Бизнисмени - Научници - Спортисти - Иселеници инвеститори - Уметници - Политичари - Професионалци - Иселеници повратници

Иселеници инвеститори

Кузман Иванов

Кузман Иванов

Дизајн биро Скопје

ул. Благоја Давков 29

тел. 02 3225 686

Дејност: дрвна индустрија

Кузман Иванов долго време како машински инжинер работеше во фабриката Раде Кончар - Скопје, а во 1990 година решава да замине во Германија во местото Билефелд каде што се вработува во фабриката за обработка на машини за дрво Кохмашинен. Фабриката располага со капацитет за изработка на најсофистицирани машинипоединечно наменети за одреден производ, а произведуваат и линии за целосно заокружен процес до финалната обработка на дрвото.
По стекнатото искуство решава во 1998 година да се врати во Скопје и да отвори специјализирано биро за современ дизајн на канцелариски мебел, а подоцна и за производство на мебел за домаќинства по нарачка.
За таа цел купува современи машини и опрема за обработка на дрво, како што се автоматски пили, абрихтери, кантерици за обработка, на страните, машини за шиење и тапацирање и останат придружен алат. До сопствената куќа гради деловен простор од 200 метри квадратни. Целокупната инвестиција надминува над 200 000 евра.
Во план е воведување на сосема нов производ на македонскиот пазар, но тоа сеуште е во фаза на разработка и испитување на потребите од тој производ на домашниот и пазарите во соседните земји.