скопје -1995),  “Свитило” (Сиднеј - 1999), “Меѓу две огништа” (Охрид – 1999), “Немирни ветрови” (Сиднеј – 2004), “Љубовна имагинација” (Сиднеј – 2004), “Зад синиот бран” (Штип – 2008), на патописите: “ По патот на сонцето во Македонија” (Сиднеј - 2000) и “ Македонија - моја татковина” (Сиднеј - 2002). Исто така тој е автор на книгата “Македонските демонстрации во Австралија” (Струга – 2004) и на биографскиот запис “Спасе Трпоски - живот и дело” (Сиднеј – 2008).

Иван е еден е од иницијаторите за манифестацијата “Денови на Македонската култура” што се одржаа 1986, 1988 и 1991 год. во Австралија.

Членувал во одборот за дополнителна настава во училиштето “11Октомври” и  во Просветно Училишниот одбор за Нов Јужен Велс.

Членувал и во управата на КУД “Вардар” од Бенкстеон

Учесник е на многу протести, фестивали и манифестации каде се демонстрираше Македонија и Македонството.  

Иницијатор и председател е на “Охридско-Струшката асоцијација” на Н.Ј.В, која опстојуваше 13 години.

Иницијатор е за одржување на Волинските вечери во Волонгонг - Австралија и е соработник  при издавањето на Монографијата за село Волино - 1995 год.

 

Прибирал и испраќал помош за заболени и за изградба на културни и верски објекти во Австралија и Македонија.

Член бил и во одборот на Фондацијата за Македонски студии на Универзитетот “Маквори” во Сиднеј.

Наградуван е на многу конкурси за поезија и проза, но најзначајни се: наградата “Иселеничка грамота” - 1995 год. која ја доделува Матицата на иселениците од Македонија, за заслужен поет од дијаспората, а се доделува на Струшките Вечери на поезија, наградата од Интернационалната Библиотека во Квинзленд,за поезија, во 1998 год, наградата Македонско сонце за литература и култура во заедницата, од Одборот на Македонскиот телефонски именик на НЈВ во 2004 год, награда за општествена работа од Општината Кентербери (предградие на Сиднеј) во 2006 год, посебни награди и признанија од Комисијата за односи во заедницата на НЈВ за доброволна работа во 2006 и 2007 год, од Советот за Австралијанец на годината во 2008, од Општината Охрад за културни врски со татковината во 2008 год, признание од Општината Кентербери за културни остварувања е прогласен за почесен граѓанин за 2010 год,  и Државната награда на Нов Јужен Велс за општествени и хуманитарни работи во 2010 година.