Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Крис Пејков

Ски Центар Маврово

сопственост: Крис Пејков

тел: + 389 (0) 42 489 065

факс: + 389 (0) 42 489 066   

веб сајт: http://www.zarelaz.com e-mail: skimavrovo@bistra.com

Дејност: Tуризам

Ски Центарот Маврово (Заре Лазаревски) е во сопственост на г-дин Крис Пејков. Со негова инвестиција, ски центарот се разви во еден од најпознатите во Балканот. Ски Центарот е сместен на планината Бистра која е само на еден час возење од Скопје. Вкупната должина на единаесетте ски-лифтови и трите жичари изнесува 5.700 метри, со капацитет од 11.100 патници на час. Со ваква инфраструктура, можно е да се скија на висина од 1.255 до 1860 метри надморска височина. Патеките кои се подготвуваат со шест ратраци се соодветни за почетници, напредни скијачи, како и професионалци во категориите алпско и нордиско скијање. Должината на скијачките патеки под жичарите изнесува 5.000 метри, а должината на ски- лифтовите е 10.000 метри. Сите патеки под ски-лифтовите се осветлени и озвучени, така што скијањето е овозможено и навечер, помеѓу 19 и 24 часот.

Во склоп на Ски Центарот Маврово се наоѓаат и хотелите Бистра, Хотел Лоѓ и Хотел Спорт.