Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Уметници од Македонија во светот

Јорде Петровски

Признание за Јорде Петровски

 

Градоначалникот на општината Рокдаел, Бил Саравиновски ништо не препушта на случајност, ги следи настаните во македонската заедница. Со години го следи успехот на Австралиско Македонски Драмски Театар - Сиднеј, а како резултат на тоа во петокот, на 1 јули 2011 во приемната сала на општината на директорот на АМДТ-Сиднеј, Јорде Петровски му предаде признание по повод 20 годишнината од неговото постоење.

АМДТ-Сиднеј е основан во 1991 од страна на Јорде Петровски, по потекло од Штип, а пр образование правник. Носител на драмската дејност на оваа аматерска група биле млади ентузијасти, љубители на театарската игра, кои изведувале разни скечеви за време на приредбите организирани од македонското културно друштво “Преспа” од Сиднеј.

Оваа група во 1994 год. прераснала во аматерски драмски ансамбл. Неговото членство го сочинуваат дваесетина актери на возраст рд 10-70 год. главно, родени во Австралија.

Првата претстава насловена “Денешни времиња” ја одржале во 1994 година, а автор односно режисер на оваа претстава е Јорде Петровски.

Во 1996 год. групата настапила на карневалот во Сиднеј, со драматизирана македонска традиционална свадба, во која биле зачувани сите свадбени обичаи.

Во 1997 год, театарот настапил со драмата “Бегалка” за прв пат изведена во Австралија, а исто така и со кратката драма Викенд гости”, која содржи комични елементи од секојдневниот живот на македонските иселеници  во Австралија.

На 20 февруари 1999 год. АМДТ-Сиднеј ја одржал премиерната претстава на драмата “Македоиска крвава свадба”, во режија на Јорде Петровски.

Во својот репертоар театарската група има и кратки драмски хумористички текстови, како на пример: “Телефонски разговори со стариот крај”, “Час по математика”, “Час по географија”, “Боне светски патник”, ”Рамче и доктор”, “Рамче во амбасада”, “Рамче фаќа врска за Австралија”, “Рамче во Сиднеј”, “Кате на Пазар”, “Карти за кино” (на мајчин дијалект), “Стојан и Стојанка” (на кумановски дијалект) и други во кои на хумористички начин се претставени разни случки сврзани со носталгијата на Македонците во Австралија.

Во 2003 година е успешно прикажана македонската драма со лирска тематика Антица во режија на Јорде Петровски  

Иако во последно време не се толку активни, да се надеваме дека театарската завеса не е спуштена засекогаш и дека во блиска иднина ќе не изненадат со некое драмско дело.

Митушев Кирил